Лајб Квитко
Лајб Квитко (руски: Лейб Квитко, (15 октомври 1890 - 12 август 1952) — прочуен еврејски поет, автор на добро-познати детски песни и член на Еврејскиот Антифашистички Комитет (ЕАК). Еден е од уредниците на Einigkeit (весникот на ЕАК) и на Heymland, литературно списание.
Роден е во украински штетл, посетува традиционална еврејска религиозна школа за момчиња (хедер) и рано останува сирак. Се преселува во Киев во 1917 година и наскоро станува еден од водечките еврејски поети и членови на "Киевската група". Живее во Германија меѓу 1921 и 1925 година и таму се зачленува во Комунистичката партија. Почнува да ги издава своите први песни кои се многу добро прифатени од критиката. Се враќа во СССР во 1925 и се преселува во Москва во 1936; по три години станува член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз (КПСС). Во тој период неговото творештво безмалку потполно се ориентира кон пишување на песни за деца и сосема е подложно на влијанието на социјалистичкиот реализам.
Убиен е во Москва на 12 август 1952 година, заедно со уште дванасет видни еврејски интелектуалци во масакрот познат под името Ноќта на убиените поети. Бил рехабилитиран во 1955.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Списки жертв“. Lists.memo.ru. Посетено на 31 јануари 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Еврејскиот поет, Лев Квитко. (руски)
- Избрана поезија на Лев Квитко. (руски)
- Животот ќе беше прекрасен, писма на Квитко до пријателите Архивирано на 24 октомври 2004 г., објавени во алманахот "Yegupets" Архивирано на 21 јули 2012 г., Киев. (руски)
Ноќ на убиените поети |
||
---|---|---|
Ликвидирани уметници | Перец Маркиш · Давид Бергелсон · Ицик Фефер · Лајб Квитко · Давид Хофштајн | |
Поврзано | Антисемитизам · Евреи · Ј. В. Сталин |
|