Михаел Шумахер
Кариера во Формула 1 | |
---|---|
Активни години | 1991–2006, 2010–2012 |
Тим | Џордан, Бенетон, Ферари, Мерцедес |
Трки | 308 (307 стартови) |
Освоени првенства | 7 1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004 |
Победи | 91 |
Подиуми | 155 |
Вкупно освоено поени | 1566 |
Пол позиции | 68 |
Најбрз круг | 77 |
Прва трка | Голема награда на Белгија 1991 |
Прва победа | Голема награда на Белгија 1992 |
Последна победа | Голема награда на Кина 2006 |
Последна трка | Голема награда на Бразил 2012 |
Пласман во 2012 | 13-то (49 бода) |
Михаел Шумахер (германски: Michael Schumacher; роден на 3 јануари 1969) — е пензиониран германски Формула Еден кој настапувал за тимовите на Џордан Град При, Бенетон и Ферари, каде што го поминал најголемиот дел од својата кариера, како и во Мерцедес Бенз на крајот на својата кариера. Познат по единаесет годишниот успех со Ферари, Шумахер е единаесет кратен Светски Шампион и е нашироко почитуван како еден од најдобрите Ф1 возачи на сите времиња. Тој држи многу од возачките рекорди на формула, како што се рекорди за најмногу првенства, тркачки победи, најбрзи кругови, пол позиции, бодови освоени и најмногу победи во една сезона – 13 во 2004. Во 2002 тој станал единствениот возач во историјата на Формула еден кој завршил во првите три места во секоја трка од сезоната и потоа го срушил рекордот за најмногу последователни завршувања на подиумот. Според официјалното мрежно место на Формула Еден тој е “статистички најдобриот возач кој спортот некогаш го видел“.
Откако започна да вози картинг, Шумахер ги освоил германските првенства во возење во Формула Куниг и Формула Три пред да им се придружил на Мерцедес во Светското првенство во спортски автомобилизам. После една трка спонзорирана од Мерцедес, за Формула Еден тимот на Џордан, Шумахер потпишал како возач за Формула Еден тимот Бенетон во 1991 година. По освојувањето на последователните првенства со Бенетон во сезоната 1994/5, во 1996 година Шумахер се префрлил во тимот на Ферари и со нив освоил нови пет последователни титули од 2000 до 2004 година. Шумахер се пензионирал од возење во Формула Еден во 2006 година, останувајќи во Ферари како советник.[1] Тој се согласил привремено да се врати во Ферари во 2009 година, како замена за тешко повредениот Фелипе Маса, но бил спречен во тоа поради повреда на вратот. Подоцна тој потпишал 3-годишен договор да вози за новиот Мерцедес ГП тим почнувајќи од 2010 година.
Неговата кариера не е без контроверзии, вклучувајќи ги и двата инциденти кога бил инволвиран во судири во последната трка од сезоната која го одредило исходот од светското првенство, со Дејмон Хил во Аделаида во 1994 година и со Жак Виленув во Херез во 1997 година.
Надвор од стазите, Шумахер е амбасадор на УНЕСКО и говорник за безбедноста на возачите. Тој е инволвиран во бројни хуманитарни акции низ целиот негов живот и има донирано десеттици милиони долари во хуманитарни цели. Михаил и неговиот помлад брат Ралф Шумахер се единствените браќа кои победиле на трки во Формула Еден, и тие биле првите браќа кои завршиле на прво и второ место во иста трка, во Монтреал 2001 година, и уште еднаш на истото место (но во обратен редослед) во 2003 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Шумахер е роден во Хурт, Северна Рајна – Вестфалија,[2] Западна Германија, од татко Ролф Шумахер, ѕидар, и неговата жена Елизабет. Кога Шумахер имал 4 години, неговиот татко го модифицирал неговиот квадрицикл додавајќи мал мотор. Кога Шумахер удрил во столб во Керпен, неговите родители го однеле на стаза за картинг во Керпен-Хорем, каде тој станал најмладиот член на картинг клубот. Неговиот татко набрзо му изградил картинг од отфрлени делови и на шестгодишна возраст Шумахер го освоил своето прво клупско првенство. За да го поддржува тркањето на синот, Ролф Шумахер започнал со втора работа изнајмувајќи и поправајќи картинзи, додека неговата жена работела во мензата во тркачката стаза. Без разлика, кога на Шумахер му требало нов мотор кој чинел 800 марки, неговите родители не можеле да си го дозволат, но Шумахер продолжил да се трка со поддршка на локалните стопанственици.[3]
Законите во Германија барале возачот да има најмалку 14 години за да може да добие дозвола за картинг. За да го заобиколи ова, Шумахер добил дозвола во Луксембург на 12 годишна возраст.[4]
Во 1983 година, Шумахер ја добил својата германска дозвола, година откако го освоил Германското јуниорско првенство во картинг. Од 1984 па натака, Шумахер освојува многу германски и европски картинг првенства. Во 1985 година тој му се приклучил на Адолф Нојберт, Еурокарт трговец, а веќе во 1987 тој станува германски и европски шампион во картинг, по што тој го напушта училиштето и започнува да работи како механичар. Во 1988 го направил својот прв чекор во трките со едноседишни коли, тркајќи се во германските Формула Форд и Формула Конинг серии, освојувајќи ја втората.
Во 1989 година, Шумахер потпишал за Вили Веберовиот WTS Formula Three тим. Спонзориран од Вебер, тој се натпреварувал во Германските Формула 3 серии, освојувајќи титула во 1990 година. Тој победил и во „Макао Гранд При“. На крајот на 1990 година, заедно со неговите соперници од „Формула 3“, Хајнц-Харалд Френцен и Карл Вендлингер, Шумахер се придружил на „Мерцедес јуниор“ во Светскиот спортски-прототип првенство. Ова било невообичаено за млад возач: повеќето од неговите сотркачи се натпреварувале во „Формула 3000“ на нивниот пат до Формула 1. Меѓутоа, Вебер го советувал Шумахер дека експозитурата пред професионалните новинарски конференции и возењето моќни коли на долгометражни трки ќе му помогне во кариерата. На Светското првенство во спортски автомобилизам во 1990 година, Шумахер победил во финалето на сезоната во „Autódromo Hermanos Rodríguez“, возејќи во Заубер-Мерцедес Ц11, и завршил четврти во првенството, иако возел само во 3 од 9 трки. Со тимот продолжил во Светското првенство во спортски автомобилизам во 1991 година, победувајќи повторно во последната трка во сезоната во „Аутополис“ во Јапонија, возејќи Заубер-Мерцедес-Бенз Ц291, завршувајќи на деветтото место во првенството. Исто така, тој се натпреварувал и на трката во Ле Ман, завршувајќи петти во автомобилот кој го делел со Карл Вендлингер и Фриц Кројцпоинтнер. Во 1991 година, Шумахер се натпреварувал во една трка во Јапонското првенство на „Формула 3000“, завршувајќи втор.
Михаел Шумахер има син, Мик, кој исто како татко му, започнал да се занимава со автомобилизам: во 2015 година, Мик потпишал договор со холандскиот тим „Ван Амерсфорт рејсинг“ за да вози во натпреварите на „Формула 4“.[5]
Кариерата во Формула 1
[уреди | уреди извор]Шумахер бил познат во текот на неговата кариера по неговата способност да обезбеди брзи кругови во клучните моменти во трката, да ја турка неговата кола до самиот лимит во подолги периоди. Кристофер Хилтон, мотор спорт автор, забележал во 2003 година дека “ Мерило за способностите на возачот е неговата изведба во влажни трки, затоа што е потребна најделикатна контрола и осет на колата“, и потенцира дека како и другите големи возачи, статистиките за Шумахер во влажни услови покажувале многу малку грешки сè до крајот на сезоната во 2003 година. Некои од неговите најдобри изведби се случиле токму во такви услови, донесувајќи му го прекарот "Regenkönig" (крал на дождот)[6] или "Regenmeister" (господар на дождот),[7][8] дури и во странските медиуми. Познат е и како „Црвениот Барот“ поради неговиот црвен Ферари како во спомен на Манфред фон Рихтофен, познатиот летечки првак од Првата светска војна. Прекарите на Шумахер ги вклучувале и Шуми,[9] Шуи[10] и Шу.[11] На Шумахер често му се припишувала и популаризацијата на Формула Еден во Германија, каде порано било сметано како кревок спорт.[12] Кога Шумахер се пензионирал во 2006 година, тројца од најдобрите десет возачи биле Германци, повеќе отколку која било друга нација некогаш имала и повеќе од кога и да било во историјата на Формула Еден. Помладите германски возачи, како Себастијан Фетел, чувствувал дека Шумахер е клучот за нивното определба во Формула Еден возачи.[13] Во подоцнежниот период од неговата Формула Еден кариера, како еден од сениорските возачи, Шумахер бил претседател на Асоцијацијата на Гранд При Возачи.[14] Во истражувањето на ФИА од 2006, Михаел Шумахер бил изгласан од навивачите на Формула Еден за најпопуларниот возач во сезоната.[15]
Дебито во Џордан
[уреди | уреди извор]Шумахер го имал своето деби во Формула Еден со тимот Џордан-Форд на Белгискиот Гранд При во 1991 година, возејќи ја колата со број 32 како замена за притворениот Бертранд Гашо. Шумахер, сè уште под договор со Мерцедес, бил регрутиран од Еди Џордан откако Мерцедес му платил на Јордан $150.000 за неговото деби.[16] Една неделата пред трката, Шумахер го импресирал дизајнерот на Џордан, Гери Андерсон и тимскиот менаџер, Тревор Фостер за време на тест возењето пред спектакалот. Неговиот менаџер Вили Вебер го осигурал Џордан дека Шумахер добро ја знаел предизвикувачката стаза Спа , иако всушност тој ја имал само видено како спектатор. За време на тркачкиот викенд, сотимецот Андреа де-Цесарис требало да му ја покаже на Шумахер стазата, но бил задржан поради преговори околу договорот. Шумахер сам ја научил стазата, кружејќи околу неа на велосипед на склопување, кој го донел со него. Тој го имресионирал пит боксот квалификувајќи се на седмото место во трката. Со тоа ја достигнал најдобрата почетна позиција и го надквалификувал 11-годишниот ветеран де Цезарис. Моторспорт новинарот Џо Савард напишал дека после квалификувањето “групи германски новинари зборувале за ‘најдобриот талент после Стефан Белоф‘“. Шумахер се повлекол после првиот круг во трката поради проблеми со квачилото.
Бенетон
[уреди | уреди извор]После дебито, и покрај тоа што Џордан имале со Мерцедес договор во принцип со менаџментот на Шумахеровиот Мерцедес за до крајот на сезоната, Шумахер бил регрутиран од Бенетон-Форд за следната трка. Џордан аплицирале за налог до судовите на Обединетото Кралство да го спречат Шумахер да вози за Бенетот, но го изгубиле случајот бидејќи сè уште немале потпишано договор.[17] Шумахер ја завршил сезоната во 1991 година со четири бода од шест трки. Најдоброто место кое го освоил било петти во неговата втора трка, Италијанскиот Гранд При, во кој тој заврши пред неговиот сотимец и трикратен Светски Шампион Нелсон Пике.
На почетокот на сезоната 1992 тимот на Заубер, планирајќи го нивното деби во Формула Еден откако Мерцедес се повлекол за следната година, се повикал на клаузулата во договорот на Шумахер во која пишувало дека доколку Мерцедес влезе во Формула еден, Шумахер ќе вози за нив. Евентуално, било договорено Шумахер да остане во Бенетон. Питер Заубер рекол „(Шумахер) не сакаше да вози за нас. Зошто би го присилил?“.[18] Годината доминирале Вилијамс со Нигел Мансел и Рикардо Патрис, карактеризирајќи се со моќни мотори на Рено, полуавтоматски менувачи на брзини и активна амортизери за контрола на висината на возењето на колата. Во „конвенционалниот“ Бенетон Б192 Шумахер го освоил своето место на подиумот за првпат, завршувајќи трет во Мексиканскиот Гранд При. Продолжил со првата победа во Белгискиот Гранд При, на водената трка во Спа-Францоршампс стазата, која до 2003 година тој ќе ја нарекувал “ далеку мојата омилена стаза“. Заврши трет на Возачкото првенство во 1992 со 53 бода, три бода помалку од второрангираниот Патрис.
Тимот на Вилијамс со Дејмон Хил и Алан Прост доминирал и во сезоната во 1993 година. Бенетон ги промовирал своите активни суспензии и контрола на тракција на почетокот од сезоната, последни од фаворитските тимови. Шумахер победил во една трка, Португалскиот Гранд При, победувајќи го Прост, а имал и девет искачувања на подиумот, но се повлекол на 7 од другите 15 трки. Сезоната ја завршил четврти, со 52 бода.
1994-1995: Годините на светското првенство
[уреди | уреди извор]1994 беше сезоната на Шумахеровиот прв Возачки Шампион. Сезоната, меѓутоа, беше обележана со смртта на Аиртон Сена (сведочена од Шумахер, кој беше дирекно позади на втората позиција) и на Роланд Раценбергер за време на Гранд При Сан Марино, како и од обвинувањата дека неколку тимови, но посебно Шумахеровиот Бенетон, ги прекршиле техничките правила на спортот.[19][20]
Шумахер победи на шест од првите седум трки и водеше во Шпанскиот Гранд При, пред да му откаже менувачот на брзини, оставајќи го заглавен во петта брзина. Сепак тој ја заврши трката на второ место. По Гранд При Сан Марино, Бенетонм Ферари и Мекларен беа под истрага поради сомневање дека ја прекшиле забраната на Фиа за електронски помагала. Бенетон и Мекларен најпрвин одбија да го предадат нивниот изворен код. Кога го сторија тоа, ФИА откри скриена функционалност во софтверите на двата тима, но не пронајде доказ дека била користена во трка. Двата тимови беа казнети со казна од 100.000 долари поради нивното одбивање да соработуваат. Меѓутоа, софтверот на Мекларен, кој бил пробрам за менувачот на брзини кој дозволувал автоматско менување на брзини, бил прогласен за легален. Од друга страна, софтверот на Бенетон бил означен како форма на “контрола за старт“ која би му дозволила на Шумахер да има совршени стартувања, а ова било конкретно забрането од прописите. На Британскиот Гранд При. Шумахер беше казнет поради претекнување во оформувачкиот круг. Тој ја игнорирал казната и последователното црно знаме, кое покажува дека возачот мора веднаш да се врати во гаражите, поради што беше дисквалификуван, а подоцна му беше доделена забрана за две трки. Бенетон ја префрли вината за инцидентот на комуникациска грешка помеѓу стујардите и тимот. Шумахер беше дисквалификуван повторно откако го победи Белгискиот Гранд При откако во неговата кола беше пронајдена нелегална опрема во блокирачот на занесување, критериум кој беше воведен после несреќите во Имола за да ја лимитира down force и според тоа брзината при вртење. Бенетон протестирал дека скидблокот бил оштетен кога Шумахер се свртел над работ од стазата, но ФИА ја одби жалбата поради шемите на истрошеност и штета на блокирачот. Овие инциденти му помогнаа на Дејмон Хил да ја намали разликата во бодовите, и Шумахер замина во последната трка во Австралија со еден бод предност. Во 36тиот круг Шумахер го удри штитникон на надворешната страна од стазата додека водеше. Хил се обиде да го претекне, но болидот на Шумахер се врати на стазата и тука имаше судар во аголот, предизвикувајќи ги двајцата да се повлечат од трката. Како резултат на ова, Шумахер освои многу контроверзно првенство, и тоа како првиот Германец кој го сторил тоа ( Јохан Риндт возеше под Австриското знаме).
Ферари
[уреди | уреди извор]Во 1996 година, Шумахер за плата од 50 милиони долари за време од 2 години, се приклучи на тимот на Ферари, тим кој последен пат го освоил Возачкото првенство со Џоди Шектер во 1979 година и кој не го освоил Купот на Конструкторите од 1983 година со возачите Рене Арно и Патрик Тамбеј на воланот. Тој го напуштил Бенетон година пред да му истекол договорот со нив, а подоцна ги посочил штетните дејствија на тимот во 1994 како негова причина да го прифати овој договор. Година подоцна, поранешните вработени во Бенетон Рори Бирн и Рос Бран, кој бил технички директор во Бенетон од 1991 година, и кој бил еден од главните членови позади Шумахеровите успеси во титулите со тиме од 1994 и 1995 година, одлучиле да му се приклучат на Шумахер во Ферари. Тоа ја зголемила мотивацијата на Шумахер да изгради поискусен и потенцијално првенствоски – победнички тим околу него. Ферари претходно стигнал блиску до првенството во 1982 и 1990 година. Тимот претрпел катастрофален пресврт надолу во раните деведесетти, делумно поради нивниот познат V12 мотор кој веќе не беше конкурентент наспроти помалите, полесните и поштедливи V10ки на другите соперници. Различни возачи, посебно Алан Прост, му давал на возилото етикети како “камион“, “прасе“, и “несреќа која чека да се случи“. Слабата изведба на тимот во гаражата на Ферари била сметана за подвижна шега. На крајот од 1995 година, иако тимот се надградил во солиден натпреварувач, сè уште бил сметан за инфериорен спрема фаворитските тимови како Бенетон и Вилијамс. Шумахер го прогласил Ферари 412Т како доволно добар за да го победи Првенството.
Шумахер, Рос Бравн, Рори Бирн и Џин Тод (вработен 1993), биле кредитирани за претворањето на овој еднаш макотрпен тим во најуспешниот тим во историјата на Формула Еден. Трикратниот Светски Шампион Џаки Стувард верува дека трансформацијата на тимот на Ферари било Шумахеровиот најголемо дело. Еди Ирвин исто така се придружил на тимот, доаѓајќи од Џордан.
1996 – 1999
[уреди | уреди извор]Шумахер заврши трет во Возачкото првенство во 1996, и му помогнал на Ферари да дојде до второто место во првенството на конструктори, пред неговиот стар тим Бенетон. Тој победил на три трки, повеќе од целостниот запис на тимот за периодот од 1991 до 1995. За време на почетниот дел од сезоната од 1996, колата имала проблеми со издржливоста и Шумахер не завршил 6 од 16 трки. Првата победа за Ферари ја остварил во Шпанското Гранд При, каде ја извозил целата патека до третото место во дождот. Во Француското Гранд При, Шумахер се квалификувал на пол-позиција, но претрпел неуспех на моторот за време на загревачкиот круг. Меѓутоа на Спа-Франкоршампс, Шумахер искористил добро тајмувани пит-стопови за да се ослободи од Вилиамсовиот Жак Виленув. После тоа, на Монца, Шумахер победил пред тифосите (навивачите на Ферари). Вештината на Шумахер, комбинирана со се подобрата сигурност на Ферари, му овозможила да ја заврши сезоната со евентуален предизвик на Сузука на победникот на трката, а воедно и на првенството Дејмон Хил.
Михаел Шумахер и Жак Виленув се натпреварувале за титулата во 1997 година. Виленув, возејќи за супериорниот Вилиамс Ф„19, го водеше првенството во почетниот дел од сезоната. Меѓутоа, до полусезона, Шумахер го презеде водството во Првенството, победувајќи на пет трки, и влезе во сезонското финално Гранд При со еден бод предност. Ближејки сè до крајот на трката, задржуван од Херез, Ферарито на Шумахер се здоби со изтек во ладилникот и загуби во перформансите што навестуваше дека можеби нема да ја заврши трката. Како што Виленув се приближил за да го претекне соперникот, Шумахер се обидел да предизвика судир, но го добил подебелиот крај од стапот, повлекувајќи се од трката. Виленув продолжи и освои четири бода за да го земе првенството. Шумахер бил казнет за неспортско однесување поради судирот и бил дисквалификуван од Возачкото првенство.
Во 1998, финскиот возач Мика Хакинен станал главниот противник за титулата на Шумахер. Хакинен ги освои првите две трки од сезоната, добивајќи предност од 16 бода пред Шумахер. Шумахер тогаш победи во Аргентина, со Ферарито кое се подобрило значително во втората половина од сезоната. Шумахер остварил шест победи и пет други завршувања на подиумот. Ферари земал 1-2 позиција во Францускиот Гранд При, прва после 1990, а и на Италијанскиот Гранд При, со што Шумахер се изедначил со Хакинен на врвот од Возачкото првенство со 80 бода, но Хакинен го освоил Првенството со победите на последните две трки. Имал две контроверзии; на Британскиот Гранд При Шумахер водел во последниот круг кога се свртел кон боксот, ја преминал целта и застана за десет секундни казна. Имал одредено сомневање дали тоа може да се брои како одслужување на казната, но бидејќи тој ја преминал целта кога влегол во боксот, победата била валидна. Во Спа, Шумахер водел со 40 секунди предност под силен дожд, но се судри со Давид Кулхардовиот Мекларен кога Скот, кој каснел за еден круг, забавил на многу слаба видливост да го пропушти Шумахер. Откако двете коли се вратиле во боксовите, Шумахер скокна од својата кола и се упати во гаражата на Мекларен разлутен и го обвинил Кулхард дека се обидел да го убие.
Гласини кружеле дека Кулхард може да биде заменет од Шумахер за сезоната во 1999 година и натака, но и во претходно издание на Ф1 Тркачкиот магазин, Рон Денис објавил дека му пристапил на Шумахер да потпише договор со Мекларен. Меѓутоа, периферни финансиски прашања го врзувале Шумахер со Ферари, како што се спонзорските договори и исплати, кои не можеле да бидат корегирани со преселувањето во соперничкиот тим, и затоа не бил склучен договорот.
Напорите на Шумахер му помогнале на Ферари да ја освои титулата на Конструктори во 1999 година. Тој ја загубил својата шанса да го освои Првенството на Возачи на Британското Гранд При кога на брзиот агол Стоув страничната кочница на неговата кола потфрлила, исфрлајќи го од патеката резултирајќи со скршена нога. За време на неговото отсуство од 98 дена, тој бил заменет со финецот Мика Сало. Откако испуштил шест трки, тој се вратил на тогаш воведеното Малезиско Гранд При, квалификувајќи се на пол позицијата со предност од секунда. Тогаш тој ја презел улогата на втор возач, асистирајќи му на својот сотимец Еди Ирвин во обидот да го освои Возачкото првенство за Ферари. Во последната трка од сезоната, Јапонскиот Гранд При, Хакинен ја освои својата втора последователна титула. Шумахер подоцна ќе изјави дека Хакинен бил противникот кој најмногу го почитувал.
Книги и филмови
[уреди | уреди извор]- Ален, Џејмс (1999). Михаел Шумахер: Возење до екстремите. Bantam Books. ISBN 0-553-81214-9.
- Ален, Џејмс (2007). Работ од величественоста. Headline. ISBN 978-0-7553-1678-6.
- Колинс, Тимоти (2004). Пирана Клуб. Virgin Books. ISBN 0-7535-0965-2.
- Колинс, Тимоти (2005). Тим Шумахер. Highdown. ISBN 1-905156-03-0.
- Доменхоз, Лук (2002). Михаел Шумахер: Подемот на еден гениј. Parragon. ISBN 0-7525-9228-9.
- Хенри, Алан (ed.) (1992). Автокурс 1992 – 93. Hazleton Publishing. ISBN 0-905138-96-1.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Хенри, Алан (1996). Тркало до тркало: Најголемите двобои во Формула 1. Weidenfeld Nicolson Illustrated. ISBN 0-7538-0522-7.
- Хилтон, Кристофер (2003). Михаел Шумахер: Најголемиот од сите. Haynes. ISBN 1-84425-044-X.
- Хилтон, Кристофер (2006). Михаел Шумахер: Животна приказна. Haynes. ISBN 1-84425-008-3.
- Кем, Сабин (2003). Михаел Шумахер. Возачка сила. Random House. ISBN 0-09-189435-2.
- Матчет, Стив (1995). Живот на брзата патека: Приказна за шампионските години на Бенетон. London: Weidenfeld and Nicolson. ISBN 0-297-81610-1.
- Матчет, Стив (1999). Приказна на еден механичар: Живот во пит-стопот на Формула 1. Osceola, Wisconsin: MBI Pub. ISBN 0-7603-0754-7.
- Вилијамс, Ричард (1999). Смртта на Аиртон Сена. Bloomsbury. ISBN 0-7475-4495-6.
- Шумахер добил мала улога во филмот Астерикс и Обеликс на Олимписките игри. Освен во тој филм, Михаел го позајмил гласот за потребите на анимираниот филм Автомобили во продукција на Дизни/Pixar.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „It's official: Schumi to retire“. ITV. 11 September 2006. Архивирано од изворникот на 2006-10-04. Посетено на 24 October 2006.
- ↑ „Hall of Fame – World Champions: Michael Schumacher“. The Official Formula 1 Website. 2006. Посетено на 5 October 2006.
- ↑ Collings, Timothy (2005). Team Schumacher. Highdown. стр. 35–37. ISBN 1-905156-03-0.
- ↑ „The Beginning“. mschumacher.com. 2006. Посетено на 23 April 2007.
- ↑ „Луѓе“, Утрински весник, година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 24.
- ↑ Hardcastle, Jonathon. „Michael Schumacher“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 12 July 2007.
- ↑ „Michael Schumacher – Master of the F1 Circuit“. Auto Racing. Посетено на 12 July 2007.
- ↑ „Schumacher races to victory“. BBC Sport. 18 March 2001. Посетено на 24 October 2006.
- ↑ „Alonso ahead of Schumi“. News24. 21 October 2006. Архивирано од изворникот на 30 September 2007. Посетено на 22 October 2006.
- ↑ Tremayne, David (22 October 2006). „Schuey exit promises many twists and turns“. The Independent. UK. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 22 October 2006.
- ↑ „Schu brought down to earth“. ITV. 11 October 2006. Посетено на 14 October 2006.
- ↑ Sapa (11 September 2006). „The greatest driver of all time!“. SuperWheels. Архивирано од изворникот на 27 September 2006. Посетено на 24 October 2006.
- ↑ Noble, Jonathan (25 September 2006). „Vettel sorry to see 'idol' Schumacher go“. Autosport. Посетено на 31 October 2006.
- ↑ „Schumacher retains GPDA position“. BBC. 9 June 2006. Посетено на 30 November 2007.
- ↑ „Schumacher tops F1 supporter poll“. BBC Sport. 27 September 2006. Посетено на 25 October 2006.
- ↑ Collings, Timothy (2004). The Piranha Club. Virgin Books. стр. 17. ISBN 0-7535-0965-2.
- ↑ Collings, Timothy (2007). „Welcome to the Piranha Club“. The Piranha Club. Virgin Books. ISBN 978-1-85227-907-3.
- ↑ Domenjoz, Luc (2006). Michael Schumacher : Rise of a genius. Parragon. стр. 38. ISBN 0-7525-9228-9. Занемарен непознатиот параметар
|orig-date=
(help) - ↑ Domenjoz, Luc (2006). Michael Schumacher: The Rise of a Genius. Parragon. стр. 44–47. ISBN 0-7525-9228-9. Занемарен непознатиот параметар
|orig-date=
(help) - ↑ Saward, Joe (11 August 1994). „Globetrotter: Rocking the boat“. GrandPrix.com. Посетено на 28 August 2008.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Profile – од Mercedes GP official website
- Kartcenter and Museum
- Kartteam Kaiser-Schumacher-Muchow Архивирано на 25 декември 2010 г.
- Formula1.com Профил
- Статистика на целокупната кариера на Михаел Шумахер
- Најнови вести за Михаел Шумахер
- Михаел Шумахер на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|