Брезно
Брезно | |
Координати 42°5′8″N 21°2′20″E / 42.08556° СГШ; 21.03889° ИГД | |
Општина | Општина Теарце |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28006 |
Надм. вис. | 938 м |
Брезно на општинската карта Атарот на Брезно во рамките на општината | |
Брезно на Ризницата |
Брезно — село во Општина Теарце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Долни Полог, сместено во источните падини на Шар Планина, оддалечено 17 километри северно од Тетово.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 9 семејства и 1 неженет, сите христијани.[2]
Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брезно живееле 490 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брезно имало 480 Македонци, патријаршисти.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[5]
На пописот од 2002 година, селото имало само 8 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 490 | 640 | 547 | 478 | 295 | 67 | 13 | 0 | 2 | 8 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Брезно е македонско православно село, родовите во селото во поголем број се доселенички.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
- Староседелци: Чутуровци (3 куќи), нивните предци живееле во старото Брезно. Имаат изумрени родови
- Доселеници: Јорговци (14 куќи) стари доселеници. Се делат на Смилковци и Сиљановци. Доселени се од мијачкото село Лазарополе, таму нивниот предок Јорго имал задруга од 70 членови, и бил многу богат. Го знаат следното родословие: Гиго (жив на 64 г. во 1947 година) Томе-Цветан- Ќаја. Имаат иселеници во Тетово (седум семејства), Скопје (три семејства), Софија (шест семејства) и во Романија (четири семејства); Милевци (15 куќи) доселени се од селото Милетино. Имаат иселеници во Тетово (три семејства), Бесарабија (две семејства), Романија (две семејства) и во Бугарија (две семејства); Матовци (11 куќи) доселени се од областа Мат во Албанија, го знаат следното родословие: Мано (жив на 60 г. во 1947 година) Василко-Тофил-Митрашко. Имаат иселеници во Тетово (шест семејства), Лешок, Белград (две семејства), Скопје (две семејства) и во Романија (три семејства); Биоловци (8 куќи) стари доселеници, не знаат точно од каде се доселени. Го знаат следното родословие: Ѓуро (жив на 50 г. во 1947 година) Крсто-Младен-Милош; Петерќевци (9 куќи) доселени се од некое околно полошко село, дошол рано Петре. Имаат иселеници во Тетово (три семејства), Белград (едно семејство) и во Софија (едно семејство); Станковци (8 куќи) доселени се од некое место Станкоо поле во Албанија. Имаат иселеници во Лешок, Белград (едно семејство) и во Русе (едно семејство); Џамбазој или Кујовци (8 куќи) доселени се од селото Непроштено. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Русе (две семејства); Тапшаној (3 куќи) стари доселеници. Точно не знаат од каде се доселени. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), Скопје (едно семејство) и во Варвара.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Цркви
- Црква „Св. Богородица“ - Брезно[12]
- Црква „Св. Илија“ - Брезно[12] — манастирска црква
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Ристо Трифунов Брезјанин (1907 –1968), македонски инфектолог.
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр. 361
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 210.
- ↑ D.M.Brancoff. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, стр. 122-123.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 319–320.
- ↑ 12,0 12,1 Ефтоски, Гојко (18 мај 2009). „Последните мохиканци во Брезно“. Утрински Весник. Посетено на 2010-04-29.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Последните мохиканци во Брезно[мртва врска] - репортажа за Брезно (Утрински Весник)
|