Прејди на содржината

Граблива птица

Од Википедија — слободната енциклопедија

Граблива птица или птица-грабливкаптица која лови (за храна) користејќи ги главно канџите. Нивна одлика е закривениот врв на клунот и одличниот вид.

Дневните грабливи птици припаѓаат на редовите орли и соколовидни во неколку групи:

Ноќните грабливи птици (утки) се посебни и припаѓаат на свој ред.

Иако други групи на птици може да имаат слични еколошки улоги и на прв поглед понекогаш изгледаат сродни, ова главно се должи на конвергентна еволуција.

Поделба по име

[уреди | уреди извор]
  • орли — големи птици со долги, широки крилја и големи нозе.
  • соколи — мали до средни грабливки со долги зашилени крилја. За разлика од највеќето други грабливи птици, овие им припаѓаат на Соколите, а не на Јастребите. Многу од нив се особено брзи летачи. Тие не градат свои гнезда, туку се гнездат во стари гезда од други птици или пак несат јајца на рабовите од карпите или во шуплините од дрвата.
  • утки — ноќни ловци со разни големини. Летаат бесшумно и имаат многу остар вид и слух.
  • еи — големи, тенки јастреболики птици со долги опашки и долги тенки нозе. Највеќето ловат со едрење и кружење ниско над пасишта и мочуришта.
  • јастреби се грабливки од средна големина кои му припаѓаат на редот Јастреби. Живеат главно во шумовити предели и ловат со ненадејни излети од скривалишта. Обично имаат долги опашки.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]