Прејди на содржината

Карл Шуман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карл Шуман (во средина) со своите партнери од тимот Алфред Флатов (лево) и Хеман Вајнгертнер (десно)

Карл Шуман (12 мај 1869 - 24 март 1946) бил германски спортист кој со 4 златни медали бил најуспешниот спортист на првите модерни олимписки игри, одржани во Атина во 1896 година.

Карл Шуман се родил во Минстер. Тој бил член на моќната германска гимнастичка репрезентација на игрите. Шуман освоил златни медали во разбој и вратило во тимска конкуренција и во прескок. Исто такла се натпреварувал во поединечна конкуренција во разбој, коњ со рачки и кругови, но немал некој позначителен успех. Има податок според кој, тој завршил петти во дисциплината кругови.

Покрај својот успех во гимнастика, Шуман остварил успех и во борење освојувајќи го златниот медал во Грчко-римски стил.

Карл Шуман се натпреварувал и во кревање тегови и атлетика. Во атлетика, се натпреварувал во конкуренција на 9 атлетичари во скок во далечина, но според некој несигурен извор на податоици не се пласирал помеќу најдобрите 4. Петти бил во трискок, а во фрлање ѓуле завршил помеќу последните 3 натпреварувачи од 7 колку што се натпреварувале.

Карл Шуман починал во Берлин на 24 март 1946.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]