Бајкалското Езеро е најдлабокото езеро во светот, кое се наоѓа во Сибир, Русија. Најголемата длабочина на езерото изнесува 1.741 метар.
Бајкалското е надлабоко езеро во светот[3] и во него се наоѓаат 20% од вкупното количество слатка површинска вода во светот.[4][5] Езерото е долго 636 км и околу широко 50 км. Било создадено во длабок стар расаден блок пред околу 25 милиони години,[6][7] и затоа е најстаро езеро во светот.[8] Се смета дека раседот и натаму е активен, бидејќи езерото годишно се шири за околу 2,5 сантиметри. Бајкалското Езеро на западната страна е ограничено со планини, на источниот брег има зарамнени падини. Најдлабоките делови се наоѓаат во средината и во јужниот дел. Слоевите од седимент на езерското дно на некои места можат да бидат и до 7 км. Благодарение на постојаното полнење со студена вода пониските слоеви на езерото се богати со кислород и затоа животинскиот свет може да се најде на сите длабочини. Езерото добива вода главно по должината на неговиот источен брег, од многуте реки, како што се Баргузин и Селенга, кои при вливот на езерото прават делта. Бајкалското Езеро добива вода и од врелите слатководни подземни извори во езерското корито. Иркутск се наоѓа во близината на јужниот дел на езерото, на местото од каде истекува рекатаАнгара, единствениот истек од езерото. Езерото е замрзнато шест месеци во текот на годината.[9]
Коритото на езерото е толку големо што на сите реки во светот би им требало една година за да го наполнат. Инаку, во езерото се влеваат над 300 реки, а само една третина од дотекот на вода се излева од езерото преку реката Ангара.[10]
Бајкалското езеро претставува важен извор на храна на жителите кои живеат на неговите брегови и покрај фактот дека најголем дел од годината е покриено со мраз. Тамошните рибари користат традиционални начини на риболов низ дупки направени во мразот. Најмногу се лови белицата (бајкалски омул), иако во езерото живеат 56 видови риба, а половината од нив живеат единствено во водите на ова езеро.[11]
↑Tyus, Harold M. (2012). Ecology and Conservation of Fishes. CRC Press. стр. 116. ISBN978-1-4398-9759-1.CS1-одржување: користи параметар authors (link)
↑Centre, UNESCO World Heritage. „Lake Baikal“. UNESCO World Heritage Centre (англиски). Посетено на 2022-01-30.