Одбрани места од преписката со пријателите
Одбрани места од преписката со пријателите — книга на рускиот писател Николај Гогољ од 1847 година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Во главата со наслов „Рускиот спахија“ Гогољ им дава совети на спахиите за подобрување на нивната економија. Притоа, тој вели: „Пред сè, собери ги селаните и објасни им што си ти а што се тие: дека ти не си спахија над нив затоа што сакаш да наредуваш и да бидеш спахија, туку затоа што ти веќе си спахија, што си се родил како спахија... тие, раѓајќи се под власт, треба да ѝ се покоруваат на истата таа власт под која се родиле, зашто нема власт која не би била од бога.“ Исто така, тој ги советува спахиите како да постапуваат кон непослушните селани кои треба да се искараат со зборовите: „Ах, ти, неизмиена муцко!“[1]
Осврт кон делото
[уреди | уреди извор]Ова дело претставува краен израз на длабоката идејна криза на Гогољ и неговото пропагирање на патријархално-реакционерните идеи, така што тоа предизвикало бура од негодувања, а дури и некои негови пријатели од реакционерните кругови на словенофилите ја сметале книгата за претерана. Во јануарскиот број на списанието „Современик“, познатиот руски критичар Белински објавил критика во која ја објаснил вистинската смисла на делото, а во едно приватно писмо тој напишал: „Статијата за гнасната Гогољева книга можеше да биде извонредно добра само да можев, затворајќи ги очите, да им се предадам на својот револт и на бесот.“ Гогољ бил незадоволен од критиката и му напишал писмо на Белински, кој му одговорил во познатото писмо од 15 јуни 1847 година, во кое вели дека „Да, јас ве сакав... и затоа, не може да молчи кога под покровителството на религијата... лагата и неморалот се проповедаат како вистина и доблест... И еве ги моите завршни зборови: вие ја имавте несреќата... да се одречете од своите вистински големи дела, а сега треба со искрена храброст да се одречете од последната своја книга и тешкиот грев на нејзиното издавање да го откупите со нови дела кои би потсетувале на вашите претходни дела.“[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]
|