Леонардо Улоа
Леонардо Улоа | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 26 јули 1986 | ||
Роден во | Хенерал Рока, Аргентина | ||
Држава | Аргентина | ||
Висина | м | 1,90||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Слободен играч | ||
Број | TBA | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2002-2004 | К.А.И. | 7 | (1) |
2005-2007 | Сан Лоренцо | 32 | (3) |
2007 | Арсенал Саранди | 12 | (3) |
2008 | Олимпо | 14 | (3) |
2008-2010 | Кастељон | 78 | (30) |
2019-2013 | Алмерија | 90 | (39) |
2013-2014 | Брајтон | 50 | (23) |
2014-2018 | Лестер Сити | 86 | (18) |
2018 | → Брајтон | 10 | (1) |
2018-2019 | Пачука | 28 | (8) |
2019-2021 | Рајо Валјекано | 28 | (6) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Хосе Леонардо Улоа (роден во Хенерал Рока, 26 јули 1986) — аргентински фудбалер, напаѓач, кој моментално е без клуб.
Кариера
[уреди | уреди извор]Рани години / Кастељон
[уреди | уреди извор]Роден во Хенерал Рока, Рио Негро, Улоа ја започнал својата кариера во 2002 година, играјќи за екипата од аргентинската Втора дивизија Комисион де Активидадес Инфантилес. Во 2005 тој се преселил во прволигашот Сан Лоренцо, каде што тој бил дел од тимот кој ја освои Клаусура 2007.
Набргу потоа, Улоа му се приклучил на Арсенал де Саранди во кој не останал долго, бидејќи на почетокот на 2008 година се преселил во екипата на Олимпо. Меѓутоа поради несогласувањата со клубот во летото истата година, тој се преселил во Шпанија потпишувајќи за екипата од Сегунда Дивизион Кастељон, каде повторно ќе соработува со поранешниот соиграч и сонародник од екипата на КАИ Хосе Карлос Табарес. Тој постигнал 16 гола во неговата дебитантска сезона, со што бил најдобар стрелец на својот тим и шести во лигата. Следната сезона Улоа имал слични бројки во своите перформанси - 15 гола на 38 натпревари, но Кастељон завршил на 22.место последно) во лигата и испаѓа во понизок ранг.
Алмерија
[уреди | уреди извор]Кон крајот на јуни 2010 година Улоа го напуштил Кастељон, но останал во Шпанија потпишувајќи пет-годишен договор со Алмерија која таа сезона се натпреварувала во Ла Лига.[1] Тој го направил своето деби за андалусијците на 29 август 2010, во ремито без голови против Осасуна влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Корона. Веќе во следниот натпревар игран на 13 септември, Улоа го постигнал својот прв гол во дресот на Алмерија во последните моменти од натпреваротна домашен терен со Реал Сосиедад за да израмни на 2-2, по одличен поединечен продор. Следниот месец, против истиот противник во Копа дел Реј тој постигнал два гола во последните 20 минути за да му помогне на својот тим да се врати од 0-2 и да победи со 3-2, во Баскија. На 22 декември 2010 година, повторно во натпревар од купот, Улоа постигнал три гола и асистирал за уште еден, кога Алмерија ја совалада Мајорка со 4-3 во првиот натпревар,[2] и поминале понатаму со вкупен резултат 8-6. На 16 јануари 2011 година го постигнал својот пет првенствен гол за да изедначи на 1-1 во ремито на домашен терен против Реал Мадрид, откако ја завршил одличната акција на сонародникот Пабло Пјати.[3] Својата прва сезона во дресот на Алмерија ја завршил со 7 постигнати гола во Ла Лига на 34 натпревари (но само 16 како стартер) и 6 гола во купот. Сепак, Алмерија завршува на последното место со 30 освоени бода и испаѓа во Сегунда и покрај добрите настапи во Копа дел Реј каде стигнале до полуфиналето и биле елиминирани од Барселона со вкупен резултат 8-0.
Улоа останал во Алмерија и покрај испаѓањето на клубот и бил најдобар стрелец во Сегунда Дивизион за сезоната 2011-12 со 28 гола,[4] вклучувајќи го и хет-трикот против Гвадалахара во победата со 4-0.[5] И покрај обемниот придонес на Улоа, Алмерија завршила на 7. место и без шанса да се бори за враќање во Ла Лига.[6]
Последната сезона во клубот за него била најлоша, постигнувајќи само 4 гола на 18 натпревари во Сегунда пред да замине во Англија во јануарскиот преоден рок.
Брајтон и Хоув Албион
[уреди | уреди извор]На 16 јануари 2013 година направил трансфер во англиската Чемпионшип лига, приклучувајќи му се на Брајтон енд Хоув Албион на четири ипол годишен договор, за необјавена сума која се верува дека е околу 2м £.[7][8] Тој постигнал гол веќе на своето деби за новиот клуб десет дена подоцна, во поразот на домашен терен со 3-2 од Арсенал во ФА купот.[9]
На 2 март 2013 година, Улоа станал првиот играч кој успеал да постигне хет-трик на Стадионот Амекс, во победата на Брајтон со 4-1 над Хадерсфилд Таун.[10] Две недели подоцна, тој постигнал два гола против Кристал Палас во победата со 3-0, исто така на домашен терен,[11] придонесувајќи за првата победа на Брајтон на домашен терен над овој противник уште од 1988 година; менаџерот Гус Појет го опишал Улоа како "различни класа".[12] Тој продолжил да постигнува голови откако на 30-ти истиот месец, го реализирал својот деветти гол во 12 натпревари во ремито 2-2 со Нотингем Форест.[13]
На 27 април 2013 Улоа го постигнал голот со кој го потврдил местото на Брајтон во плејофот, откако во 88-мата минута го постигнал победничкиот гол за да обезбеди успех со 2-1 над Лидс Јунајтед.[14] Сезоната ја завршил со 9 првенствени гола и еден во ФА купот, но Брајтон не успеал да избори промоција во Премиер лигата.
Следната сезона, Улоа постигнал 14 првенствени гола помагајќи му на Брајтон да заврши на 6. место и да дојде до уште една шанса преку плејофот да избори промоција, но и овојпат тие биле елиминирани во првата рунда со вкупен резултат 6-2 од Дарби Каунти. Постигнал и два гола во ФА купот.
Лестер Сити
[уреди | уреди извор]На 22 јули 2014 година, по неколку неделни шпекулации, Улоа му се приклучи на неодамна промовираниот Премиерлигаш Лестер Сити на четиригодишен договор за клупски рекорд од 8.000.000 £.[15] По комплетирањето на трансферот му бил предаден дресот со број 23., последен пат носен од шпанскиот дефанзивец Игнаси Микел.[16]
Улоа бил стартер на своето деби во Премиер лигата на 16 август дома против Евертон, и постигнал гол само по 22 минути игра во ремито 2-2.[17] Тој бил стрелец и во својот трет настап, против Арсенал на 31 август, повторно на домашен терен и повторно во 22-рата минута во натпревар што завршил нерешено 1-1.[18] На 13 септември, Улоа го постигнал единствениот погодок во натпреварот нагости кај Стоук Сити (0-1), со што им ја донел првата победа на лисиците во првенството. Осум дена подоцна, тој постигнал два гола во победата со 5-3 над Манчестер Јунајтед.[19] Првата сезона во Премиер лигата ја завршил со 37 настапи и 11 гола.
Титули
[уреди | уреди извор]Сан Лоренцо
[уреди | уреди извор]- Аргентинска Примера Дивизион : Клаусура 2007
Арсенал де Саранди
[уреди | уреди извор]- Копа Судамерикана : 2007
Лестер Сити
[уреди | уреди извор]- Премиер лига (1): 2015-2016
Хет-трик
[уреди | уреди извор]Во својата кариера досега Леонардо Улоа на четири натпрвари успеал да постигне хет-трик, односно три или повеќе гола. Еднаш додека настапувал за Кастељон двапати за Алмерија и еднаш во дресот на Брајтон.
Натпревари во кој постигнал хет-трик
[уреди | уреди извор]14 јуни 2009 Сегунда Дивизион | Кастељон | 4 – 0 | Еибар | Мунисипал Касталија, Кастељон де ла Плана |
---|---|---|---|---|
18:00 ЦЕВ |
Улоа 20', 37', 65' (пен..) Арана 26' |
Извештај | Судија: Марио Мелеро Лопес |
22 декември 2010 Копа дел Реј | Алмерија | 4 – 3 | Мајорка | Стадion Хуегос Медитеранеос, Алмерија |
---|---|---|---|---|
20:00 ЦЕВ |
Улоа 6', 28', 77' К. Уче 65' |
Извештај | 22' де Гусман 44' Виктор Касадесус 88' Вебо |
Судија: Фернандо Тешеира Витиенес |
14 јануари 2012 Сегунда Дивизион | Алмерија | 4 – 0 | Гвадалахара | Стадion Хуегос Медитеранеос, Алмерија |
---|---|---|---|---|
16:00 ЦЕВ |
Улоа 27', 37', 77' Гоитом 72' |
Извештај | Судија: Сантјаго Хаиме Латре |
2 март 2013 Чемпионшип лига | Брајтон | 4 – 1 | Хадерсфилд Таун | Амекс, Брајтон и Хоув |
---|---|---|---|---|
16:00 ЦЕВ |
Улоа 20', 76', 78' Лопес 81' (пен..) |
Извештај | 42' Вон | Судија: Гевин Ворд |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Almería signs Argentine Ulloa“ (шпански). Diario Sur. 22 June 2010. Посетено на 23 December 2010.
- ↑ „Ulloa in charge of bedlam“ (шпански). Marca. 22 December 2010. Посетено на 23 December 2010.
- ↑ „Real held by lowly Almeria“. ESPN Soccernet. 16 January 2011. Архивирано од изворникот на 2011-01-19. Посетено на 20 February 2011.
- ↑ Iago Aspas (Celta) se sitúa a cuatro goles de Ulloa (Almería) (Iago Aspas (Celta) four goals behind Ulloa (Almería)) Архивирано на 4 февруари 2014 г.; ABC, 27 May 2012 (шпански)
- ↑ Almería vs. Guadalajara 4 - 0 soccerway
- ↑ Segunda División 2011-12 soccerway
- ↑ „Albion complete Ulloa deal“. Brighton & Hove Albion F.C. 16 January 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 16 January 2013.
- ↑ „Leonardo Ulloa: Brighton & Hove Albion sign Almeria striker“. BBC Sport. 16 January 2013. Посетено на 17 April 2014.
- ↑ „Luton, MK Dons grab Cup glory“. ABC News. 26 January 2013. Посетено на 26 January 2013.
- ↑ „Brighton 4–1 Huddersfield“. BBC Sport. 2 March 2013. Посетено на 2 March 2013.
- ↑ „Brighton 3–0 Crystal Palace“. BBC Sport. 17 March 2013. Посетено на 17 March 2013.
- ↑ „Gus Poyet delighted for Brighton's Leonardo Ulloa after Palace win“. BBC Sport. 17 March 2013. Посетено на 17 March 2013.
- ↑ „Nott'm Forest 2–2 Brighton“. BBC Sport. 30 March 2013. Посетено на 30 March 2013.
- ↑ „Leeds United 1–2 Brighton“. BBC Sport. 27 April 2013. Посетено на 27 April 2013.
- ↑ „Леонардо Улоа во Лестер“. mreza.mk. 22 јули 2014. Посетено на 22 јули 2014.[мртва врска]
- ↑ „Leonardo Ulloa joins Leicester City“. Leicester City FC. 22 July 2014.
- ↑ „Leicester 2-2 Everton“. BBC Sport. 16 August 2014. Посетено на 16 August 2014.
- ↑ „Leicester 1–1 Arsenal“. BBC Sport. 31 August 2014. Посетено на 31 August 2014.
- ↑ Lewis, Aimee (21 September 2014). „Leicester City 5–3 Manchester United“. BBC Sport. Посетено на 21 September 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Леонардо Улоа на soccerway
- Леонардо Улоа на transfermakt
- Леонардо Улоа на whoscored
- Леонардо Улоа на espn Архивирано на 25 септември 2014 г.