Кишино
Кишино | |
Координати 41°42′30″N 21°54′43″E / 41.70833° СГШ; 21.91194° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Лозово |
Население | 8 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2208 |
Шифра на КО | 24016 |
Надм. вис. | 362 м |
Кишино на општинската карта Атарот на Кишино во рамките на општината | |
Кишино на Ризницата |
Кишино — село во Општина Лозово.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Сландол, меѓу Брегалница и Вардар. Од градот Велес е оддалечено 14 километри во југоисточен правец.
Историја
[уреди | уреди извор]На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 480 Турци.[2] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци.[3]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 22 жители, Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, од кои 2 Албанци и 6 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 480 | — | 547 | 614 | 197 | 88 | 85 | 20 | 15 | 22 | 8 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1709 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Бекирлија.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[11]
- Клисе Једиги — црква од средниот век
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 351. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кишино на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Кишино на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|