Бараково
Бараково | |
Координати 41°15′2″N 21°13′36″E / 41.25056° СГШ; 21.22667° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 55 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10003 |
Надм. вис. | 603 м |
Слава | Мала Богородица[2] |
Бараково на општинската карта Атарот на Бараково во рамките на општината | |
Бараково на Ризницата |
Бараково — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Населбата се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од левата страна на Црна Река. Селото е рамничарско, на надморска височина од 620 м. Лежи недалеку од градот Демир Хисар на оддалеченост од 5,3 км и тоа во североисточен правец. Атарот е мошне мал и зафаќа протор од само 1,8 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 97,6 ха, на пасиштата отпаѓаат 38,3 ха, а на шумите само 1 ха.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Селото го добило името според првиот жител Барак (Барако+ово+село). Барак е лично име кое се споменува во XVI век.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото првпат се споменува во опширниот пописен дефтер од 1468 година, под ојконимот Баракова, како село во Битолската каза, со вкупно 6 семејства и 1 вдовица, или вкупно околу 20 жители. Приход имале и плаќале 321 акче.[3]
Селото претставувало дел од тимарот што му припаѓал на Мехмеди, син на Али, во сума од 500 сребрени пари.
Селото се споменува и во дефтерот од 1538 година, со 28 жители.
Во XIX век, Бараково се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот е мошне мал и зафаќа простор од само 1,8 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 97,6 ха, на пасиштата отпаѓаат 38,3 ха, а на шумите само 1 ха. Селото има полјоделска функција.[5]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бараково имало 72 жители, сите Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бараково имало 72 жители.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бараково се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 21 куќа.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[9]
Селото е мало и во 1961 година броело 118 жители, а во 1994 бројот се намалил на 74 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 67 жители, од кои 66 Македонци и 1 останат.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 55 жители, од кои 49 Македонци и 6 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 72 | 72 | 199 | 125 | 118 | 94 | 90 | 76 | 74 | 67 | 55 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
[уреди | уреди извор]Бараково е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[16]
Доселенички: Орманковци (3 к.) доселени се од селото Прострање, Кичевско; Дуртановци (2 к.) доселени се од селото Железнец; Лазоровци (1 к.) доселени се од селото Света; Грујовци (3 к.), Пандаровци (3 к.) и Ќибилевци (4 к.) доселени се од селото Вардино; Нечовци (2 к.) доселени однекаде.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Бараково, се наоѓале и селата Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[17]
- Превалец — некропола од средниот век;
- Старо Село — црква и населба од средниот век;
- Црквиште — црква од средниот век.
- Цркви[18]
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — главна селска црква;
- Споменици
- Споменик за НОБ
Личности
[уреди | уреди извор]- Борис Вељановски — македонски партизан
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од Бараково највеќе од населението е иселено во Битола. Но одреден број е иселен и во Скопје, Прилеп, Демир Хисар, како и во САД и Австралија.[19]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ Во Опширниот пописен дефтер број 993 и 988 од 1468 г. (Пописот опфатен од лист 1-10 на Дефт. бр. 993 и од лист 11 -97 на дефт. број 988). М. Соколовски, Турски документи за историјата на македонскиот народ, Скопје, 1971, стр.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 19.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јуни 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Димитров, Никола (2017). Географија на населби-Општина Демир Хисар. Битола.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|