Игрите се одржале во време на големата економска криза, со што организацијата била отежната и делумно трошоците за организација биле покриени со приватни донации.
Игрите официјално биле прогласени за отворени од страна на гувернерот на Њујорк, Френклин Делано Рузвелт, кој истата година бил избран за претседател на САД.
Соња Хени го одбранила златото, освоено во уметничко лизгање во женска конкуренција од претходните игри. Златото го одбранила и француската спортска двојка Андре Жоли и Пјер Бруне, но истото не успеал да го направи Гилис Графстром, кој завршил втор, зад АвстриецотКарл Шрефер, со што не успеал да го освои и четвртото последователно злато на Олимписките игри.
Ирвинг Џафи победил во трките на 5000 и 10000 m во брзо лизгање, победувајќи го во трката на 10000 m првакот од претходните игри и актуелен светски рекордер Ивар Балангруд, со предност помала од 5 m.