Прејди на содржината

Везер

Координати: 53°32′8″N 8°33′56″E / 53.53556° СГШ; 8.56556° ИГД / 53.53556; 8.56556
Од Википедија — слободната енциклопедија
53°32′8″N 8°33′56″E / 53.53556° СГШ; 8.56556° ИГД / 53.53556; 8.56556
Везер
Weser
Werser
Река
Везер кај Бад Ејнхаузен
Земја  Германија
Покраини Бремен, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија, Тирингија, Хесен
Притоки
 - леви Димел, Емер, Вере, Гросе Ауе, Хунте
 - десни Алер, Лезум
Градови Бремерхафен, Бремен, Минден, Хамелн, Хан. Минден, Касел, Фулда
Извор
 - место Вливот на Фулда и Вера во Хан
 - височина 116 м
 - координати 51°25′17″N 9°38′53″E / 51.42139° СГШ; 9.64806° ИГД / 51.42139; 9.64806
Утока Ваденско Море/Северно Море
 - местоположба Бремерхафен/Норденхам
 - височина м
 - координати 53°32′8″N 8°33′56″E / 53.53556° СГШ; 8.56556° ИГД / 53.53556; 8.56556
Должина 452 км
Слив 46.306 км2
Истек
 - просечен 327 м3
Речното подрачје на Везер
Речното подрачје на Везер
Речното подрачје на Везер

Везер (германски: Weser, долногермански: Werser)[1]река во северозападна Германија. Почнува од Хановерски Минден со влевање на реките Фулда и Вера, па тече низ Долна Саксонија, минува низ Бремен и истекува во Северното Море кај Бремерхафен. На спротивниот (западен) брег се наоѓа градот Норденхам на подножјето на полуостровот Бутјадинген; така, устието нареката се наоѓа во Долна Саксонија. Реката е долга 452 км, а ако се брои и притока Вера, вкупната должина изнесува 744 км.

Реката Везер е најдолгата река во Германија што се влева во море, а чие течение целосно се наоѓа во Германија.

Горното течение минува низ ридскиот крај наречен Везерско Средногорје. Се протега од вливот на Фулда и Вера до клисурата Порта Вестфалика, меѓу Виенското на запад и Везерското Средногорје на исток.

На потегот од Минден до Северното Море, реката е претежно канализирана, овозможувајќи го сообраќајот на бродови до 1.200 тони. На потегот има осум хидроелектрани. Поврзана е со каналот Дортмунд-Емс преку Крајбрежниот Канал (Кистен), а има и уште еден канал што се спојува со него кај Бремерхафен и го поврзува со реката Елба. Водостојот се на Везер се регулира со голема акумулација на реката Едра (главна притока на Фулда), со цел да се обезбеди достатна длабочина за бродовите во текот на целата година. Во 1943 браната била бомбардирана и уништена од Британците, причинувајќи огромни разорни штети и 70 човечки жртви, но била преградена за само неколку месеци. Денес акумулацијата на Едра е познато летувалиште и дава значајна количина на хидроенергија.

Светилникот „Алте Везер“

Везер се влева во Северното Море во најјужниот дел на Германскиот Залив. Во самото море, течението се дели на два ракава, што го претставуваат некогашното корито од последното ледено време. Овие морски ракави се нарекуваат „Стар Везер“ (Alte Weser) и Нов Везер (Neue Weser). Најсеверната точка на Везер ја бележи светилникот „Алте Везер“, кој во 1964 г. го заменил попознатиот постар светилник „Ротер Занд“.

Најголема притока на Везер е реката Алер, која се влева во него јужно од Бремен. The tributaries of the Weser and the Werra (од изворот до устието) are:

Позначајни населени места

[уреди | уреди извор]

Позначајни населени места по течението на Везер (низводно) се: Хан, Беверунген, Хекстер, Холцминден, Боденвердер, Хамелн, Хесиш Олдендорг, Ринтелн, Флото, Бад Ејнхаузен, Порта Вестфалика, Минден, Петерсхаген, Нинбург, Ахим, Бремен, Браке, Норденхам и Бремерхафен.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Dieter Berger: Geographische Namen in Deutschland. Duden-Verlag, Mannheim 1999.
  • Hans Krahe: Sprache und Vorzeit. Quelle & Meyer, Heidelberg 1954. (Zur alteur
  • Kuratorium für Forschung im Küsteningenieurswesen: Die Küste. Во: Archiv für Forschung und Technik an der Nord- und Ostsee. Boyens, Heide 51.1991. ISSN 0452-7739
  • Karl Löbe: Das Weserbuch. Niemeyer, Hameln 1968.
  • Nils Aschenbeck, Wolf Dietmar Stock: Eine Flussfahrt von der Aller bis zur Nordsee. Atelier im Bauernhaus, Fischerhude 1998. ISBN 3-88132-350-3.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]