Бореално царство
Изглед
Бореалното (или холарктичко) флористичко царство ги опфаќа умерените до арктички делови на Северна Америка и Евроазија. Неговата флора е наследена од древниот надконтинент Лауразија, за што зборуваат и сличностите на флората од денешните континенти. Меѓутоа, поголем дел од ова царство бил под влијание на глацијацијата за време на плеистоценот, па затоа лауразиската флора делумно исчезнала, а дел еволуирала во нова. Терциерните реликти нашле засолниште во јужните планински делови од царството, особено во Источноазискиот регион и северноамериканскиот атлантски регион.
Бореалното царство е поделено на три флористички потцарства и девет флористички региони:
- Бореално потцарство
- Тетиско потцарство
- Мадреанско потцарство