Прејди на содржината

Брухе

Координати: 51°12′32″N 03°13′27″E / 51.20889° СГШ; 3.22417° ИГД / 51.20889; 3.22417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Брухе или Бриж
Brugge  (холандски)
општина
Поглед на југозапад од камбанаријата, со Богородичната црква и катедралата Св. Спас во позадина
Поглед на југозапад од камбанаријата, со Богородичната црква и катедралата Св. Спас во позадина
View from the Rozenhoedkaai with the belfry in the background
Поглед на канал со камбанаријата во позадина
Zeebrugge beach and outer port
Плажата и пристаништето Зебрухе
Знаме на Брухе или БрижГрб на Брухе или Бриж
ЗемјаБелгија
ЗаедницаФламанска
ОбластФламанска
ПокраинаЗападна Фландрија
ОкругБрухе
Управа
 • ГрадоначалникДирк де Фау (ХД&Фото)
 • Влад. парт.Христијано-демократска и фламанска, Социјалистичка партија, Отворени фламански демократи и либерали
Површина
 • Вкупна138,40 км2 (5,340 ми2)
Население (2018-01-01)[1]
 • Вкупно118.284
 • Густина8,5/км2 (22/ми2)
Пошт. бр.8000, 8200, 8310, 8380
Повик. бр.050
Мреж. местоvisitbruges.be

Брухе или Бриж (фламански или холандски Brugge [brʏɣə]; француски Bruges [bʁyːʒ]) — главен град и најголем град на Западна Фландрија во регионот Фландрија во Белгија, кој се наоѓа на северозапад од земјата.

Површината на целиот град изнесува повеќе од 13.840 хектари, од кои 1.075 хектари се крајбрежно земјиште, во крајот Зебрухе (од Brugge aan zee, што значи „Брухе покрај море“). Историското средиште на градот, со големина од околу 430 хектари, е на списокот на светско наследство на УНЕСКО[2]. Градот има 117.073 жители (01.01.2008), од кои околу 20.000 живеат во средиштето на градот. Метрополитенската област зафаќа површина од 616 km² и на 1 јануари 2008 година имала население од 255.844 жители.

Брухе се нарекува Венеција на Северот како што е случајот и со некои други градови со канали, на пример Амстердам. Градот е економски важен поради неговото пристаниште и некогаш бил еден од главните трговски градови во светот.[3] [4] Брухе е познат како седиште на Универзитетот на Европа (Колеџ на Европа), елитен универзитетски институт за постдипломски европски студии, кој се смета за „Оксмст на ЕУ“.[5]

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Местото првпат се споменува во записи како Bruggas, Brvggas, Brvccia во 840-875 година, потоа како Bruciam, Bruciam (892), Brutgis uico (кон крајот на 9 век) и porto Bruggensi (1010), Bruggis (1012), Bricge (1037 во англосаксонска хроника), Brugensis (1046), Brycge (1049–1052, повторно во англосаксонската хроника), Brugias (1072), Bruges (1080–1085), Bruggas (1084), Brugis (1089) и Brugge (1116).[6]

Името најверојатно доаѓа од старoхоландски јазик за „мост“ - brugga. Зборот исто така може да се спореди со среднохоландскиот brucge, brugge (или brugghe, brigghe, bregghe, brogghe ) и модерниот холандски bruggehoofd („мост“) и brug („мост“).[7] Обликот brugghe би била јужнохоландска верзија.[8] Холандскиот збор доаѓа од прагерманскиот облик *brugjǭ .[9]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во праисториските времиња, Брухе бил крајбрежна населба. Развојот на средновековниот град не е поврзан со населбите од бронзеното и железното време. Првите утврдувања биле изградени во областа Брухе кога Јулиј Цезар го освоил галското племе Менапијци во 1 век пр.н.е. за да ја заштити крајбрежната област од пирати. Франките го презеле целиот регион од романизираните Гали околу 4 век и го управувале како регион на Фландрија (pagus Flandrensis). Викиншките напади во 9 век го поттикнале грофот Болдвин I од Фландрија да ги зацврсти римските утврдувања. Во тоа време во Англија и Скандинавија цветала трговијата. Раносредновековната населба била основана во 9 и 10 век.

Златна доба (12 до 15 век)

[уреди | уреди извор]
Маркт (плоштад)

Брухе станал важен поради плимата и осеката, кои биле важни за месната трговија. Заливот бил наречен Златен Залив.[10] На 27 јули 1128 година ја добил својата градска повелба. Биле изградени нови ѕидини и канали. Во 1089 година станал главен град на грофовијата Фландрија. Постепеното затрупување предизвикало градот да го изгуби непосредниот пристап до морето во 1050 година. Меѓутоа, по невремето во 1134 година, во Цвин настанал природен канал и повторно бил овозможен пристап до морето (Цвин е природен резерват на брегот на Северното Море, на белгиско-холандската граница, кој се состои од источната област на поранешниот плимски залив, кој во средниот век го поврзувал Северното Море со пристаништата Слуис и Брухе во внатрешноста - тој е заштитен со Рамсарската конвенција[11]). Новиот морски ракавец се протегал сè до градот Дам, кој станал трговска станица за Брухе.

Трговија

[уреди | уреди извор]

Брухе имал стратешка местоположба на раскрсницата на северната Ханзеатска лига и јужните трговски патишта. Веќе на почетокот на 13 век, бил вклучен во фламанските и француските текстилни саеми. Но, кога пропаднале старите саеми, претприемачите од Брухе повеќе зацврснале. Ги обновиле саемите, усвојувајќи нови облици на трговски капитализам, со повеќе трговци кои ги споделувале ризиците и добивките и го здружиле своето знаење за трговијата. Од Италија вовеле или усвоиле нови облици на економска размена, вклучувајќи меници (т.е. задолжници) и акредитиви[12]. Градот ги примил странските трговци, главно Португалци, кои продавале бибер и други зачини.[13]

Замокот Брухе, насликан околу 1691-1700 година, Јан Баптист ван Меунинкхов

Со оживувањето на градскиот живот во 12 век, под засолништето на градските ѕидини се развиле пазар за волна, пазар за ткаење на волна и пазар за ткаенини, а вишокот безбедно се собирал под покровителство на фландрискиот гроф. Месните претприемачи постигнале економска колонизација на англиските и шкотските[14]. Англиските врски носеле жито од Нормандија и вино во Гасконија. Ханзеатските бродови го исполниле пристаништето, кое морало да се прошири од Дам до Слајс за да се сместат новите бродови. Во 1277 година, првата трговска флота од Џенова пристигнала во пристаништето и Брухе станал главната врска за трговија во Средоземјето. Овој развој ја отворил не само трговијата со зачини од Левант, туку и напредните трговски и финансиски методи и наплив на капитал кој наскоро го презел банкарството во Брухе. Берзата започнала во 1309 година (веројатно првата берза во светот) и се развила во најмодерниот пазар на пари во земјите од денешен Бенелукс во 14 век. Кога венецијанските галии за прв пат се појавиле во 1314 година, веќе било доцна.[15] Многу странски трговци веќе биле пречекани во Брухе, како што се кастилските трговци со волна кои пристигнале во 13 век. По завршувањето на кастилскиот монопол на волна, Баскијците кои се преселиле од Билбао биле многу успешни како трговци (волна, железо, итн.). Во средината на 15 век, тие го основале својот деловен конзулат во Брухе.[16] Странските трговци ги прошириле трговските области на градот. Одржувале посебни заедници управувани по нивни сопствени закони до економската пропаст по 1700 година.

Стара улица во Брухе со кулата на Богородичната црква во позадина

Овој вид на богатство довело до општествени потреси контролирани од милицијата. Во 1302 година, по ноќниот масакр на францускиот гарнизон во Брухе, што го извеле членовите на месната фламанска милиција на 18 мај 1302 година (brugse metten), населението се обединило со фландрискиот гроф против Французите, што завршило на 11 јули со победа во битката кај Кортријк. Кипот на Јан Брејдел и Питер де Конинк, водачите на востанието, се наоѓа на Големиот плоштад. Градот ја одржувал милицијата како постојано паравоено тело. Стекнала флексибилност и висока репутација преку блиските врски со еснафот на организирана милиција, кој се состоел од специјалисти и специјализирани единици. Членовите на милицијата го купувале и одржувале оружјето и оклопот според нивната општествена состојба и нивното богатство.

Канал во Брухе

На крајот на 14 век, градот Брухе станал еден од четирите членови на Фландрија (холандски Vier Leden), заедно со градовите Брухе Врије, Гент и Ипр. Заедно воспоставиле парламент, но често се карале.[17]

Филип Добриот, војводата од Бургундија, во 15 век основал двор во Брухе, Брисел и Лил и привлекол многу уметници, банкари и други значајни личности од цела Европа.[18] Ткајачите и предачите на Брухе биле најдобри во светот, а населението на Брухе се зголемило на најмалку 125.000 и веројатно 200.000 во ова време околу 1400 година.

Новата техника на маслено сликарство на фламанската школа станала светски позната. Првата книга отпечатена на англиски ја објавил Вилијам Кекстон во Брухе. Тоа се случило во времето кога Едвард IV и Ричард III живееле овде во егзил.

Назадување по 1500 година

[уреди | уреди извор]
Брухе на мапата на Ферарис (околу 1775 година)

Почнувајќи од околу 1500 година, Цвинскиот Канал (Златниот Залив) му донел благосостојба на градот, но набрзо почнал да стишува и златната доба завршила. Градот набрзо заостанувал зад Антверпен, кој станал економски водач на земјите во областа на денешен Бенелукс. Во 17 век, производството на чипка се намалило. Биле правени различни напори да се врати убавото минато. Во 1960-тите, градот бил прибежиште за Чарлс II и неговиот двор во прогонство.[19] Поморската инфраструктура била модерна, биле воспоставени нови морски врски, но без голем успех бидејќи Антверпен станувал сè помоќен. Брухе осиромашил и постепено ја изгубил својата важност. Населението се намалило од 200.000 на 50.000 до 1900 година.

Симболистот Џорџ Роденбах го нарекол „заспаниот град“ во неговиот роман Бриж-ла-Морт, по кој била приредена операта Die tote Stadt (Мртвиот град) на Ерих Волфганг Корнголд.[20]

19 век и подоцна: оживување

[уреди | уреди извор]
На разгледницата е прикажана Краненбуршката куќа [21]

Во последната половина на 19 век, Брухе станал занимлива туристичка цел, привлекувајќи богати британски и француски туристи. До 1909 година дејствувало Здружението за унапредување на туризмот.[22]

Во Првата светска војна, германските сили го зазеле Брухе, но градот не бил оштетен. Бил ослободен од Сојузниците на 19 октомври 1918 година. Во 1940 година, за време на Втората светска војна, градот повторно бил заземен од Германците и повторно бил поштеден од уништување. На 12 септември 1944 година бил ослободен од канадски војници.

По 1965 година, првобитниот средновековен град доживеал преродба. Обновата на станбени и деловни објекти, историски споменици и цркви довеле до зголемување на туризмот и економските активности во средиштето на стариот град. Меѓународниот туризам процветал, а новите напори на Брухе му ја донеле титулата Европска престолнина на културата во 2002 година. Годишно го посетуваат околу 2 милиони туристи.

Пристаништето Зебрухе е изградено во 1907 година. Германците го користеле за своите подморници во Првата светска војна. Во 1970-тите и раните 1980-ти, тој значително се проширил и станал едно од најважните и најмодерни европски пристаништа.

Географија

[уреди | уреди извор]
Општина Брухе

Општината Брухе ги опфаќа:

  • историското градско јадро на Брухе, Синт-Јозеф и Синт-Питерс (I)
  • Кулкерке (II)
  • Синт-Андрис (III)
  • Синт-Михиелс (IV)
  • Асеброек (V)
  • Синт Кроа (VI)
  • Дуџеле (VII)
  • Лисевеге (со Зебруге и Званкендам) (VIII)

Знаменитости

[уреди | уреди извор]

Најголем дел од својата средновековна архитектура на Брухе е недопрена, што го прави еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа. Историското средиште е на Списокот на светско наследство на УНЕСКО од 2000 година[23]. Многу од нејзините средновековни градби се важни, вклучувајќи ја и Богородичната црква, чија камбанарија од тули е висока 122,3 м и е една од најголемите кули од тули во светот. Кипот на Марија и Младенецот, која може да се види во трансептот, се вели дека е единствениот кип на Микеланџело што ја напуштил Италија.

Најпозната знаменитост е камбанаријата од 13 век, во која се наоѓа општинскиот каријон со 48 ѕвона. Градот сè уште вработува каријонист со полно работно време, кој редовно приредува бесплатни концерти.

Други познати градби се:

  • Манастирот
  • Базилика на Светата крв (холандски: Heilig-Bloedbasiliek ). Реликвијата на Светата крв, донесена во градот од Тјери од Алзас по Втората крстоносна војна, секоја година се носи низ улиците на градот. Повеќе од 1.600 жители учествуваат во оваа долга верска поворка, многумина облечени како средновековни витези или крстоносци
  • модерна концертна сала (Concertgebouw)
  • старата болница Свети Јован
  • Катедралата Свети Спас
  • Музејот Гронинг, кој има голема колекција на средновековна и рана модерна уметност со забележителна збирка на дела на фламанските мајстори. Различни мајстори, вклучувајќи ги Ханс Мемлинг и Јан ван Ејк, живееле и работеле во Брухе
  • Градското собрание на плоштадот Бург (Брухе)
  • селскиот суд (Provinciaal Hof )
  • зачувани стари градски порти: Круиспорт, Гентпорт, Смеденпорт и Езелпорт. Исчезнале Дампорт, Кателијнепорт и Боверипорт

Меѓународна соработка

[уреди | уреди извор]

Во начело, Брухе никогаш до денес не започнал блиска соработка со збратимени градови. Главната причина е што би било тешко да се избере помеѓу градови и веќе има доволно работа со други меѓународни контакти. Затоа, во 1950-тите, градот одбил збратимување со Ница и други градови, што белгискиот амбасадор го потпишал без претходна консултација. Во 1970-тите, белгискиот конзул во Олденбург потпишал декларација за пријателство со градоначалникот на Брухе, која се обиде да ја претстави како братство.

Збратимувањето меѓу некои од поранешните општини обединети со Брухе било прекинато во 1971 година.

Белгија Бастоњ, Луксембурт (Белгија)
Германија Аролсен, Хесен, Германија
Шпанија Саламанка, Кастилја и Леон, Шпанија
Белгија Монс, Ено, Белгија
Шпанија Бургос, Кастилја и Леон, Шпанија

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]
Луѓе родени во Брухе: Во 15 век, градот станал магнет за бројни истакнати личности:
  • Јан Брејдел и Питер де Конинк, борци за слобода
  • Филип I од Кастилја, првиот хабсбуршки владетел на Шпанија (1478–1506)
  • Сајмон Стевин, математичар и инженер (1548-1620)
  • Франциск Гомарус, калвинистички теолог (1563-1641)
  • Гвидо Гезел, поет и свештеник (1830-1899)
  • Исидор ван Кинсберген, холандско-фламански гравер, (1821–1905)
  • Филип Добриот, војводата од Бургундија имал суд во Брухе, Брисел и Лил
  • Вилијам Кекстон, англиски трговец, дипломат, писател и печатар

Занимливости

[уреди | уреди извор]
Надворешноста на аквариумот, Брухе (Boudewijn Seapark')
  • Брухе е познат по својата чипка. Градот и особено оваа текстилна техника се извор на вдахновение за серијалот филмови на современиот мултимедијален уметник Кимсо, „Патишта на конците“ . Втората епизода од овој проект, снимена во 2011 година, делумно е снимена во Брухе.
  • Неколку видови пиво се именувани по Брухе, како што се brugge blond, brugge tripel, brugs, brugse babbelaar, brugse strafe hendrik и brugse zot, но само brugse zot и brugse strafe hendrik сè уште се произведуваат во самиот град во пиварата Halve Maan.
  • Во Sint-Michiels постои забавен парк наречен Boudewijn Seapark, кој има делфинариум.
  • Заштитник на Брухе е апостол Андреј.
  • Книжевност:
    • Bruges-la-Morte (Мртов Бриж), краток роман на белгискиот автор Жорж Роденбах, првпат објавен во 1892 година. Либретото на операта Die Tote Stadt (Мртвиот град) на Ерих Волфганг Корнголд е напишано во 1920 година и е засновано на оваа книга.
    • Во Брухе, филм на британскиот режисер Мартин Мекдонаг, со Колин Фарел и Брендан Глисон во главните улоги, е снимен речиси целосно во Брухе. Во филмот неколку пати се споменуваат главните точки и историјата на градот, како и спротивставените мислења на двата главни лика од приказната.
    • Детективските приказни на Пјетро Асп се одвиваат во Брухе.
    • Приказната на калуѓерка, драмски филм од 1959 година на Warner Bros Pictures со Одри Хепберн во главната улога, главно се одвива во Брухе.
    • Niccolò Rising, првиот дел од осумте книги Куќата на Николо од Дороти Данет, се одвива главно во Брухе, Брухе исто така се споменува многу пати во други делови.
    • Флорис, холандска телевизиска акциона серија напишана од Џерард Сотеман.
    • Романот на Алан Холингхерст , „Ѕвездата на преклопување“ е сместен во Брухе.
    • Во последното поглавје од романот на Сол Белоу „Авантурите на Оги Март“, Оги вози низ Франција на пат кон Брухе.
    • Во Боливудскиот филм PK од 2014 година, надворешните сцени се случуваат во Брухе.
    • Во филмскиот серијал Остин Пауерс, главен антагонист беше др. Зло, израснато во Брухе.
    • Некои сцени од Agenti Shield, епизода 6 од сезона 2 (Marvel's Agents of SHIELD) се случуваат во Брухе, споменати, прикажан е локалниот пиво strafe Хендрик .
    • Приказната за Марија од Брухе, која нацистите ја отстраниле, а потоа ја вратиле, е прикажана во филмот The Monuments Men.
  1. „Wettelijke Bevolking per gemeente op 1 januari 2018“. Посетено на 9 март 2019.
  2. Unesco
  3. Dunton, Larkin (1896). The World and Its People. Silver, Burdett. стр. 158.
  4. Charlier, Roger H. (2005). „Grandeur, Decadence and Renaissance“. Journal of Coastal Research: 425–447., quote: "Rise, fall and resurrection make up the life story of Bruges, a city that glittered in Northern Europe with as much panache as Venice did in the Mediterranean World."
  5. Adam Fleming (25 October 2013). „College of Europe in Bruges: Home of Thatcher speech“. BBC. Посетено на 10 July 2015.
  6. Maurits Gysseling, Toponymisch woordenboek van België, Nederland, Luxemburg, Noord-Frankrijk en West-Duitsland (vóór 1226), Brussel 1960, p. 195.
  7. „etymologiebank.nl“. etymologiebank.nl. 5 April 1922. Посетено на 20 February 2014.
  8. M. Philippa, F. Debrabandere, A. Quak, T. Schoonheim & N. van der Sijs (2003–2009), Etymologisch woordenboek van het Nederlands, AUP: Amsterdam.
  9. William Morris, уред. (1969). „Appendix, "Indo-European Roots"“. American Heritage Dictionary of the English Language. American Heritage Publishing Co. стр. 1510.
  10. Charlier, Roger H. (2010). „The Zwin: From Golden Inlet to Nature Reserve“. Journal of Coastal Research. 27 (4): 746–756. doi:10.2112/10A-00003.1.
  11. „The List of Wetlands of International Importance“ (PDF). Ramsar Convention. Посетено на 5 September 2015.
  12. Mack Ott (2012). The Political Economy of Nation Building: The World's Unfinished Business. Transaction Publishers. стр. 92.
  13. James Donald Tracy (1993). The Rise of Merchant Empires: Long-Distance Trade in the Early Modern World, 1350-1750. Cambridge U.P. стр. 263.
  14. Nimmo, William; Gillespie, Robert (1880). The history of Stirlingshire (3.. изд.). Glasgow: Thomas D. Morison. стр. 369. Посетено на 5 April 2017.
  15. Braudel, Fernand, The Perspective of the World, in Vol. III Civilization and Capitalism, 1984
  16. Collins, Roger (1990). The Basques (2.. изд.). Oxford, UK: Basil Blackwell. стр. 241. ISBN 0631175652.
  17. Philip the Good: the apogee of Burgundy by Richard Vaughan, p201
  18. Dumolyn, Jan (2010). 'Our land is only founded on trade and industry.' Economic discourses in fifteenth-century Bruges“. Journal of Medieval History. 36 (4): 374–389. doi:10.1016/j.jmedhist.2010.09.003.
  19. David Plant (10 September 2007). „Charles, Prince of Wales, (later Charles II), 1630-85“. British-civil-wars.co.uk. Посетено на 7 July 2009.
  20. Andre de Vries (2007). Flanders:A Cultural History: A Cultural History. Oxford U.P. стр. 143.
  21. (Excelsior Series 11, No. 51, Albert Sugg Gand; ca. 1905): "Cranenburg z okna, v katerem so v starih časih flandrijski grofje z gospodi in gospemi gledali turnirje in tekmovalce ob praznovanjih v Bruggeu in kjer je bil Maksimilijan zaprt leta 1488 (Bruges and West Flanders, George W. T. Omond, Illustrated by Amédée Forestier, 1906. Project Gutenberg Edition.)
  22. Stephen V. (Stephen Victor) Ward (1998). Selling Places: The Marketing and Promotion of Towns and Cities, 1850-2000. Spon. стр. 40.
  23. „Historic Centre of Brugge – UNESCO World Heritage Centre“. Whc.unesco.org. Посетено на 20 February 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]