Џим Торп
Јакоб Франциск „Џим“ Торп (28 мај 1888 - 28 март 1953) бил американски спортист.
Џим Торп бил мешан и имал предци Индијанци. Неговиот татко Хирам Торп бил свештеник, а мајка му била Индијанка. Тој бил голем противник на расизмот, а често бил нарекуван „црвенокожец“ и „индијански атлет“.
Џим Торп на факултет се запишал во 1904, а додека студирал бил активен спортист во повеќе спортови. Негов тренер бил Поп Варнер. Во 1911, станал шампион на универзитетот Харвард.
Џим Торп бил професионалец во амирикански фудбал, бејзбол и кошарка, но сепак најголем успех постигнал во атлетика.
На Летните олимписки игри - 1912 одржани во Стокхолм освоил 15 медали, а на неговиот успех му завидувале шведскиот крал и рускиот цар. Но, со тек на време медалите му биле одземани поради тоа што бил професионален бејзбол играч од што заработувал. Во 1983, му биле вратени само златните медали во универзалните атлетски дисциплини, петобој и десетобој.
Џим Торп се женел трипати и имал 8 деца. Многу тешко го погодила смртта на својот син-првенец. Започнал да пие, а за време на Големата светска економска криза едвај заработувал да го прехрани своето семејство, но и покрај тоа на Летните олимписки игри - 1932 одржани во Лос Анџелес, бил официјален известувач.
Џим Торп бил и првиот претседател на НФЛ.
На ручек со третата жена, Торп доживеал инфаркт.
Според Асошиејтед Прес, Торп бил прогласен за најголем спортист на првата половина од XX век во 1950 година, а во 1999 година бил прогласен за трет спортист на векот.
|