Наводници
Изглед
„ “ | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводници („ “) се интерпункциски знак. (Тие не се употребуваат како правописен знак.)
Влезните наводници се пишуваат долу („) на почетокот, а излезните наводници се пишуваат горе (“) на крајот од исказот.
Употреба
[уреди | уреди извор]- во цитати, нечии искази што се претставуваат директно, онака како што се кажани или напишани; На пример тој рече: „Денес се чувствувам добро“.
„Денес, — рече тој — се чувствувам добро“.
- во искази што ги преземаме од друг, а ги кажуваме како сопствен исказ; На пример: Со мислата „колку сме, толку сме, токму сме“ јасно е прикажана моменталната ситуација кај нас.
- пред излезните наводници се пишува друг интерпункциски знак (точка, прашалник, извичник, три точки) во зависност од природата на исказот; На пример: Професорот извика: „Излегувајте надвор!“, и почна да ги турка учениците кон вратата.
- се пишуваат и зборовите употребени со преносно значење, во спротивна смисла, во иронија; На пример: Тој е многу „добар“. (лош) Таква беше „убавината“ на неговите зборови, горчлива, тешка, неподнослива. се изделуваат зборови што сакаме да ги нагласиме или изделиме; На пример: Негацијата „не“ се пишува одвоено од глаголите.
- се пишуваат наслови на книги, песни, раскази, весници, списанија; имиња на установи, претпријатија итн. На пример: Учениците од СГГУ „Здравко Цветковски“ не ја прочитаа книгата „Дон Кихот“ од Мигел де Сервантес, бидејќи ја немаа во програмата[1].
Не се пишуваат наводници
[уреди | уреди извор]- општопознати изрази и пословици употребени во текст; На пример: Рани куче да те лае, се вели во народната мудрост.
- при именувања на книги, наслови, весници и сл. кога се напишани на корицата, на плакати или на наслованата страница како титулар; На пример:
За матуранти
македонски јазик и литература
Билјана Богданоска
- кога ќе ги означиме на друг начин, со закосени, здебелени или подвлечени букви, насловите, и сите останати работи што ги ставаме во наводници. На пример: При подготовка на матурскиот испит, прирачникот За матуранти, многу ми помогна.
При подготовка на матурскиот испит, прирачникот За матуранти, многу ми помогна.
При подготовка на матурскиот испит, прирачникот За матуранти, многу ми помогна.
2. Во наводници
Правописно, ако реченицата завршува со точка, се пишува: наводници – па точка (“.); ако завршува со: прашалник, извичник, три точки; тогаш прво се пишуваат тие – па наводниците.(?!…“)
На пр.: Тој праша: „Ќе дојдете кај мене?“
Наводи
[уреди | уреди извор]
|
- ↑ „Наводници („ ") - Македонски јазик и литература“. Македонски јазик и литература. 2010-11-13. Посетено на 2018-11-30.