Домородното население на Каину се состоело од Лапонци кои се занимавале со лов и риболов. Во XVII век шведскиот Генерален управник на Финска, Пер Брахе, се заложил за порастот на населението во Каину, понудувајќи им десетгодишно даночно ослободување на доселениците. Се сметало дека на Каину му биле неопходни фински земјоделци поради заканата да бидат преземени од Русија од исток. Доселениците биле претежно од областа Савонија (Саво), поради што каинскиот дијалект на финскиот јазик е многу близок на савонскиот говор.