Прејди на содржината

Грофовии во Ирска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Грофовиите (или окрузи) во Ирска (ирски: contaetha na hÉireann; англиски: Counties of Ireland; алстерски шкотски: coonties o Airlann) се историски и сегашни административни единици на месна самоуправа на островот, во рамките на две држави.

Карта на грофовиите на Ирска. Република Ирска е со зелено, а Северна Ирска е драп.КериАнтримЛондондериДаунАрмаЛаутТиронВексфордДаблинВиклоуМонаханДонеголФерманаВотерфордКоркЛимерикКлерКарлоуКилкениЛишТиперериМитКилдерКаванЛитримСлајгоРоскомонГолвејЛонгфордВестмитОфалиМејоМејо
Стиснете на грофовија за да отидете на соодветната статија

Во историјата, грофовијата имала задача да ја претставува централната кралска власт во областа на оданочувањето, безбедноста и судството на локално ниво. Најпрвин, за ова биле надлежни камбронормандските властелини, а потоа улогата му припаднала на староанглиското благородништво. Со слабеењето на моќта на властелините, во грофовиите биле воспоставени нови управни служби на тоа ниво.

Почнувајќи од раниот XIX век, грофовиите се прилагодени на тогашните административно-политички потреби. Некои од нив биле поделени на помали единици, а други загубиле дел од територијата кај поголемите градови со воспоставувањето на автономни градски совети. Грофовиите во Северна Ирска денес немаат никаква административна улога и се заменети со окрузите. Во Република Ирска пак, грофовиите се основна административна единица.

При поделбата на Ирска во 1921 г., грофовијата послужила како основна управна единица, заедно со околијата.

Список на грофовии

[уреди | уреди извор]

Првите 32 грофовии наведени на списокот се „традиционални“ грофовии, од кои 21 сè уште има административна функција на месна самоуправа во Република Ирска (во некои случаи со малку изменети граници). Поновите административни грофовии (окрузи) во Р. Ирска се наведени најдолу на табелата. Ирските називи на грофовиите во Р. Ирска се пропишани со министерски налог. Петте понови грофовии не го содржат зборот contae (грофовија).[1] Називите на алстерското шкотско наречје се изведени од Северно-јужниот министерски совет.[2]

Колоната за региони (освен кај шесте северноирски грофовии) се однесува на стататистичките региони NUTS 3 на Република Ирска. Под „административен центар“ се подразбира сегашен или поранешен главен град на грофовијата.

Градовите кои, во Р. Ирска, се под управа вон грофовиите, но имаат ист правен статус како грофовии, не се прикажани посебно: тоа се Корк, Даблин, Голвеј. Исто така не се прикажани поранешните грофовиски околии Лондондери (денес Дери) и Белфаст, кои во Северна Ирска уживале ист статус како шесте грофовии сè до преуредувањето на месната самоуправа во 1973 г.

Грб Грофовија Ирски[3] Англиски Алстерски шкотски Админ. центар Покраина Стат. регион Белешки

Традиционални грофовии

Антрим Aontroim
(Contae Aontroma)
Antrim Antrim[4] Балимена (порано
Керикфергус 1850-1970)
Алстер Северна Ирска
Арма Ard Mhacha
(Contae Ard Mhacha)
Armagh Armagh,[5] Airmagh[2] Арма Алстер Северна Ирска  
Вексфорд Loch Garman
(Contae Loch Garman)
Wexford Вексфорд Ленстер Југоисточен воедно и административна
Вестмит An Iarmhí
(Contae na hIarmhí)
Westmeath Малингар Ленстер Југоисточен воедно и административна
Виклоу Cill Mhantáin
(Contae Chill Mhantáin)
Wicklow Виклоу Ленстер Блискоисточен воедно и административна
Вотерфорд Port Láirge
(Contae Phort Láirge)
Waterford Wattèrford[2] Дангарван
(претходно Вотерфорд)
Манстер Југоисточен
Голвеј Gaillimh
(Contae na Gaillimhe)
Galway Голвеј Конахт   Западен
Даблин Áth Cliath
(Contae Átha Cliath)
Dublin Даблин Ленстер Даблински
Даун An Dún
(Contae an Dúin)
Down Doon[2][4] Даунпатрик Алстер Северна Ирска
Донегол Dún na nGall
(Contae Dhún na nGall)
Donegal Dunnygal[2] Лифорд Алстер Пограничен воедно и административна
Каван An Cabhán
(Contae an Chabháin)
Cavan Cavan[2] Каван Алстер Пограничен воедно и административна
Карлоу Ceatharlach
(Contae Cheatharlach)
Carlow Карлоу Ленстер Југоисточен воедно и административна
Кери Ciarraí
(Contae Chiarraí)
Kerry Трали Манстер Југозападен воедно и административна
Килдер Cill Dara
(Contae Chill Dara)
Kildare Kildare[2] Нејс Ленстер воедно и административна
Килкени Cill Chainnigh
(Contae Chill Chainnigh)
Kilkenny Килкени Ленстер Југоисточен воедно и административна
Клер An Clár
(Contae an Chláir)
Clare Clare[2] Енис Манстер Среднозападен воедно и административна
Корк Corcaigh
(Contae Chorcaí)
Cork Coark[2] Корк Манстер Југозападен прикажан е грбот на градот Корк — не постои грофовиски грб 
Лаут
(Contae Lú)
Louth Louth[2] Дандолк Ленстер Пограничен воедно и административна
Лимерик Luimneach
(Contae Luimnigh)
Limerick Lïmerick[2] Лимерик Манстер Среднозападен
Литрим Liatroim
(Contae Liatroma)
Leitrim Leitrim[2] Карик на Шанон Конахт Пограничен воедно и административна
Лиш Laois
(Contae Laoise)
Laois Портлише Ленстер Средиштен воедно и административна
Лонгфорд An Longfort
(Contae an Longfoirt)
Longford Langfurd[2] Лонгфорд Ленстер Средиштен воедно и административна
Лондондери[6] Doire
(Contae Dhoire)
Londonderry Lunnonderrie[2] Колрејн Алстер Северна Ирска
Мејо Maigh Eo
(Contae Mhaigh Eo)
Mayo Каслбар Конахт Западен воедно и административна
Мит An Mhí
(Contae na Mí)
Meath Наван
(претходно Трим)
Ленстер Блискоисточен воедно и административна
Монахан Muineachán
(Contae Mhuineacháin)
Monaghan Monaghan[2] Монахан Алстер Пограничен воедно и административна
Офали Uíbh Fhailí
(Contae Uíbh Fhailí)
Offaly Таламор Ленстер Средиштен воедно и административна
Роскомон Ros Comáin
(Contae Ros Comáin)
Roscommon Roscommon[2] Роскомон Конахт Западен воедно и административна
Слајго Sligeach
(Contae Shligigh)
Sligo Слајго Конахт Пограничен воедно и административна
Типерери Tiobraid Árann
(Contae Thiobraid Árann)
Tipperary Клонмел и (порано) Кашел  Манстер нема
(вид. фуснота)
Тирон Tír Eoghain
(Contae Thír Eoghain)
Tyrone Owenslann,[7] Tyrone[2] Ома Алстер Северна Ирска
Фермана Fear Manach
(Contae Fhear Manach)
Fermanagh Fermanagh[2] Енискилен Алстер Северна Ирска

Понови административни грофовии

Дан Лири-Ратдаун Dún Laoghaire–Ráth an Dúin Dún Laoghaire–Rathdown Дун Лере Ленстер Даблински
Јужен Даблин Áth Cliath Theas South Dublin Тала Ленстер Даблински
Фингал Fine Gall Fingal Сордс Ленстер Даблински

Напомена: нема наведено регион за грофовијата Типерери, бидејќи истата е заменета со денешните административни грофовии Северен и Јужен Типерери пред воведувањето на статистичките региони на NUTS, кои припаѓаат на засебни региони.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Министерски налог, 2003 со кој се пропишуваат ирските топоними Неважечки јазичен код. (англиски)
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 2,17 Северно-јужен министерски совет. „За Северно-јужниот министерски совет“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-02-27. Посетено на 21 мај 2012. (алстерски шкотски)
  3. Gasaitéar na hÉireann / Gazetteer of Ireland. Dublin: Brainse Logainmneacha na Suirbhéireachta Ordanáis / Placenames Branch of the Ordnance Survey. 1989. ISBN 070760076 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  4. 4,0 4,1 Ulster Scots Language Society. „About Us“. Посетено на 21 мај 2012.
  5. Department of the Environment Northern Ireland. „Navan Fort, Ulster-Scots Translation“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-04-25. Посетено на 2012-06-07.
  6. Лондондери често се нарекува Дери (Derry)
  7. Dungannon Borough Council. „Fair faa ye tae Rathgannon Sooth Owenslann Burgh Cooncil (Welcome to the Dungannon and South Tyrone Borough Council)“. Архивирано од изворникот на 2013-04-08. Посетено на 21 мај 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]