Бранко Заревски
Бранко Заревски (19 ноември 1920 во Битола — 4 мај 1979 во Скопје) ― македонски поет, критичар и публицист.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Завршил средно образование. Основач, главен и одговорен уредник на „Единство“, орган на НОФ (1946).[1] Работел како новинар и уредник во весникот „Нова Македонија“ и во Заедницата за издавачка дејност на „Нова Македонија“.[3] Основач и главен уредник на неделните весници „Вечер“ и „Вечерен репортер“ и на ревијата „Журнал“, раководител на Заедницата за издавачка дејност. Најсестран македонски новинар што успешно ги негувал сите новинарски родови. Во помладите години пишувал поезија.
Бил бунтовник, репресиран и прогонуван од српската и бугарската полиција. Во песната „Кадро од животта“ (1940) во загрепското списание „Изрази“, говори за тегобите на македонскиот работник во услови на двојна потиснатост - експлоатација и великосрпски хегемонизам, а во „Нејќиме соништа“, објавена на македонски јазик во скопскиот весник „Наша реч“ (1940), го истакнува императивот од ангажиран однос на печатот, „чие место е во вителот на железната далга на животот и револуционерната борба“. Член на ДПМ од 1970 година. Сценарист е на документарниот филм Предизборни разговори.[4]
Најголем дел од неговата надежна поезија не е зачувана, а преостанатиот дел е посмртно е објавен во списанието „Современост“, Скопје, бр. 6, 1979 година и во книгата на Блаже Ристовски Македонскиот стих 1900-1944, Скопје, кн. 1, 1980, стр. 320-345.
Учесник во НОБ (1942) во Србија, каде што е протеран од Бугарите.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 557. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ „Заревски Бранко“. www.maccinema.com.
- ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 109. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Предизборни разговори“. www.maccinema.com.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |