Историја на Австралија
Во поголемиот дел од изминатите 40.000 години, Австралија била населена со Абориџини. Абориџините имаат азиско потекло и создале богата култура базирана на лов и собирање плодови. Нивниот мирен живот бил уништен со доаѓањето на Европејците кон крајот на 18 век. Првите доселеници биле затвореници од преполните британски затвори, а подоцна им се придружиле земјоделците и рударите привлечени од богатството на оваа земја. Во 1901 г. Австралија станала независна држава која се приклучи во битките во двете светски војни. Денес таа е мултикултурна земја со богата економија и блиски врски со Азија, Америка и Европа.
Пражители
[уреди | уреди извор]Првите луѓе што ја населиле Австралија биле предците на денешните Абориџини. Тие пристигнале во Австралија пред околу 40.000 години пловејќи по плитките мориња кои подоцна ја одвоиле Австралија од Азија. Со подигање на нивото на морето, тие се повлекле во внатрешноста, и со секири сечеле дрва за да подигнат засолништа од дрво и кора.
Откривање и истражување
[уреди | уреди извор]Во 17 век, шпанскиот морепловец Луис Ваз де Торес и Холанѓанецот Вилем Јансон ги истражувале островите во Азија и Тихиот Океан.
Иако има теорија дека португалци ја откритиле Австралија во 1520-тите, нема официјални докази за тоа.[1][2][3][4] Вилем Јансон капетан на бродот Дајфкен,се смета за првиот Европеец кој стапнал на Австралија (1606 година).[5] Истата година, шпанска експедиција која пловела во блиските води, предводена од португалскиот морепловец Педро Фернандес де Кеирос стигнал на Новите Хебриди и мислејќи дека тоа е митскиот јужен континент го нарекол островот „Austrialia del Espiritu Santo“ (Јужна земја на Светиот Дух), во чест на кралицата Маргарет од Австрија, сопруга на Филип III од Шпанија кој ја финансирал експедицијата.[6][7][8] Истата година, заменикот на Кеирос, Луис Ваз де Торес поминал низ Торесовиот Проток, долж јужниот брег на Нова Гвинеја без да го забележи континентот Австралија.[9]
Во 1628 година, генералниот гувернер на Холандска Источна Индија, Питер де Карпентие, испратил ескадрила од холандски бродови за да го истражи северниот брег. Овие бродови направиле детални испитувања, особено во Карпентарискиот Залив, именуван во чест на Де Карпентие.[10]
Во 1642-43 година холанѓанецот Абел Тасман пловел околу Австралија без воопшто да го забележи тоа. Тој стигнал до островот кој го нарекол Ван Дименова Земја, (сега Тасманија). Исто така експедицијата на Абел Тасман била првата европска експедиција за која се знае дека стигнала на Нов Зеланд и го забележала островот Фиџи. На неговото второ патување во 1644 година, тој го мапирал Австралиското копно (кое го нарекол Нова Холандија).
Вилијам Дампиер, англиски борец и истражувач, во 1688 година и повторно во 1699 година стигнал на северозападниот брег на Нова Холандија, и објавил влијателни описи на Абориџините.[11]
Во 19 април во 1770 година, британскиот истражувач капетан Џејмс Кук со својот брод Ендевор стигнал до источниот брег на Нова Холандија а десет дена подоцна се закотвил во заливот Ботани. Кук на 21/22 август 1770 година го прогласил целиот источен брег на Австралија за британска сопственост.[12]
Во март 1772 година, Марк-Жозеф Марион ду Фресне, кој раководел со два француски брода, стигнал до Ван Дименовата Земја на својот пат кон Тахити и Јужните мориња. Тој со својата посада станале првите регистрирани Европејци кои се сретнале со домородците на Тасманија и убиле еден од нив.[13] Истата година, француската експедиција предводена од Луј Алено де Сент Алоарн, станале првите Европејци кои формално побарале суверенитет над западниот брег на Австралија, но не бил направен обид ова да биде проследено со колонизација.[14]
Џозеф Бенкс, еден од британските натуралисти, скицирал и собрал стотици растенија кои Европејците никогаш не ги виделе. Во 1787 г. Британците одлучија да превезат затвореници во Австралија со брод. Првата група од 759 затвореници пристигнала во заливот Ботани во 1788 година . Недалеку од Сиднеј Ков во Порт Џексон беше подигната затворска населба. Транспортот на затворениците е завршен во 1868 година.
Колонизација
[уреди | уреди извор]Планови за колонизација пред 1788 г
[уреди | уреди извор]Џон Каландер во 1766 година предложил Британија да основа колонија на протерани осуденици во Јужното Море или во Тера Аустралис за да и овозможи на матичната земја да ги искористи богатствата на тие региони.[15]
Шеснаесет години по стапнувањето на Кук на источниот брег на Австралија, британската влада одлучила да основа колонија во заливот Ботани.
Во Американската револуционерна војна (1775–1783) Британија изгубила поголем дел од своите северноамерикански колонии и сакала да најде нови територии како замена. Британија од 1718 до 1775 година транспортирала околу 50.000 осуденици во Новиот свет и сега барала алтернатива.[16][17]
Во 1779 година Сер Џозеф Бенкс, познат научник кој го придружувал Џејмс Кук на неговото патување во 1770 година, го препорачал Ботани заливот како соодветно место за казнено населување. Планот на Банк бил да се испратат 200 до 300 осуденици во заливот Ботани каде што ќе бидат препуштени сами на себе и нема да се товар на британскиот даночен обврзник.[18]
Под водство на Бенкс, американскиот лојалист Џејмс Матра, кој исто така патувал со Кук, изработил нов план за колонизација на Нов Јужен Велс во 1783 година.[19] Матра тврдел дека земјата е погодна за насади со шеќер, памук и тутун; Новозеландското дрво и конопот или ленот може да се покажат како вредни производи; може да формира трговска база на Тихиот Океан.[20] По интервјуто со државниот секретар Лорд Сиднеј во 1784 година, Матра го изменил својот предлог и требало Австралија да се населува со осуденици.[21]
Одлуката за населување била донесена кога се чинело дека во Холандија може да избувне граѓанска војна во Холандија која ќе предизвика нова војна во која Британија повторно ќе се соочи со сојузот на трите поморски сили, Франција, Холандија и Шпанија, кои ја поразиле во 1783 година. Затоа, една поморска база во Нов Јужен Велс би можела да ги олесни нападите врз холандските и шпанските интереси во регионот.[22][23] Планови за користење на колонијата како стратешка база против шпанските интереси биле повремено правени по 1788 година, но никогаш не биле спроведени.[24]
Колонијата во Нов Јужен Велс
[уреди | уреди извор]Основање на колонијата: 1788 до 1792 година
[уреди | уреди извор]Колонијата Нов Јужен Велс била основана со пристигнувањето на Првата флота од 11 бродови под команда на капетанот Артур Филип во јануари 1788 година. Се состоела од преку илјада доселеници, вклучувајќи 778 осуденици (192 жени и 586 мажи).[25] Неколку дена по пристигнувањето во Ботани, флотата се преселила во Порт Џексон каде на 26 јануари 1788 година била основана населба во Сиднеј Ков.[26] Овој датум подоцна станал национален ден на Австралија познат како Ден на Австралија. Колонијата била формално прогласена од Гувернерот Филип на 7 февруари 1788 година во Сиднеј.[27]
Во 1788 година, Филип основал нова колонија на островот Норфолк во Јужниот Тихи Океан од каде се надевал дека ќе обезбеди дрва и лен за морнарицата. Но на островот било тешко да се пријде, поради што населбата била напуштена а доселениците биле евакуирани во Тасманија во 1807 година.[28] Островот подоцна бил повторно ставен во употреба како место за секундарен транспорт во 1825 година.[29]
Консолидација: 1793 до 1821 година
[уреди | уреди извор]По заминувањето на Филип, воените офицери почнале да добиваат земја и да увезуваат стоки за широка потрошувачка кои ги добивале од бродовите кои ја посетувале Австралија. Поранешните осуденици го обработувале земјоделското земјиште кое им било доделено, а се занимавале и со трговија. Фармите се распространиле на поплодното земјиште околу Парамата, Виндзор и Камден, а до 1803 година колонијата била самодоволна со житни култури. Почнало да се градат чамци со цел да се олесни патувањето и да се искористат морските ресурси на крајбрежните населби. Ловењето на фоки и китови станале важни индустрии.[30]
Основање на други колонии
[уреди | уреди извор]Ван Дименова Земја
[уреди | уреди извор]Откако ја пречекал француската поморска експедиција на Николас Боден во Сиднеј во 1802 година, гувернерот Филип Гидли Кинг во 1803 година одлучил да основа населба во Ван Дименовата Земја (денешна Тасманија), за да спречи можно француско населување. Се изградила британска населба на островот меѓу Лонсстон на север и Хобарт на југ. Во првите две децении, населбата во голема мера се потпирала на трудот на осудениците, ситното земјоделство и пасењето овци, ловот на китови и фоки.[31][32]
Од 1820-тите, на слободните доселеници им се нуделе земјишни грантови сразмерно со капиталот што доселениците ќе го донесат. Така биле доделени речиси 2 милиони хектари земја на слободните доселеници таа деценија, а бројот на овци на островот се зголемил на 170.000 на милиони. Земјишните грантови создале социјална поделба меѓу големите земјопоседници и мнозинството осуденици и еманциписти без земја.[33][34]
Ван Дименовата Земја се одвоила како колонија од Нов Јужен Велс во декември 1825 година и продолжила да се порширува во текот на 1830-тите, поддржана од земјоделство, пасењето овци и ловењето китови. По забраната за носење на осуденици во Нов Јужен Велс од 1840 година, Ван Дименовата Земја станала главна дестинација на осуденици. Тоа прекинало во 1853 година, а во 1856 година колонијата официјално го променила своето име во Тасманија.[35]
Викторија
[уреди | уреди извор]Во 1834 година овчарите од Ван Дименовата Земја привлечени од богатите пасишта почнале да се преселуваат на континентална Австралија околу Порт Филип.
Во 1836 година, Порт Филип бил официјално признат како област на Нов Јужен Велс и бил отворен за населување. Главната населба Мелбурн била основана во 1837 година како планиран град по инструкции на гувернерот Бурк. Наскоро пристигнале многу доселеници од Ван Дименовата Земја и од Нов Јужен Велс, а до 1850 година во областа имало 75.000 Европејци, 2.000 домородни жители и 5 милиони овци. Во 1851 година, областа Порт Филип се одвоила од Нов Јужен Велс како колонија на Викторија.[36][37]
Западна Австралија
[уреди | уреди извор]Во 1826 година, гувернерот на Нов Јужен Велс, Ралф Дарлинг, испратил воен гарнизон кај Кинг Џорџ Саунд (од ова настанал градот Албани), за да ги одврати Французите да основаат населба во Западна Австралија. Во 1827 година, шефот на експедицијата, мајорот Едмунд Локер, и формално ја анектирал западната третина од континентот како британска колонија.[38]
Во 1829 година била основана колонијата на Лебедова Река (каде што денес се наоѓаат Фремантел и Перт). Таа била првата приватизирана колонија без осуденици во Австралија. Но, голем дел од обработливото земјиште било доделено на отсутни сопственици а развојот на колонијата бил попречен од лошата почва, сувата клима и недостатокот на капитал и работна сила. До 1850 година имало нешто повеќе од 5.000 доселеници, од кои половината биле деца. Од тогаш колонијата почнала да прифаќа осуденици поради постојаниот недостиг на работна сила.[39][40]
Јужна Австралија
[уреди | уреди извор]Провинцијата Јужна Австралија е основана во 1836 година како приватно финансирана населба заснована на теоријата за „систематска колонизација“ развиена од Едвард Гибон Вејкфилд. Намерата била да се основа слободна колонија заснована на приватни инвестиции со мали трошоци за британската влада. Било забрането да работат осуденици со надеж дека тоа ќе ја направи колонијата поатрактивна за „угледните“ семејства и ќе промовира рамномерен однос меѓу машките и женските доселеници. Градот Аделаида требало да биде изграден со донации од цркви, паркови и училишта. Земјиштето требало да се продава по еднаква цена, а приходите да се искористат за да се обезбеди понуда на работна сила на мигрантите.[41][42][43] Различните верски, лични и комерцијални слободи биле загарантирани.[44]
Квинсленд
[уреди | уреди извор]Во 1824 година, казнената населба Моретон Беј била основана на местото на денешен Бризбејн како место за секундарна казна. Во 1842 година казнената колонија била затворена и областа била отворена за слободно населување. До 1850 година, населението во Бризбејн достигнало 8.000 жители а многу сточари паселе говеда и овци во Дарлинг Даунс западно од градот. Насилството меѓу доселениците и домородното население било големо кога сточарите се преселиле северно од реката Твид. Серијата спорови меѓу северните сточари и владата во Сиднеј довеле до барања од доселениците за одвојување од Нов Јужен Велс. Во 1857 година британската влада се согласила за одвојување и во 1859 година била прогласена колонијата Квинсленд. Доселеното население во новата колонија било 25.000 жители, а најголемиот дел од нејзината територија сè уште било зафатено од домородците.[45][46][47]
Жените во колонијалното општество
[уреди | уреди извор]Колонијалната Австралија се одликувала со неурамнотеженост меѓу половите, бидејќи жените сочинувале само околу 15 отсто од доведените осуденици. Првите осуденички донесле низа вештини, и работеле домашни работници, млекарки и работници на фарма. Поради недостигот на жени во колонијата, веројатноста да се омажат била многу поголема од мажите и се стремеле да избираат постари, работливи и имотни мажи за сопрузи. Раните колонијални судови ги спроведувале правата на сопственост на жените независно од своите сопрузи, а системот за оброци, исто така, им дал на жените и нивните деца одредена заштита од напуштање. Жените биле активно вклучени во стопанството и земјоделството уште од раните колонијални години. Меѓу најуспешните биле поранешната осуденичка која станала претприемачка Мери Реибеј и земјоделката Елизабет Макартур.[48] Една третина од акционерите на првата колонијална банка (основана во 1817 година) биле жени.[49]
Истражување на континентот
[уреди | уреди извор]Во 1798–1799 година Џорџ Бас и Метју Флиндерс тргнале од Сиднеј кон југ и ја обиколиле Тасманија, со што докажале дека е остров.[50] Во 1801–02 Метју Флиндерс бил првиот човек кој ја обиколил Австралија. На бродот бил и абориџинскиот истражувач Бунгари, од месноста на Сиднеј, кој станал првиот човек роден на австралискиот континент кој ја обиколил.[50]
Во 1798 година, поранешниот осуденик Џон Вилсон со двајца придружници ги преминале Сините Планини, западно од Сиднеј, во експедиција наредена од гувернерот Хантер. Во 1813 година, Грегори Блаксленд, Вилијам Лосон и Вилијам Вентворт ги преминале планините по друг пат и набрзо бил изграден пат до Централните Таблланди.[51]
Во 1824 година, гувернерот Сер Томас Бризбејн ги задолжил Хамилтон Хјум и поранешниот капетан на кралската морнарица Вилијам Ховел да водат експедиција за наоѓање нова пасишта на југот на колонијата, а исто така и да најдат одговор на мистеријата за тоа каде е западниот дел на Нов Јужен Велс. Во текот на 16 неделната експедиција во 1824-25 година, Хјум и Ховел откриле многу важни места, како реката Мареј (која ја нарекле Хјум), многу нејзини притоки и добри пасишта и земјоделски земјишта.[52]
Чарлс Стурт во 1828 година водел експедиција покрај реката Мекквари и ја открил реката Дарлинг. Се развила теорија дека реките од внатрешноста на Нов Јужен Велс се вливаат во внатрешно море. Во втората експедиција од 1829 година, Стурт ја следел реката Мурумбиџи до вливањето во „широка и благородна река“, која ја нарече реката Мари. А потоа ја следел и оваа река до спојувањето со реката Дарлинг. Стурт продолжил по реката кон Езерото Александрина, каде што Мари се влева морето во Јужна Австралија.[53]
Полскиот научник и истражувач, грофот Пол Едмунд Стрзелецки, вршел геодетски работи на Австралиските Алпи во 1839 година, и предводен од своите абориџински водичи Чарли Тара и Џеки, станал првиот Европеец кој се искачил на највисокиот врв во Австралија, кој го нарекол врв Кошќушко во чест на полскиот патриот Тадеуш Кошќушко.[54][55]
Во 1860 година, Бурк и Вилс биле првите кои го преминале континентот од југ до север (од Мелбурн до Карпентарискиот Залив. Затоа што немале вештини за движење низ грмушките, а не сакале да помош од локалните Абориџини, Бурк и Вилс умреле во 1861 година, откако се вратиле од Заливот до Куперс Крик (собирното место) за да сфатат дека другиот дел од нивната група заминале пред само неколку часа. Тие станале трагични херои на европските доселеници, на нивниот погреб имало над 50.000 луѓе, а нивната приказна била инспирација за многу книги, уметнички дела, филмови и претстави во популарната култура.[56][57]
Од автономија до федерација
[уреди | уреди извор]Колонијална самоуправа и златна треска
[уреди | уреди извор]Кон претставничка влада
[уреди | уреди извор]Империјалното законодавство во 1823 година предвидуваше Законодавниот совет номиниран од гувернерот на Нов Јужен Велс и нов Врховен суд, обезбедувајќи дополнителни ограничувања на моќта на гувернерите. Голем број истакнати колонијални фигури, вклучувајќи го и Вилијам Вентворт . водеше кампања за поголем степен на самоуправа, иако имаше поделеност околу степенот до кој идното законодавно тело треба да биде популарно избрано. Други главни прашања во јавната дебата за колонијалната самоуправа беа традиционалните британски политички права, земјишната политика, транспортот и дали на колониите со голема популација на осуденици и поранешни осуденици може да им се верува самоуправа. Австралиското патриотско здружение беше формирано во 1835 година за да промовира претставничка влада за Нов Јужен Велс.[58][59]
Зголемената имиграција на слободните доселеници, намалениот број на осуденици и зголемената популација од средната класа и работничката класа доведоа до дополнителна агитација за либерални и демократски реформи. Јавните состаноци во Аделаида во 1844 година побараа попретставителна влада за Јужна Австралија.[60] Уставното здружение, формирано во Сиднеј во 1848 година, повика на машко право на глас. Анти-транспортната лига, основана во Ван Дименовата Земја во 1849 година, исто така побара повеќе претставителна влада.[61] Во округот Порт Филип, агитацијата за претставничка влада беше тесно поврзана со барањата за независност од Нов Јужен Велс.[62]
Златните трески од 1850-тите
[уреди | уреди извор]Иако златото беше пронајдено во Австралија уште во 1823 година од геодет Џејмс Мекбрајан, златна треска започна кога Едвард Харгрејвс широко го објави своето откритие за злато во близина на Батурст, Нов Јужен Велс, во февруари 1851 година. Дополнителни откритија беа направени подоцна истата година во Викторија, каде што беа пронајдени најбогатите полиња со злато. Според британскиот закон, сите минерали припаѓале на круната, а гувернерите на Нов Јужен Велс и Викторија брзо воведоа закони насочени кон избегнување на нарушувањето поврзано со златната треска во Калифорнија од 1848 година. Двете колонии воведоа лиценца за ископување злато со месечен надоместок, при што приходите се користат за надоместување на трошоците за обезбедување инфраструктура, администрација и полициско следење на полињата со злато. Со оглед на тоа што големината на дозволените побарувања беше мала (6,1 метар квадратен), а голем дел од златото беше блиску до површината, системот за лиценцирање ги фаворизираше малите трагачи пред големите претпријатија.[63]
Златната треска првично предизвика одредени економски нарушувања, вклучително и инфлација на платите и цените и недостиг на работна сила, бидејќи машките работници се преселија на полињата со злато. Во 1852 година, машката популација на Јужна Австралија се намалила за три отсто, а на Тасманија за 17 отсто. Имигрантите од Обединетото Кралство, континентална Европа, Соединетите Американски Држави и Кина, исто така, се прелеаја во Викторија и Нов Јужен Велс. Австралиското население се зголемило од 430.000 во 1851 година на 1.170.000 во 1861 година. Викторија стана најнаселената колонија, а Мелбурн најголемиот град.[64][65]
Кинеската миграција беше посебна грижа за колонијалните службеници. Имаше 20.000 кинески рудари на викторијанските златни полиња до 1855 година и 13.000 на ископувањата во Нов Јужен Велс. Имаше широко распространето верување дека тие претставуваат опасност за животниот стандард и моралот на белата Австралија, а колонијалните влади одговорија со наметнување низа даноци, давачки и ограничувања за кинеските мигранти и жители. Антикинеските немири избувнаа на викторијанските златни полиња во 1856 година и во Нов Јужен Велс во 1860 година.[66]
Еурека залиха
[уреди | уреди извор]Изборите за полупретставничките Законодавни совети, одржани во Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Ван Дименовата Земја во 1851 година, произведоа поголем број либерални членови. Таа година, Законодавниот совет на Нов Јужен Велс поднесе петиција до британската влада барајќи самоуправа за колонијата. Антитранспортната лига, исто така, смета дека системот на осуденици е пречка за постигнување на самоуправување. Во 1852 година, британската влада објави дека транспортот на осудениците во Ван Дименовата Земја ќе престане и ги покани источните колонии да изготват устави кои овозможуваат одговорно самоуправување. Државниот секретар ја наведе социјалната и економската трансформација на колониите по откритијата на златото како еден од факторите што го прават самоуправувањето остварливо.[67]
Тајното гласање беше усвоено во Тасманија, Викторија и Јужна Австралија во 1856 година, по што следеа Нов Јужен Велс (1858), Квинсленд (1859) и Западна Австралија (1877). Јужна Австралија воведе универзално машко право на глас за својот долен дом во 1856 година, проследено со Викторија во 1857 година, Нов Јужен Велс (1858), Квинсленд (1872), Западна Австралија (1893) и Тасманија (1900). Квинсленд ги исклучи Абориџините Австралијци од гласање во 1885 година. Во Западна Австралија, имотната квалификација за гласање остана за Абориџините Австралијци, Азијците, Африканците и луѓето со мешано потекло.[68]
Долгиот бум (1860-1890)
[уреди | уреди извор]Земјиште реформа
[уреди | уреди извор]Периодот од 1850 до 1880 година доживеа заживување во оживувањето на грмушките . Првите грмушки биле избегани осуденици или поранешни осуденици во раните години на британското населување кои живееле самостојно во грмушката, честопати издржувајќи се со криминални активности. Раното поврзување на грмушката со слободата беше почеток на траен мит. Повторното оживување на грмушките од 1850-тите се потпира на поплаките на руралните сиромашни (неколку членови на бандата Кели, најпознатите бушрангери, беа синови на сиромашни мали фармери). Подвизите на Нед Кели и неговата банда собраа значителна поддршка од локалната заедница и широко покривање на националниот печат во тоа време. По апсењето и погубувањата на Кели за убиство во 1880 година, неговата приказна инспирираше бројни уметнички дела, литература и популарна култура и континуирана дебата за степенот до кој тој беше бунтовник кој се бореше против социјалната неправда и угнетувачката полиција, или криминалец-убиец.[69]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „A voyage of rediscovery about a voyage of rediscovery“. The Guardian. London. 26 March 2007. Посетено на 25 February 2016.
- ↑ McIntyre, K.G. (1977) The Secret Discovery of Australia, Portuguese ventures 200 years before Cook, Souvenir Press, Menindie ISBN 0-285-62303-6
- ↑ Robert J. King, "The Jagiellonian Globe, a Key to the Puzzle of Jave la Grande", The Globe: Journal of the Australian Map Circle, No. 62, 2009, pp. 1–50.
- ↑ Robert J. King, "Regio Patalis: Australia on the map in 1531?", The Portolan, Issue 82, Winter 2011, pp. 8–17.
- ↑ J.P. Sigmond and L.H. Zuiderbaan (1979) Dutch Discoveries of Australia. Rigby Ltd, Australia. pp. 19–30 ISBN 0-7270-0800-5
- ↑ King, Robert J. (2013). „Austrialia del Ispiritu Santo“. Mapping Our World: Terra Incognita To Australia. Canberra: National Library of Australia. стр. 106. ISBN 9780642278098. Посетено на 5 March 2015.
- ↑ „Early Knowledge of Australia“. Official Year Book of the Commonwealth of Australia 1901–1909, No. 3. Melbourne: Commonwealth Bureau of Census and Statistics. 1910. стр. 13. Посетено на 5 March 2015.
- ↑ „"Australia Felix."“. The Register. Adelaide: National Library of Australia. 26 January 1925. стр. 8. Посетено на 18 February 2012.
- ↑ „Torres, Luis Vaez de“. ADBonline.anu.edu.au. ADBonline.anu.edu.au. Посетено на 14 July 2011.
- ↑ „Interesting Historical Notes“. The Mercury. Hobart, Tas.: National Library of Australia. 9 October 1923. стр. 5. Посетено на 29 January 2012.
- ↑ Konishi, Shino; Nugent, Maria (2013). "Newcomers, c. 1600-1800". The Cambridge History of Australia, Volume I. pp. 49-50
- ↑ Cook, James, Journal of the HMS Endeavour, 1768–1771, National Library of Australia, Manuscripts Collection, MS 1, 22 August 1770
- ↑ Konishi, Shino; Nugent, Maria (2013). „Newcomers, c. 1600-1800“. The Cambridge History of Australia, Volume I. стр. 60–61.
- ↑ Ducksey C. C. Cowan and John C. Camm, Objects & History of the Voyage of Mm. Yves de Kerguelen and François Alesne de Saint Allouarn in the Australian Seas, Paris, 1934. Walter R. Bloom, "The role of a French ecu in the colonization of Western Australia", Journal of the Numismatic Association of Australia, Vol. 9, July 1998, pp. 34–42.
- ↑ Terra Australis Cognita, Edinburgh, 1766, Vol. I, pp. 10, 20–23.
- ↑ Christopher, Emma; Maxwell-Stewart, Hamish (2013). „Convict transportation in global context c. 1700-88“. The Cambridge History of Australia, Volume I. стр. 70–74.
- ↑ David Hill. (2008) 1788; The Brutal Truth of the First Fleet. pp. 9,11. William Heinemann, Australia ISBN 978-1-74166-797-4
- ↑ Christopher, Emma; Maxwell-Stewart, Hamish (2013). "Convict transportation in global context c. 1700-88". The Cambridge History of Australia, Volume I. pp. 78, 81
- ↑ Harold B. Carter, "Banks, Cook and the Eighteenth Century Natural History Tradition", in Tony Delamotte and Carl Bridge (eds.), Interpreting Australia: British Perceptions of Australia since 1788, London, Sir Robert Menzies Centre for Australian Studies, 1988, pp. 4–23.
- ↑ James Matra, 23 August 1783, National Archives, Kew, Colonial Office, Original Correspondence, CO 201/1: 57 61; reproduced in Jonathan King, "In the Beginning..." The Story of the Creation of Australia, From the Original Writings, Melbourne, Macmillan, 1985, p. 18.
- ↑ Matra to Fox, 2 April 1784. British Library, Add. Ms 47568; an abridgement of this second version of Matra's proposal was published in issues of The General Advertiser of 12, 13, 17 and 14October 1786, accessible at: www.nla.gov.au/app/eresources/item/3304
- ↑ Alan Frost, Convicts & Empire: A Naval Question, 1776–1811, Melbourne, Oxford U.P., 1980, pp.115–116, 129; Robert J. King, "'Ports of Shelter and refreshment...' Botany Bay and Norfolk Island in British Naval Strategy, 1786–1808", [Australian] Historical Studies, Vol.72, No. 87, 1986, pp. 199–213.
- ↑ James Matra, 23 August 1783, National Archives, Kew, Colonial Office, Original Correspondence, CO 201/1, ff. 57, 61; reproduced in Jonathan King, "In the Beginning..." The Story of the Creation of Australia, From the Original Writings, Melbourne, Macmillan, 1985, p. 18. After the intention to found a colony in New South Wales was announced, almost all the English newspapers published this passage from Matra's proposal, and from these it was widely copied in the press of other European countries and in the United States; see The Whitehall Evening Post and The General Advertiser of 12 October 1786; The London Chronicle, The Daily Universal Register, The Morning Chronicle and The Morning Post, of 13 October 1786; The Independent Gazetteer (PA), 2 January 1787; The Massachusetts Spy, 18 January 1787; The New Hampshire Spy, 16 January 1787; The Charleston Morning Post, 22 January 1787.
- ↑ These plans are discussed in Robert J. King, "Spanish America in 18th Century British Naval Strategy and the visit of Malaspina to New South Wales in 1793", in Actas del II Simposio de Historia Marítima y Naval Iberoamericano, noviembre 1993, Viña del Mar, Universidad Marítima de Chile, 1996, pp. 1–13; Robert J. King, "An Australian Perspective on the English Invasions of the Rio de la Plata in 1806 and 1807", International Journal of Naval History, Vol. 8, No. 1, April 2009 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-11-11. Посетено на 2021-12-19.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link); and in Alan Frost, "Shaking off the Spanish Yoke: British Schemes to Revolutionise Spanish America, 1739–1807", Margarette Lincoln, Science and Exploration in the Pacific: European Voyages to the Southern Oceans in the Eighteenth Century, Woodbridge, Boydell & Brewer, 2001, pp. 19–37.
- ↑ Alan Frost, The First Fleet: The Real Story, Melbourne, Black Inc., 2011. Rosalind Miles (2001) Who Cooked the Last Supper: The Women's History of the World Three Rivers Press. ISBN 0-609-80695-5 google books
- ↑ Peter Hill (2008) pp.141–50
- ↑ „SL/nsw.gov.au“. SL/nsw.gov.au. 9 October 2009. Архивирано од изворникот на 3 February 2013. Посетено на 14 July 2011.
- ↑ King, Robert J. "Norfolk Island: Phantasy and Reality, 1770–1814." The Great Circle, Vol. 25, No. 2, 2003, pp. 20–41.
- ↑ Macintyre (2020). p. 78
- ↑ Karskens, Grace (2013). „The early colonial presence, 1788-1822“. Во Bashford, Alison; MacIntyre, Stuart (уред.). The Cambridge History of Australia, Volume I, Indigenous and colonial Australia. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 90–114. ISBN 9781107011533.
- ↑ Macintyre (2020). pp. 46-48,
- ↑ Karskens, Grace (2013). "The early colonial presence, 1788-1822". In The Cambridge History of Australia, Volume I. p. 108.
- ↑ Russell, Penny (2013). „Gender and colonial society“. The Cambridge History of Australia, Volume I. стр. 464–65.
- ↑ Macintyre (2020). p. 65
- ↑ Macintyre (2020). pp. 84-85
- ↑ Shaw, A. G. L. (1983). The Story of Australia (Fifth. изд.). London: Faber and Faber. стр. 118–19. ISBN 0571180744.
- ↑ Macintyre (2020). pp. 85-86
- ↑ „King George's Sound Settlement“. State Records. State Records Authority of New South Wales. Архивирано од изворникот на 24 June 2014. Посетено на 14 May 2014.
- ↑ Ford, Lisa; Roberts, David Andrew (2013). p.73
- ↑ Macintyre (2020). pp. 86-87
- ↑ Ford, Lisa; Roberts, David Andrew (2013). pp. 139-40
- ↑ Macintyre (2020). pp. 87-88
- ↑ „Foundingdocs.gov.au“. Foundingdocs.gov.au. Архивирано од изворникот на 2 June 2011. Посетено на 14 July 2011.
- ↑ „Foundingdocs.gov.au“. Foundingdocs.gov.au. Архивирано од изворникот на 2 June 2011. Посетено на 14 July 2011.
- ↑ Macintyre (2020). p. 88
- ↑ Curthoys, Ann; Mitchell, Jessie (2013). „The advent of self-government“. The Cambridge History of Australia, Volume I. стр. 163–64.
- ↑ Shaw, A. G. L. (1983). pp. 137-38
- ↑ Karskens, Grace (2013). pp. 94, 112.
- ↑ Frost, Lionel (2013). „The economy“. The Cambridge History of Australia, Volume I. стр. 323.
- ↑ 50,0 50,1 Macrae, Keith. „Bass, George (1771–1803)“. Biography – George Bass – Australian Dictionary of Biography. Adbonline.anu.edu.au. Посетено на 14 July 2011.
- ↑ Karskens, Grace (2013). pp. 102, 108, 116
- ↑ Hume, Stuart H. (17 August 1960). „Hume, Hamilton (1797–1873)“. Biography – Hamilton Hume – Australian Dictionary of Biography. Adbonline.anu.edu.au. Посетено на 14 July 2011.
- ↑ H.J. Gibbney. „Sturt, Charles (1795–1869)“. Biography – Charles Sturt – Australian Dictionary of Biography. Adbonline.anu.edu.au. Посетено на 14 July 2011.
- ↑ Heney, Helen. „Strzelecki, Sir Paul Edmund de (1797–1873)“. Biography – Sir Paul Edmund de Strzelecki – Australian Dictionary of Biography. Adbonline.anu.edu.au. Посетено на 14 July 2011.
- ↑ „Paul Edmund de Strzelecki“. Australian Museum. 11 June 2021. Посетено на 22 July 2021.
- ↑ Macintyre (2020). pp. 109-10
- ↑ McDonald, John (2008). Art of Australia, Volume I, exploration to Federation. Sydney: Pan Macmillan. стр. 271–80. ISBN 9781405038690.
- ↑ Curthoys, Ann; Mitchell, Jessie (2013). „The advent of self-government“. The Cambridge History of Australia, Volume I. стр. 152–55.
- ↑ Shaw, A. G. L. (1983). pp. 89-93
- ↑ Gibbs, R. M. (1999). A History of South Australia (Third, revised. изд.). Mitcham: Southern Heritage. стр. 111–13. ISBN 9780646385952.
- ↑ Curthoys, Ann; Mitchell, Jessie (2013). "The advent of self-government". The Cambridge History of Australia, Volume I. pp. 155–56.
- ↑ Blainey, Geoffrey (2013). A History of Victoria. Melbourne: Cambridge University Press. стр. 40–41. ISBN 9781107691612.
- ↑ Goodman, David (2013). „The gold rushes of the 1850s“. The Cambridge History of Australia, Volume I. стр. 170–76.
- ↑ Macintyre, Stuart (2020). pp. 95-96
- ↑ Goodman, David (2013). "The gold rushes of the 1850s". The Cambridge History of Australia, Volume I. pp. 180-81
- ↑ Goodman, David (2013). "The gold rushes of the 1850s". The Cambridge History of Australia, Volume I. pp. 182-84
- ↑ Curthoys, Ann; Mitchell, Jessie (2013). "The advent of self-government". The Cambridge History of Australia, Volume I. pp. 159-60.
- ↑ Curthoys, Ann; Mitchell, Jessie (2013). "The advent of self-government". The Cambridge History of Australia, Volume I. pp. 160-65, 168
- ↑ Macintyre, Stuart (2020). pp. 47, 107-08