Џон Костерлиц
Џон Костерли John Kosterlitz | |
---|---|
Роден(а) | 1942 (воз. 81–82 г.) Абердин, Шкотска |
Националност | британска |
Установи | Универзитет Бирмингем Универзитет Корнел Универзитет Браун |
Образование | Кембрички универзитет Оксфордски универзитет |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (2016) Награда Ларс Онсагер (2000) |
Страница | |
https://vivo.brown.edu/display/jkosterl |
Џон Мајкл Костерлиц (англиски: John Michael Kosterlitz; Абердин, 1942) – британски физичар, професор на Универзитетот Браун. Во 2016 година ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Дејвид Таулес и Данкан Холдејн за неговите откритија во физика на кондензираната материја[1]. Со Холдејн добиле по четвртина од наградата, а Таулес добил половина од наградата.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во Абердин, Шкотска во доселеничко семјество на германски Евреи.
Образование
[уреди | уреди извор]Дипломирал и магистрирал на колеџот Гонвил и Кајус на Кембричкиот универзитет. Во 1969 година се здобил со докторат на колеџот Брејзноуз на Оксфордскиот универзитет.
Кариера
[уреди | уреди извор]После неколку постдокторски позиции, меѓу кои и на Универзитетот Бирминген каде што соработувал со Дејвид Таулес, и на универзитетот „Корнел“, тој во 1974 година бил назначен за предавач на Универзитетот Бирмингем, а подоцна и за доцент. Од 1982 година бил професор по физика на универзитетот „Браун“. Моментално Костерлиц е поканет истражувач на универзитетот „Алто“ во Финска.
Неговите истражувања се на полето на теорија на кондензирана материја, еднодимензионална и дводимензионална физика; во фазни транзиции: случајни системи, електронска локализација и спинови стакла; и во критична динамика: топење и мрзнење.
Од 1993 година тој е соработник на Американското физичко друштво.
Награди
[уреди | уреди извор]- Нобелова награда за физика (2016)
- Максвелов медал и Награда на Британскиот институт за физика (1981)
- Награда „Ларс Онсагер“ на Американското физичко друштво (2000)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Nobel Prize in Physics 2016 на официјалното мрежно место на Нобеловата награда
|
|