Александар Павловиќ
Александар Павловиќ Aleksandar Pavlović | ||
Роден | 15 ноември 1983 Бар, СФРЈ, денешна Црна Гора | |
---|---|---|
Занимање | кошаркар |
Александар "Саша" Павловиќ (српски: Александар Павловић - Саша роден на 15 ноември 1983 во Бар, СР Црна Гора, СФР Југославија) е српски професионален кошаркар кој до неодамна играл за Минесота Тимбервулфс. Павловиќ во моментов е слободен агент.
Пред да замине во НБА, Павловиќ имал настапувано за екипата на КК Будучност. На драфтот во 2003 година како 19 пик, бил одбран од страна на Јута Џез. По само една сезона, тој преминал во Кливленд Кавалерс. Својот рекорд во бодови го спостигнал на 30 јануари 2007 година против Голден Стејт Вариорс[1].
Тој настапувал за репрезентацијата на Србија и Црна Гора на Олимписките игри во 2004 година. По разделувањето на сојузот, Павловиќ одбрал да настапува за репрезентацијата на Србија, и покрај тоа што имал понуди да игра за Црна Гора.[2]