Амбарќој
Амбарќој Μάνδρες | |
---|---|
Координати: 40°50′N 22°55′E / 40.833° СГШ; 22.917° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Галик |
Надм. вис. | 100 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 475 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 611 00 |
Повик. бр. | 23410 |
Рег. таб. | NI, ΚΙ* |
Амбарќој или Амбар Ќој (грчки: Μάνδρες, Мандрес; до 1926 г. Αμπάρ Κιόι, Амбар Ќој[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија. Денес ѝ припаѓа на Општина Кукуш во Кукушкиот округ на областа Централна Македонија, Грција. Во 2011 г. населението броело 475 жители.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 17 км јужно од Кукуш, на левиот брег на реката Галик.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Амбарќој било македонско село во Кукушката (Авретхисарската) каза. Црквата „Св. Димитриј“ е изградена во 1864 г. и има базилична архитектура.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Амбарќој (Ambarkeui) било село во Кукушката (Авретхисарска) каза со 65 домаќинства сочинети од 25 муслимани и 285 Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година селото има 300 жители Македонци христијани и 66 Турци.[4][6]
Населението на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Амбар Ќој (Ambar-Keuy) било село во Кукушката каза со 320 жители Македонци под егзархијата и во него работело бугарско училиште.[4][7]
Бугарското вмешателство продолжило и за време на Хуриетот во првата половина на 1909 г. кога во селото е основан огранок на Сојузот на бугарските уставни клубови.[8]
Според Анастасија Каракасиду на крајот од отоманското владеење на Амбарќој било претежно „словенојазична“ населба.[9]
Во Грција
[уреди | уреди извор]Во Втората балканска војна (1913) селото настрадало од грчката војска, која го разурнала, а населението било принудено да избега[10] во Бугарија. Истата година тоа е припоено кон Грција, кога е евидентирано без ниеден жител.[10] На местото на Македонците се доведени погрчени Албанци од источнотракиската паланка Мандрица, јужна Бугарија. Во 1920 г. селото веќе имало 524 жители.[10] Во 1928 г. селото е евидентирано како наполно дојденско, со 125 семејства сочинети од 412 жители.[11] Во 1926 г. селото е преименувано во Мандрес во чест на албанската гркоманска паланка Мандрица од која дошле дојденците.
Демографија
[уреди | уреди извор]Иако во повоените децении селото забележало значителен раст, со време населението опаднало поради иселување во Солун и другите градови.[10] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 656 | 633 | 712 | 550 | 548 | 684 | 668 | 475 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото традиционално се занимавало со производство на пченица, свилени кожурци и други земјоделски производи. Сточарството било слабо развиено поради ограничените пасишта.[10]
Личности
[уреди | уреди извор]- Ангел Трајков (1889 – ?) — учесник во Балканските војни[12]
- Васил Георгиев (Георгев, 1890 – ?) — учесник во Балканските војни[13]
- Димо Амбарќојлиев — револуционер, деец на МРО, убиен пред 1918 г.[14]
- Иван Трајков (Ване Трајков, 1879/1882 – ?) — учесник во Балканските војни[15]
- Иван Христов (1889 – ?) — учесник во Балканските војни[16]
- Милан Коцев Христов (1889/1892 – ?) — учесник во Балканските војни[17]
- Христо Иванов (Иљов) — борец во Руско-турската војна (1877-1878)[18][19]
- Христо Иванов (1889 – ?) — учесник во Балканските војни, Инженерно-технички единици[20]
- Христо Иванов (1889 – ?) — учесник во Балканските војни, жител на Солун[21]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- „Св. Димитриј“ — македонска црква од 1894 г.
Литература
[уреди | уреди извор]- Μ. Μαραβελάκη, Α. Βακαλόπουλου. "Οι προσφυγικές εγκαταστάσεις στην περιοχή Θεσσαλονίκης". Ανατύπωση Εκδόσεις Βάνιας. Θεσσαλονίκη, 1993.
- Απόστολος Μαϊκίδης. "Μανδρίτσα. Η κωμόπολις που έσβησε." Σημειώσεις – Αναμνήσεις – Παράδοσις. Θεσσαλονίκη, 1972.
- Απόστολος Μαϊκίδης. "Η βιοτεχνία στη Μανδρίτσα Αν. Θράκης", Θρακική Εστία Θεσσαλονίκης. Ημερολόγιο- Λεύκωμα, 4, 1985-1986.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ „Μάνδρες – Ιερός Ναός Αγ.Δημητρίου“. Enjoy Kilkis. Посетено на 14 март 2018. no-break space character во
|title=
во положба 8 (help) - ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 162–163. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 165. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 98–99.
- ↑ „Новоосновани клубове“. Отечество. Година I, Брой 5: 4. 7 мартъ 1909 год. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Каракасиду, Анастасия (2008). Житни поля, кървави хълмове: Преходи към националното в Гръцка Македония 1870 – 1970. София: „Сиела“. стр. 69. ISBN 978-954-28-0186-3.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 71–72. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 723. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 149. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 98.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 725. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 767. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 772. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 32.
- ↑ Христов, Иван, и др. Българското опълчение 1877 - 1878 : Биографичен и библиографски справочник. 1 : I, II, III дружина. [Казанлък]: Издателство „Казанлъшка искра“ ЕООД, „Ирита Принт“ ООД. стр. 98. ISBN 954-692-001-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 302. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 303. ISBN 954-9800-52-0.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|