Бедфордшир
Предлошка:Инфокутија Англиска грофовија
Бедфордшир (англиски: Bedfordshire, скрат. Beds.) — церемонијална грофовија од историско потекло во источна Англија. Се граничи со грофовиите Кембриџшир на североисток, Нортхемтоншир на север, Бакингемшир на запад и Хартфордшир на југоисток.
Највисока точка е на Данстабл Даунс (243 м) на венецот Чилтернски Ридови.
Во 2002 г. пчелоносната орхидеја (Ophrys apifera) е избрана за грофовиско цвеќе.[1]
Грофовијата е на 14-то место по густина на населеност во Англија. Над половина од населението живее во двете поголеми градски подрачја: Бедфорд (102.000) и Лутон (236.000).[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Грофовијата по име првпат се среќава во 1011 г. како „Беданфордскир“ (Bedanfordscir), што значи „крајот на Бедфорд“, кој пак има значење „Бродот на Беда“ (Beda's ford) — место каде се преминува реката.
Традиционално Бедфордшир се делел на стотини стотини (hundreds): Барфорд, Биглсвејд, Клифтон, Флит, Мансхед, Редборнстоук, Стоден, Вајли, Виксамтри, заедно со самиот град Бедфорд и неговото подрачје.
Границите на грофовијата претрпеле неколку измени, особено во последните сто години.
Географија
[уреди | уреди извор]На јужниот крај на грофовијата преовладува срт од креда познат како Чилтернски Ридови. Останатиот дел образува широк слив на реката Грејт Уз и нејзините притоки. Највеќето карпи се глинести и песочнички, и потекнуваат од периодите јура и креда, а има и варовник. Ледничките одрони од креда ги изложиле цврстите јазли од кремен во облик на чакал. Овој чакал во минатото се експлоатирал, а денес браздите се езера.
Клима
[уреди | уреди извор]Бидејќи се наоѓа во источниот дел од Англија, Бедфордшир има релативно сува клима. Просечните врнежи во Бедфорд изнесуваат 597,6 мм годишно.[3] Највлажен месец е октомври (62,5 мм), а најсув е февруари (36,7 мм).
Просечната ниска температура во февруари преку ноќта изнесува 0,8 °C,[3] додека пак дневната висока во јули изнесува 22,1 °C.[3] Највисоката забележана температура за последниве две децении е 35,9 °C.[4] Во декември 2010 г, температурата паднала под -15 °C во делови од земјата (на пр. во Воберн).
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Бедфордски замок
- Чилтернски Ридови
- Хаутонски Дом
- Лутонски музеј и уметничка галерија
- Мосманова збирка
- Сомеришки замок
- Стоквудски музеј на ракотворби
- Животински парк Випснејд
- Воберн Еби — дом на војводата од Бедфорд
- Вобернски сафари-парк
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грофовиски цвеќиња на Британија Архивирано на 14 февруари 2006 г. — Plantlife (англиски)
- ↑ http://www.ons.gov.uk/ons/rel/census/census-2001-key-statistics/urban-areas-in-england-and-wales/urban-areas-in-england-and-wales-ks01-usual-resident-population.xls
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Просечни износи за Бедфорд (1981-2010) Архивирано на 9 октомври 2012 г. — Метеоролошка служба на Британија (англиски)
- ↑ Клима на Бедфорд (англиски)
- Bedfordshire Magazine
- Elstow Moot Hall leaflets on John Bunyan and 17th century subjects
- Guide to the Bedfordshire Record Office 1957 with supplements.
- History of Bedfordshire, Bedfordshire County Council, 1969
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бедфордшир“ на Ризницата ? |
- Портал на Северен Бедфордшир Архивирано на 22 ноември 2012 г. (англиски)
- Бедфордшир на Curlie (англиски)
- Слики на знаменитости во Бедфордшир Архивирано на 23 декември 2012 г. — Архив на „Англиско наследство“
|