Прејди на содржината

Ѓорѓи I (Грција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Георгиос I)
Ѓорѓи I
Γεώργιος A', Βασιλεύς των Ελλήνων
Крал на Елените
На престол30 март 1863 – 18 март 1913
ПретходникОтон
НаследникКонстантин I
Почивалиште
Кралски гробишта, Атина
СопружникОлга Константиновна
ДецаКонстантин I
Принц Георги
Принцеза Александра
Принц Никола
Принцеза Марија
Принцеза Олга
Принц Андреј
Принц Кристофер
ДинастијаДинастија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург
ТаткоКристијан IX
МајкаЛујза Хесенска
ПотписЃорѓи I Γεώργιος A', Βασιλεύς των Ελλήνων's signature

Ѓорѓи I (грчки: Γεώργιος A', Βασιλεύς των Ελλήνων, Geōrgios A',Vasileús tōn Ellēnōn; роден на 24 декември 1845 во Копенхаген– починал на 18 март 1913 во Солун) бил крал на Грција во периодот од 1863 до 1913 година.

По прогонувањето на Отон I, во Грција биле одржани избори. Во март 1864 година бил донесен нов устав, изработен по модел на белгискиот устав. Според него, народот имал висок суверенитет, законодавната власт се состоела од Национално собрание, право на глас имале мажите кои наполниле 21-годишна возраст и имале имот. Извршната власт му припаѓала на кралот, но кралските наредби станувале валидни само по одобрувањето им од ресорниот министер. Во меѓувреме биле водени преговори за избор на нов крал. Круната била нудена на неколку кнезови, но како услов се барало пристап до Јонските Острови на Грција. Така, на грчкиот престол застанал данскиот принц Георг, кој во октомври 1863 година пристигнал во Атина и бил крунисан под името Ѓорѓи I.

Ѓорѓи бил првиот крал на Грција од династијата Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург, син на данскиот крал Кристијан IX. Кога данскиот принц застанал на грчкиот престол, тој имал само 17 години. Во 1867 година Ѓорѓи I се оженил за големата кнегиња Олга Константиновна (1851-1926) од руската династија Романови. Тие се венчале во 1867 година.

Инаку, како прв монарх на новата грчка династија, владеењето на Ѓорѓи I од речиси 50 години (најдолга во историјата на современата Грција) се одликува со големи територијални придобивки на Грција, која земјата ги добила до започнувањето на Првата светска војна. Тој бил убиен во Солун, во времето на Првата балканска војна, од страна на Александрос Схинас, грчки анархист.

Наследник на Ѓорѓи I бил неговиот син, Константин I.

  1. Во времето кога кралот починал, кралот с уште бил под власта на Отоманската И мперија. По потпишувањето на Букурешкиот мировен договор во 1913 година, градот бил вклучен во составот на Грција.