Прејди на содржината

Артибонит (департман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Артибонит
Latibonit
Департман
Десалин, Артибонит
Десалин, Артибонит
Artibonite in Haiti
Artibonite in Haiti
Држава Хаити
Главен градГонаив
ДепартманАртибонит
Управа
 • ВидСовет на департманот
Површина
 • Департман4.986,94 км2 (192,547 ми2)
Население (2015)[1]
 • Департман1.727.524
 • Густина3,5/км2 (9,0/ми2)
 • Градскo739.787
 • Селска987.737
Час. појасИсточен (UTC-5)
ISO 3166HT-AR
ИЧР (2017)0,469[2]
низок · 7-ми

Артибонит (француски: Artibonite; Хаитски креолски: Latibonit) — еден од десетте департмани во Хаити што се наоѓа во средишниот дел на Хаити. Со површина од 4.887 км2 е најголемиот департман на Хаити. Во 2015 година неговото население било проценето на 1.727.524 жители.[3] Областа е главна област за одгледување ориз во земјата. Главен град му еГонаив, а се истакнува и Сен Марк. Во февруари 2004 година, имало неуспешен обид да се прогласи независност на Артибонит.

Географија

[уреди | уреди извор]

Департманот се граничи на север со Северниот и Северозападниот Департман, на запад со Гонавскиот Залив, на југ со Западниот и на исток со Центар. Основна географска одлика на овој департман е реката Артибонит, која минува низ јужната половина на департманот, овозможувајќи одгледување ориз во во нејзината долина. Департманот има два планински венци кои се протегаат од СЗ до ЈИ. На северниот брег на долината е Црната Планина, а на јужниот брег е планината Мате. Заливот Гонаив е еден од најдобро заштитените заливи во земјата. Заливот Сент Марк е најголемиот залив во облик на латиничната буква U во земјата.

Животна средина

[уреди | уреди извор]

Во една од најголемите мангрови шуми на Хаити, што се наоѓа јужно од Гонаив живеат фламинга и други ретки видови животни. На тој простор има и песочни дини. Има многу лагуни и реки кои минуваат низ долината. Најголемото езеро во Артибонит е езерото Боа-Неф јужно од Сен Марк.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Департманот Артибонит е поделен на пет арондисмани, кои понатаму се поделени на шеснаесет комуни.

Арондисманот Десалин
  • Арондисман Десалин
    • Дедин
    • Десалин
    • Гранд Салин
    • Петит Ривиер де л'Артибонит
  • Арондисман Гонаив
    • Енери
    • Лестер
    • Гонаив
  • Арондисман Гро-Морн
    • Анс-Руж
    • Гро-Морн
    • Тер-Нев
  • Арондисман Мармелад
    • Мармелад
    • Сен-Мишел-де-л'Атале
Арондисманот Сен Марк
  • Арондисман Сен Марк
    • Ла Шапел
    • Сен Марк
    • Верети
    • Монтруи
    • Лианкур
  1. „Estimated Pop Total 2015“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-11-06. Посетено на 2017-06-20.
  2. „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 2018-09-13.
  3. „POPULATION TOTALE, POPULATION DE 18 ANS ET PLUS MÉNAGES ET DENSITÉS ESTIMÉS EN 2015“ (PDF). IHSI. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-11-06. Посетено на 22 Mar 2017.