Прејди на содржината

Константин Нунков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Константин Нунков
Роден 21 мај 1877
Чирпан, Бугарија
Починал 8 февруари 1905
Кутлибег, Кумановско, Македонија

Константин (Коста) Нунков или познат како Давид[1] — македонски револуционер, анархист, деец на Македонскиот комитет и кумановски војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Константин Нунков со сопругата

Нунков е роден во 1877 година во Чирпан, тогаш во Отоманското Царство. Учи во Пловдив од 1891 до 1892 година, но не успева да го заврши образованието поради недостаток на средства. Работи како печатарски работник во Пловдив и Софија, додека е во Пловдив, некое време живее со Пејо Јаворов.

Зема учество во т.н. Мелничко востание, која е организирана од Македонскиот комитет во 1895 година. Ги прифатил идеите на анархизмот. Во 1900 година влегол со чета во Горноџумајско. Во јануари 1902 година е во револуционерниот пункт на ВМОРО во Проглет, каде ги разгледувал условите за атентати во Ксантиско и Ахчелебиско. Деец на ВМОРО, Христо Караманџуков го опишува вака:

Тој беше млад човек, неспокојна и пламена натура и по убедување анархист-терорист ... Инаку беше чесен и некористољубив човек. Во споровите и односите беше... агресивен [2]

На Пловдивски конгрес во 1902 година му е доделена организационата работа во Ѓумюрџинско и Дедеагачко. Во декември 1902 година пристигнал заедно со Димо Николов, Петар Чапкнов и Тенљо Колев од Алада кои се опремени со пеколни машини и 100 килограми динамит во Дедеагачко каде што треба да помогнат Марин Чолаков и да ги испитаат можностите за напади на железничката линија [3].

Прави неуспешни обиди за атенатати за време на Илинденското востание. Во јули 1904 година станува војвода во Кумановско, каде се бори против Српската вооружена пропаганда во Македонија. На 2 јануари 1905 година е делегат на Скопски конгрес на ВМОРО во Кнежево.

На 8 февруари 1905 година во близина на селото Кутлибег во битка со турски аскер Коста Нунков загинува заедно со седумчлена чета четворица милиционери од соседните села, на чело со Пешо Иванов од Пезово [4][5] .

Константин Нунков е автор на брошурата "Експлозиви и нивна употреба" (1902) [6]. Јаворов му ја посветил песната "Напред" (1895) [7][8].

  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 81
  2. Караманджуков, Христо. „Западнотракийските българи в своето култорно-историческо минало с особен поглед към тяхното политико-революционно движение“, София, 1934, стр. 76.
  3. Караманджуков, Христо. „Западнотракийските българи в своето култорно-историческо минало с особен поглед към тяхното политико-революционно движение“, София, 1934, стр. 270 - 271.
  4. Силянов, Христо. „Освободителнитѣ борби на Македония, II“ стр. 311.
  5. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 63, 120.
  6. Енциклопедия България, том 4, Издателство на БАН, София, 1984.
  7. Янев, Владимир. „ПРОЧУТАТА ПЛОВДИВСКА ГИМНАЗИЯ. ДРУГИ АВТОРИ, СВЪРЗАНИ С ПЛОВДИВ ОТ НАЧАЛОТО НА ХХ ВЕК“
  8. Илюстрация Илинден, 1931, бр. 33, стр. 7-9.