Лумен-секунда
Изглед
Во фотометријата, лумен-секунда (lm ⋅ s) е изведена SI-единица за светлосна енергија. Се заснова на изведената единица за светлосен тек лумен и основната единица за време секунда.
Лумен-секундата се нарекува и талбот (симб. T) во чест на фотографскиот пионер Вилијам Хенри Фокс Талбот (1800-1877).[1] и е наполно енаков на неа:
- 1 T = 1 lm ⋅ s
Симболот T за талботи се коси со истоветниот симбол за тесла, која е SI-единица за магнетна индукција.
Постаро име на лумен-секундата е лумберг или лумерг, складна со старата единица ерг од СГС како што лумен-секундата е складна со радиометриската единица џул. Така, имаме 107 лумерзи = 1 lm⋅s.[1]
Величина | Симбол[б 1] | SI-единица | Симбол | Димензија | Белешки | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Светлосна енергија | Qv [б 2] | лумен-секунда | lm⋅s | T⋅J | единицата е наречена и „талбот“ | |||
Светлосен тек | Φv [б 2] | лумен (= cd⋅sr) | lm | J | наречен и „светлосна моќ“ | |||
Светлосна јачина | Iv | кандела (= lm/sr) | cd | J [б 3] | основна SI-единица, светлосен тек по единица просторен агол | |||
Блескавост | Lv | кандела на квадратен метар | cd/m2 | L−2⋅J | единиците се наречени и „нити“ | |||
Осветленост | Ev | лукс (= lm/m2) | lx | L−2⋅J | за светлина врз површина | |||
Светлосна излезност | Mv | лукс (= lm/m2) | lx | L−2⋅J | за светлина израчена од дадена површина | |||
Светлосна изложеност | Hv | лукс-секунда | lx⋅s | L−2⋅T⋅J | ||||
Густина на светлосна енергија | ωv | лумен-секунда на кубен метар | lm⋅s⋅m−3 | L−3⋅T⋅J | ||||
Светлосна делотворност | η [б 2] | лумен по ват | lm/W | M−1⋅L−2⋅T3⋅J | сооднос на светлосниот тек со зрачниот тек | |||
Поврзано: SI · Фотометрија · Радиометрија |
- ↑ Стандардизационите организации препорачуваат фотометриските величини да се бележат со наставката v (знач. „визуелна“) за да нема забуни со радиометриските и фотонските величини.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Се јавуваат и други симболи: W за светлосна енергија, P или F за светлосен тек, и ρ или K за светлосна делотворност.
- ↑ Системот SI препорачува употреба на „J“ како симбол на димензијата на светлосната јачина.