Капачка (Реноар, Белград, 1910)
Изглед
Творец | Пјер Огист Реноар |
---|---|
Година | 1910 |
Димензии | 129,5 см × 172,7 см |
Место | Народен музеј на Србија, Белград |
Капачка (француски: Nu) — слика на францускиот импресионист Пјер Огист Реноар. Претставува масло на платно, насликано во 1910 година. Моментално се наоѓа во Народниот музеј во Белград. Сликата на српскиот народ му ја подарил принцот Павле Караѓорѓевиќ.
Историја
[уреди | уреди извор]Сликата била купена во Париз во 1935 година од Милан Кашанин, директорот на Националниот музеј. Истата е платена со заеднички придонеси на музејот, Министерството за култура и приватни донации.[1] Била украдена во 1996 година.[2] При кражбата била тешко оштетена и по една година реставрација била во лоша состојба. Откако беше украдена, целата уметничка збирка била преместена во музејски складиште за да се заштити збирката додека не се инсталира подобар безбедносен систем.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Otvaranje Narodnog muzeja na "Blic" ZANOSNA RENOAROVA KUPAČICA“. Blic. Blic. 1 October 2016. Посетено на 1 October 2016.
- ↑ Zagonetka Renoarove slike[мртва врска][мртва врска]
- ↑ Zatvorena izložba "Impresivno" u Narodnom muzeju u Beogradu