Викрамска ера
Викрамска ера (Викрам самват; деванагари: विक्रम सम्वत्) (со кратенка В.С. или Б.С.) — календар кој бил воспоставен од страна на царот Викрамадитја. Овој календар се состои од месечеви месеци и сончева ѕвездена година. Станува збор за официјалниот календар на Непал, кои се нарекува и Бикрам самват, но се пресметува со употреба на тропската година.
За Викрама самават се вели дека бил создаден од императорот Викрамадитја од Уџајин[1] по неговата победа над Саките во 56 година п.н.е., најчесто ( но погрешно ) се поврзува со наредниот крал Чандрагупта Викрамадитја. Станува збор за месечев календар заснован на хиндуистичката традиција (Погледајте хиндуистички календар и Ведското сметање на времето). Викрамската ера е 56,7 години понапред во броењето на времето во споредба со сончевиот грегоријански календар. На пример, годината 2056 БС започнала во 1999 а завршила во 2000 година. Новата година започнува со првиот ден по младата месечина, со месецот чаитра, чаитра шуда 1 или чаитра шукла пакша пратама, што обично се паѓа во март-април во грегоријанскиот календар. Деветодневниот фестивал Наваратри започнува на овој ден, достигнувајќи го максималното славје на денот рам навми. Во Непал, започнува во средината на април и го одбележува почетокот на новата сончева година.
Во Индија, се користи обновениот Сака календар, во хиндуистичката верзија на преамбулата при создавањето на уставот на Индија, датумот на прифаќањето на уставот 26 ноември 1949 година е запишан со употреба на викрамската ера (магшерш шукла саптами самват 2006). Постојат барања за замена на индискиот национален календар со викрамската ера.[2]
Месеци
[уреди | уреди извор]
Непалски[уреди | уреди извор]
|
Историја
[уреди | уреди извор]Овој календар своето име го добил по првичното име според раџпутскиот крал Викрамадитја од Уџајин од династијата Парамара. По процутот на олигарсите Рана во Непал, викранската ера започнува неофицијално да се користи заедно да се употребува со официјалниот календар на сачкара ера. Сачката ера престанала да се користи во 1823 година и бил заменет со викрамската ера и е во официјална употреба од тој датум. Викрамската ера започнала да се користи во 1958 година од своето постоење. Овој календар се користел во западна Индија, и таму се нарекува „Викрам самват“.
Датумот треба да ја претставува победата на кралот Викрамадитја над Саките, кои извршиле инвазија во Уџајин. Алтернативно, се смета од некои научници дека овој календар одговара на Азешка ера, односно владеењето на индо-скитскиот крал Азес I, но ова денес е целоно отфрлено од страна на Фалк и Бенет кои ја сместуваат Азешката ера во 47/46 година п.н.е.[3]
Приказната е опишана во „Калакачарја Катанака“, подоцнежно дело на џаинистички мудрец по име Махешара Сури. Катанака ја кажува приказната за познатиот џаинистички монах Калакачарја. Во делото се споменува дека Гандарвасен, тогашниот моќен крал на Уџајин, грабнал монахиња со име Сарасвасти кој била сестра на монахот. Збеснатиот монах ја побарал помошта од владетелот Сака, Сахин, во Сакастана. И покрај малите шанси (помогнат со чуда) кралот Сака го победил, Гандарвасен и истиот го заробил. Саравасти се вратила во манастирот, а на Гандарвасен му било простено. Поразениот крал се повлекол во шумата, каде бил убиен од тигар. Неговиот син, Викрамадитја, кој израснал во шумата, морал да владее од Пратиштана (современа Махараштра). Подоцна, Викрамадитја го нападнал Уџајин и ги избркал Саките. За да го одбележи овој настан, вовњел нова ера која ја нарекол Викрамова ера. Оваа приказна на некој начин е испомешана, бидејќи Викрамадитја своето владение го започнал од Уџајин, а не од Пратиштана. Уџајинскиот календар започнал околу 56 до 58 година п.н.е., а подоцнежниот календар на сачката ера започнал да се користи во 78 година во Пратиштан.
Култура
[уреди | уреди извор]Традиционалната Нова година или „Бикрам самват“ е еден од многуте фестивали во Непал, кој се слави со забави, семејни собирања, разменување на добри желби, и учеството во ритуали за да се осигура добрата среќа во наредната година. Се случува во средината на април секоја година, и се поклопува со традиционалната нова година во Асам, Бенгал, Мјанмар, Камбоџа, Керала, Кашмир, Манипур, Ориса, Пенџаб, Шриланка, Тамил Наду и Тајланд.
Покрај во Непал, викрамската ера се користи и во северна Индија, источна Индија, и во Гуџарат меѓу хиндусите. Во будистичките заедници, месецот баишах се поврзува со весак, познат како висаках пуџа или Буда пурнима во Непал, Индија и Бангладеш, вишаха буча во Тајланд, ваисак во Индонезија и вешак во Шриланка и Малезија. Го одбележува раѓањето, просветлувањето и смртта на Гаутама Буда на првата полна месечина во првиот ден на мај, освен во престапните години кога фестивалот се одржува во јуни. Овој фестивал не се одржува во истиот ден како Пахела Баишах, овие празници се преклопуваат во (баишах) во будистичките календари во Бенгал, Хинду, и Теравада, и се поврзани историски преку ширењето на Хиндуизмот и Будизмот во јужна Азија.
Во Гуџарат, вториот ден од дивали се слави како првиот ден од викрамската ера, кој е всушност првиот ден на месецот картик.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Encyclopædia of India and of Eastern and Southern Asia by Edward Balfour, B. Quaritch 1885, p.502.
- ↑ {{cite news|title=Vikram Samvat should be declared national calendar|url=http://freepressjournal.in/vikram-samvat-should-be-declared-national-calendar/%7Caccessdate=28 March 2012|newspaper=[[The Free Press Journal|date=15 February 2012}}
- ↑ Falk and Bennett (2009), pp. 197-215.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Nepali Calendar
- Official Nepali Calendar
- Harry Falk and Chris Bennett (2009). �Macedonian Intercalary Months and the Era of Azes.� Acta Orientalia 70, pp. 197–215.
- "The Dynastic Art of the Kushan", John Rosenfield.
- http://lawmin.nic.in/coi/preamble.pdf
- Nepali Calendar
|