Дипломатско право
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Дипломатското право е дел (гранка) на современото меѓународно право. Дипломатската дејност во сите нејзини форми и методи е сообразена со современото меѓународно јавно право. Дипломатијата како средство за надворешната политика на државата е тесно сврзана со меѓународните политички односи, посебно меѓународните односи на државите, а во поново време и со односите сврзани со дипломатски меѓународни организации и нивното функционирање. Како што е познато меѓународното јавно право во одредена гранка, претставува севкупност од правни норми, коишто ги регулираат односите меѓу субјектите на меѓународното право во таа гранка на право, па оттука дипломатското право регулира функциониранњето и статусот на дипломатската служба во странство. Во меѓународната доктрина, дипломатското право главно регулира статусот на дипломати и дипломатсите мисии и претставништва. Најголем дел од ова гранка на меѓународното право се однесува на привилегии и имунитетите на дипломати и дипломатсите мисии, претставништва (згради, инвентар, давачки и сл.), како и на привилегии и имунитетите на меѓународни организации и мисии на истите, или дипломатсите мисии на државите акредитирани кај овие организации.
Предмет
[уреди | уреди извор]Предмет на дипломатското право се оние меѓународни односи, коишто се сврзани со официјалната дејност на државните органи за надворешни односи, кога државните органи делуваат надвор од својата држава. Дипломатското право ја регулира дејноста на државата, сврзана со нејзините дипломатски претставници и мисии, односно формите за организација / дејствие, и посебно правната положба на дипломати и дипломатски претставништва, како и положба на претставништва на меѓународни организации и на мисиите на државите - членки акредитирани кај овие организации. Со оглед на дејствие, дипломатското право содржи генерално двонасочен процес: од една страна за испраќање на претставништва (активно дипломатско пратеништво),а од друга страна примање на претставништва (пасивно дипломатско пратеништво), односно класичното дипломатско право регулира права и обврските на двете страни (односно кај дипломатски органозации и повеќе од двете страни) што се однесува на правниот статус и работење и функции на дипломатските претставници и мисии и нивното седиште (а кај дипломатски меѓународни организации и на меѓународните функционери и службеници, седиштето на организацијата и мисиите на земјите при организацијата или органзациите).
Изворите на дипломатското право се дел од изворите на меѓународното право- меѓународниот договор и меѓународниот обичај. Основните документи на дипломатското право се Виенската конвенција за дипломатските односи (1961) и Виенската конвенција за конзуларните односи. Покај овие документи, и Конвенцијата на ООН за привилегии и имунитетите (1946) и Конвенцијата за специјализираните агенции на ООН за привилегиите и имунитетите (1947) претставуваат дипломатските инструменти.
Пракса
[уреди | уреди извор]Дипломатското право се бави пред се со имнунитете на дипломати и нивниот ранг и пред се заштитата од прогон и судење во државата во која е акредитиран. Од практиката е познато дека сврха на имунитетот (поврзан со статусот) е давање можност за вршење инкримисани дела или дела казниви со законот (генерално во скоја држава, но пред се и посебно во држава каде дипломатскиот агент е акредитиран). Овде не се работи само за повлстено купување стока или луксуз и шверцување истата преку "легализиран" канал или статус (те. дипломатските повалстици, како праван за шверц). Од модерната историја дознаваме, посебно од односите на "големи сили" обсервираме дека дипломатскиот статус и дипломатскиот пасош се дава на лица посебно оспособени за нелегално собирање информации и шпионажа на штета за другата страна (кај која лицето е акредитирано или е даден "агреман"). Со цел да се заштити дипломатското лице кое на ваков нелегален начин собира информации или регрутира други домашни лица за вршење шпионажа или други инкриминисани дејствија, лицето во амбасадата или во конулатпт е обезбедено со дипломатскиот статус кои подрзбира дека нема да одговара пред судовите на државата во која е извршено казнено дело. Оттаму основното правило за време и по "студената војна" е дека дипломатот може кривично да одговара само пред своите судови (во држава испракач), а не во страството, те. во државата која го прима и која даде согласност или агреман за прием на истиот. Правни дилеми најчесто се манифестираат кога лицето во амбасадата или во конулатпт е обезбедено само со службен пасош или тн. "службениот статус". Овде, од земја до земја постојат различни толкувања до која мерка службениот статус може да заштити лицето при вршење инкриминисани дејствија во полза на сопствената држава.
Литература
[уреди | уреди извор]- Игор Јанев, Дипломатија, Институт за политички студии, Белград, 2013, ISBN 978-86-7419-261-0
- Игор Јанев, Вовед во дипломатија, АГМ книга, Белград. 2015. ISBN 978-86-86363-64-0