Александар Попов (пливач)
Александар Попов Алекса́ндр Попо́в | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лични информации | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Целосно име | Алекса́ндр Влади́мирович Попо́в | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Националност | Русија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден на | 16 ноември 1971 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден во | Лесној, Свердловска Област, Руска Советска Социјалистичка Република, Советски Сојуз | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,97 m | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 87 кг | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | Слободен стил (1989-2005) Грбно пливање (1979-1989) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб | Динамо Москва | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Александар Владимирович Попов (руски: Александр Владимирович Попов ), (Свердловск, 16 ноември 1971) – поранешен руски пливач, еден од најголемите спринтери во историјата на пливањето. Попов освоил златен медал на 50 и 100 м слободен стил на Олимписки игри 1992Олимписките игри во 1992 година, и истото го повторил на олимписки игри 1996Олимписките игри во 1996 година. Тој е единствен пливач во историјата на Олимписките игри кој ги одбранил двете титули.[1] Попов ги држел рекордите на 50 м 8 година, а на 100 м шест години. Во 2003 година, на возраст од 31 година, победил на Светското првенство го освоил златото на 50 и 100 м.
Пливање
[уреди | уреди извор]Попов почнал со пливање на возраст од 8 години во Спортската школа за деца и млади во Спортскиот комплекс во Лесној,[2][3] и во тоа време се плашел од водата. Неговиот татко инсистирал да зема часови по пливање, па според неговите зборови, оттогаш останал заглавен таму. Попов почнал прво да тренира грбно пливање, но се префрлил на слободен стил кога во 1990 година му се придружил на тимот на Генадиј Турецки, на иницијатива на тренерот на руската репрезентација Глеб Петров.[2] За да биде со својот тренер подоцна се преселил од Русија во Австралија.
Попов победил на 50 m и 100 m слободен стил на Летните олимписки игри во Барселона во 1992 година, и ги повторил своите победи на Летните олимписки игри во Атланта во 1996 година, со што станал првиот човек по Џони Вајсмилер што го направил истото.
Еден месец по Олимписките игри во Атланта, бил прободен со нож во мевот за време на расправија со тројца улични продавачи во Москва. Ножот ја расече неговата артерија, закачи еден од неговите бубрези и ја оштети плеврата, мембраната која ги затвора белите дробови. Бил подвргнат на итна операција и поминал три месеци на рехабилитација. На Европското првенство во водени спортови 1997 во Севиља, Шпанија, успеал да ги одбрани титулите на 50 m и 100 m слободен стил.
На Светското првенство во водени спортови 2003 во Барселона, Попов уште еднаш оствари чисти победи на натпреварите на 50 m и 100 m во слободен стил, наведувајќи дека Барселона за него секогаш ќе биде посебна, бидејќи за него сè почнало таму.
Попов го најавил своето учество на Летните олимписки игри во 2004 година. Освен тоа, тој бил знаменосец на Русија на церемонијата на отворање. Сепак, како најстар натпреварувач во базенот, златното одличје го одминало и во двете негови дисциплини во слободен стил.
Во јануари 2005 година го најавил своето повлекување од спортот.[4]
После пливањето
[уреди | уреди извор]Во декември 1999 година Попов бил избран за полноправен член на Меѓународниот олимписки комитет. Тој исто така ги претставувал натпреварувачите во комисија на МОК и бил директно избран од натпреварувачите учесници на Олимпијадата во 1996 година, како еден од седумте натпреварувачи во Комисијата на натпреварувачите на МОК. Повторно бил избран во оваа комисија на игрите во 2000 година, а сега е Почесен секретар. Во 1996 година му бил доделен Рускиот медал на чест за заслуги во спортот. Исто така бил избран Руски спортист на годината.
Во јуни 2003 година, потврдил дека ја напушта Австралија на почетокот на 2004 година за да живее во Золотурн, Швајцарија. Кажал дека се сели заради деловна понуда во Швајцарија откако ќе се повлече од пливањето.
Попов дипломирал и магистрирал спортски тренинг на Руската академија.
Тој е гласноговорни на Омега СА заедно со други пливачки легенди како Ијан Торп.[5][6]
На Олимписките игри во Пекинг се појавил на церемонијата на затворање откако бил избран за член во МОК. Бил назначен во Комисијата за евалуација за Олимписките игри во 2016.[7][8][9]
Во 2009 година бил претседател на рагби клубот Локомотив од Москва.[10]
Од мај 2009 година тој е член на надзорниот одбор на Адидас.[11]
Личен живот
[уреди | уреди извор]На почетокот на 1997 година се оженил со Дарја Шмелева, руска олимписка пливачка со која бил свршен од 1995 година. Имаат два сина, Владимир (роден 1997) и Антон (роден 2000) и ќерка, Мија (родена 2010).[12][13]
Попов е пријател со легендарниот борач Александар Карелин.
Почести и награди
[уреди | уреди извор]- Орден за заслуги за татковината, трета класа
- Орден за пријателство
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lohn, John (2013). They Ruled the Pool: The 100 Greatest Swimmers in History. Rowman & Littlefield. стр. 35.
- ↑ 2,0 2,1 Фальстапт чемпиона Архивирано на 7 септември 2005 г.. Itogi.ru. Посетено на 2012-07-13.
- ↑ Лесной.РУ – Летопись нашего города – Город Лесной Архивирано на 3 август 2009 г.. Lesnoy.ru (7 June 2005). Посетено на 2012-07-13.
- ↑ „Alexander Popov retires from professional swimming“. www.omegawatches.com. 31 January 2005.[мртва врска]
- ↑ 索普向波波夫赠送礼品
- ↑ „泳坛三巨星 亮相欧米茄“. Архивирано од изворникот на 2018-10-02. Посетено на 2018-06-16.
- ↑ IOC Announces 2016 Summer Games Evaluation Commission Архивирано на 26 февруари 2009 г.. Gamesbids.com. Посетено на 2012-07-13.
- ↑ „泳坛名宿波波夫助力南京青奥会“. Архивирано од изворникот на 2016-12-20. Посетено на 2018-06-16.
- ↑ 泳坛沙皇波波夫南京授课 透露冠军秘诀和水成朋友
- ↑ Olympic Sevens claims its first league victim theroar.com.au, 12 December 2009
- ↑ key people of adidas AG Архивирано на 4 март 2016 г. at WirtschaftsWoche
- ↑ Александр Попов третий раз стал отцом! allsportinfo.ru, 14 May 2011.
- ↑ Скелеты в шкафу Александра Попова Архивирано на 23 август 2017 г.. sovsport.ru, 26 April 2003.
Рекорди | ||
---|---|---|
Претходник Мат Бјонди |
100 метри слободен стил - мажи (олимписки базен) 18 јуни1994 – 16 септември 2000 |
Наследник Михаел Клим |
Претходник Густаво Борхес |
100 метри слободен стил - мажи (25 м базен) 1 јануари 1994 – 27 март 2004 |
Наследник Јан Крокер |
Претходник Том Џегер |
50 метри слободен стил - мажи (олимписки базен) 16 јуни 2000 – 17 февруари 2008 |
Наследник Имон Саливан |
Претходник Марк Фостер |
100 метри слободен стил - мажи (25 м базен) 13 март 1994 – 13 декември 1998 |
Наследник Марк Фостер |
Награди | ||
Претходник Карољ Гитлер Питер ван ден Хогенбанд |
Европски пливач на годината 1994 2003 |
Наследник Денис Панкратов Питер ван ден Хогенбандd |
Олимписки игри | ||
Претходник Андреј Лавров |
Знаменосци на олимписки игри за Русија Атина 2004 |
Наследник Андреј Кириленко |