Безистен (Прилепец)
Изглед
„Безистен“
| |
Местоположба | 41°17′57″N 21°35′21″E / 41.29917° СГШ; 21.58917° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Прилепец |
Општина | Прилеп |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Безистен — населба од бронзеното време, населба со некропола од хеленистичкото и римското време кај селото Прилепец, Прилепско.[1]
На висорамнинка 1 км југозападно од селото, со ерозијата на земјата се откриени повеќе камени секири со отвор за држалка, фрагменти од керамички садови и бронзени предмети. Исто така се најдени надгробни стели, македонски и римски монети, темели од објекти и делови од мозаични подови. Во 1928 г. Н. Вулиќ откопал помала гробница градена од кршен камен и варов малтер, и во неа саркофаг.[1]
Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп и во Музејот на Македонија во Скопје.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 310. ISBN 9989-649-28-6.
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од хеленистичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Прилепец
- Археолошки наоѓалишта во Општина Прилеп
- Археолошки наоѓалишта во Прилепско