Летни олимписки игри 2024
Игри на XXXI Олимпијада | |
Лого на Летните олимписки игри 2024 | |
---|---|
Град домаќин | Париз, Франција |
Број на држави | 206 |
Број на спортисти | 10.714 |
Број на спортови | 32 |
Број на натпревари | 329 |
Отворање | 26 јули 2024 |
Затворање | 11 август 2024 |
Стадион | Стад де Франс |
Летни олимписки игри 2024 (француски: Jeux olympiques d'été de 2024), официјално познати како Игри на XXXIII Олимпијада (француски: Jeux de la XXXIIIe Olympiade) или само Париз 2024 — Летни олимписки игри коишто се одржале во Париз од 26 јули до 11 август 2024 година, а натпреварите во некои спортови започнале на 24 јули. Париз бил главниот град домаќин на игрите, а натпреварите се одржале во 16 други градови во Метрополитенска Франција, како и на островот Тахити во Француска Полинезија.[1]
Париз ја добил организацијата на игрите на 131. седница на МОК во Лима на 13 септември 2017 година. По повеќе повлекувања коишто придонеле да останат само кандидатурите на Париз и Лос Анџелес, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) одобрил процес за истовремено доделување на организацијата на игрите во 2024 и 2028 година на двата преостанати градови кандидати, а притоа обете кандидатури биле пофалени за високите технички планови и иновативните начини за искористување на рекордниот број на постојни и привремени објекти. Откако претходно бил домаќин во 1900 и 1924 година, Париз станал само вториот град којшто три пати бил домаќин на Летните олимписки игри (по Лондон којшто бил домаќин во (1908, 1948 и 2012 година).[2][3] Париз 2024 ја одбележале стогодишнината од Париз 1924 и Шамони 1924 (што дополнително ја одбележува стогодишнината на Зимските олимписки игри), и се шестите олимписки игри коишто се одржале во Франција (по три Летни и Зимски олимписки игри) и први олимписки игри во земјата по Зимските олимписки игри 1992 во Албервил. Исто така, олимписките игри се вратиле на традиционалните четиригодишен циклус откако Летните олимписки огри 2020 биле одложени до 2021 година поради пандемијата на КОВИД-19.
На овие олимписки игри за прв пат се одржале натпревари во брејк-денс како олимписки спорт,[4] а тие биле последните олимписки игри одржани за време на претседателствувањето со МОК на Томас Бах.[5] Вкупниот трошок за игрите се очекува да иснесува околу 9 милијарди евра.[6][7][8]
Избор на град домаќин
[уреди | уреди извор]Шесте градови кандидати за организација на игрите биле Париз, Хамбург, Бостон, Будимпешта, Рим и Лос Анџелес. Процесот за избор бил забавен поради повлекувања, политичка неизвесност и трошоци поврзани со повлекувањето. Бостон ги надминал Лос Анџелес, Сан Франциско и Вашингтон во трката за американски град кандидат. На 27 јули 2015 година, Бостон и Американскиот олимписки комитет постигнале заемна согласност за прекин на кандидатурата на Бостон за организација на игрите, делумно поради поделените мислења во градот. Хамбург ја откажал кандидатурата на 29 ноември 2015 година по одржан референдум.[9] Рим се откажал на 21 септември 2016 година, повикувајќи се на фискални тешкотии.[10] Будимпешта се повлекла на 22 февруари 2017 година откако петиција против кандидатурата успеала да собере повеќе потписи отколку што било потребно за референдум.[11][12][13]
По овие откажувања, Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет се состанал на 9 јуни 2017 година во Лозана за да се разговара за процесите за избор на домаќини на игрите во 2024 и 2028 година.[14][15] Меѓународниот олимписки комитет (МОК) формално предложил истовремен избор на градови домаќини за игрите во 2024 и 2028 година во 2017 година, а предлогот бил усвоен на посебна седница на МОК одржана во Лозана на 11 јули 2017 година.[15] МОК воспоставил процес во којшто кандидатските одбори на Лос Анџелес и Париз се состанале со МОК за да разговараат кој град да ги организира игрите во 2024 и 2028 година, како и дали е можно да се изберат градови домаќини за обете игри истовремено.[16]
Откако било одлучено да се изберат домаќини за обете игри истовремено, Париз бил согледан како претпочитан град домаќин за 2024 година. На 31 јули 2017 година, МОК соопштил дека Лос Анџелес е единствен кандидат за 2028 година,[17][18] овозможувајќи Париз да биде потврден како град домаќин за 2024 година. Обете одлуки биле ратификувани на 131. седница на МОК во Лима на 13 септември 2017 година.[19] Двајцата француски членови на МОК — Ги Дру и Тони Естанге — немале право на глас според правилата на Олимписката повелба.[20][21]
Град | НОК | Гласови |
---|---|---|
Париз | Франција | Претпочитан домаќин за 2024 |
Лос Анџелес | САД | Претпочитан домаќин за 2028 |
Хамбург | Германија | Повлчечен |
Рим | Италија | |
Будимпешта | Унгарија |
Игрите
[уреди | уреди извор]Спортови
[уреди | уреди извор]Програмата на Летните олимписки игри 2024 содржела 329 натпреварувања во 33 спортови, вклучувајќи 28 „суштински“ олимписки спортови коишто биле дел и од програмите на игрите во 2016 и 2020 година,[22] како и четири дополнителни спортови коишто биле предложени од страна на Парискиот организациски одбор: брејк-денс за прв пат бил вклучен како дополнителен спорт, а скејтбординг, спортско искачување и сурфање повторно биле дел од програмата откако претходно биле и на Летните олимписки игри 2020.[23][24][25] Четири натпревари биле исфрлени во кревање тегови. Во кајак и кану, два натпревара во спринт биле заменети со два натпревара во слалом, со што се задржал вкупниот број од 16 натпревари. Во спортско искачување, „комбинираниот“ натпревар бил поделен на посебни натпревари во брзо искачување, како и боулдеринг и искачување со водење за секој пол.[26]
Во февруари 2023 година, националното раководно тело Американски бокс ја објавило одлуката за бојкот на Светското првенство во бокс 2023 (организирано од Меѓународната боксерска асоцијација) каде што на руските и белоруските спортисти им било дозволено да настапат без никакви ограничувања, а исто така ја обвинило и Меѓународната банкарска асоцијација за обид за саботажа на квалификацискиот процес за бокс којшто бил одобрен од страна на МОК. Полска, Холандија, Велика Британија, Ирска, Чешка, Шведска и Канада подоцна се приклучиле на САД во обвинувањата.[27]
Во списокот подолу, бројот на натпреварувања во секоја дисциплина е забележан во загради.
Спортска програма на Летните олимписки игри 2024 |
---|
|
Нови и дополнителни спортови
[уреди | уреди извор]Кога Париз бил кандидат за град домаќин на игрите во август 2017 година, Парискиот организациски одбор соопштил дека ќе одржи разговори со МОК и професионалните организации за електронски спортови во врска со можноста за воведување натпревари на игрите во 2024 година.[28][29] Во јули 2018 година, МОК потврдил дека нема да ги има предвид електронските спортови за игрите во 2024 година.[30] На 134. седница на МОК во јуни 2019 година, МОК го одобрил предлогот на Парискиот организациски одбор како дополнителни спортови да се вклучат брејк-денс, скејтбординг, спортско искачување и сурфање (последните три биле дел и од Летните олимписки игри 2020).[31][23][30][25]
Земји учеснички
[уреди | уреди извор]Во продолжение е наведен список на националните олимписки комитети коишто имале барем еден учесник на Летните олимписки игри 2024. По руската инвазија на Украина, МОК ги суспендирал олимписките комитети на Русија и Белорусија поради прекршување на олимпиското примирје. Оттука, руските и белоруските спортисти настапуваат како „Меѓународни неутрални спортисти“ (МНС) без национална определба[32][33] доколку „активно“ не ја подржуваат војната.[34][35] Меѓународните неутрални спортисти мора да бидат одобрени од страна на меѓународната федерација на секој спорт и од панелот на МОК.[36] Како поединечни спортисти, МНС нема да се сметаат за делегација за време на церемонијата на свеченото отворање и нема да се вбројуваат во табелите на освојувачите на медали.[37][38][39]
Број на спортисти по земји учеснички
Од 23 јули 2024[update]
Распоред на натпревари
[уреди | уреди извор]Распоредот во продолжение е заклучно со последната промена. Точниот распоред може да се промени до крајот на игрите.[40]
- Сите времиња и датуми го користат Средноевропското летно време (UTC+2)
ЦО | Церемонија на отворање | ● | Натпревар | 1 | Финален натпревар | ЦЗ | Церемонија на затворање |
јули/август 2024 | 24 сре. |
25 чет. |
26 пет. |
27 саб. |
28 нед. |
29 пон. |
30 вто. |
31 сре. |
1 чет. |
2 пет. |
3 саб. |
4 нед. |
5 пон. |
6 вто. |
7 сре. |
8 чет. |
9 пет. |
10 саб. |
11 нед. |
Вкупно натпревари | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Церемонии (отворање/затворање) | ЦО | ЦЗ | Н/П | ||||||||||||||||||
Атлетика | 2 | 1 | 5 | 3 | 4 | 5 | 5 | 5 | 8 | 9 | 1 | 48 | |||||||||
Бадминтон | ● | ● | ● | ● | ● | ● | 1 | 1 | 1 | 2 | 5 | ||||||||||
Бокс | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | 1 | 2 | 2 | 4 | 4 | 13 | ||||||
Борење | ● | 3 | 3 | 3 | 3 | 3 | 3 | 18 | |||||||||||||
Брејк-денс | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||||
Велосипедизам | Велодромски | 1 | 1 | 2 | 2 | 2 | 1 | 3 | 12 | ||||||||||||
Друмски | 2 | 1 | 1 | 4 | |||||||||||||||||
Планински велосипедизам | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||||
BMX | ● | 2 | ● | 2 | 4 | ||||||||||||||||
Веслање | ● | ● | ● | ● | 2 | 4 | 4 | 4 | 14 | ||||||||||||
Водни спортови | Ватерполо | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | 1 | 1 | 2 | |||
Маратонско пливање | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||||
Пливање | 4 | 3 | 5 | 3 | 5 | 4 | 3 | 4 | 4 | 35 | |||||||||||
Синхронизирано пливање | ● | ● | 1 | ● | 1 | 2 | |||||||||||||||
Скокови во вода | 1 | 1 | 1 | 1 | ● | 1 | ● | 1 | 1 | 1 | 8 | ||||||||||
Гимнастика | Ритмичка | ● | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||
Спортска | ● | ● | 1 | 1 | 1 | 1 | 3 | 3 | 4 | 14 | |||||||||||
Трамбулина | 2 | 2 | |||||||||||||||||||
Голф | ● | ● | ● | 1 | ● | ● | ● | 1 | 2 | ||||||||||||
Едрење | ● | ● | ● | ● | ● | 4 | ● | ● | ● | 2 | 2 | 2 | 10 | ||||||||
Кајак и кану | Слалом | ● | 1 | 1 | ● | 1 | 1 | ● | ● | ● | 2 | 6 | |||||||||
Спринт | ● | ● | 3 | 4 | 3 | 10 | |||||||||||||||
Коњички спорт | Дресурно јавање | ● | ● | 1 | 1 | 2 | |||||||||||||||
Прескокнување | ● | 1 | ● | 1 | 2 | ||||||||||||||||
Тробој | ● | ● | 2 | 2 | |||||||||||||||||
Кошарка | Кошарка | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | 1 | 1 | 2 | ||||
Кошарка 3-на-3 | ● | ● | ● | ● | ● | ● | 2 | 2 | |||||||||||||
Кревање тегови | 2 | 2 | 2 | 3 | 1 | 10 | |||||||||||||||
Мечување | 2 | 2 | 2 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 12 | |||||||||||
Одбојка | Одбојка | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | 1 | 1 | 2 | |||
Одбојка на плажа | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | 1 | 1 | 2 | |||||
Пинг-понг | ● | ● | ● | 1 | ● | ● | ● | 1 | 1 | ● | ● | ● | ● | 1 | 1 | 5 | |||||
Рагби-7 | ● | ● | 1 | ● | ● | 1 | 2 | ||||||||||||||
Ракомет | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | 1 | 1 | 2 | ||||
Скејтбординг | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | ||||||||||||||||
Современ петобој | ● | ● | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||||||
Спортско искачување | ● | ● | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | ||||||||||||||
Стрелаштво | 1 | 2 | 2 | 2 | 1 | 1 | 1 | 2 | 1 | 2 | 15 | ||||||||||
Стреличарство | ● | 1 | 1 | ● | ● | ● | 1 | 1 | 1 | 5 | |||||||||||
Сурфање | ● | ● | ● | ● | 2 | 2 | |||||||||||||||
Теквондо | 2 | 2 | 2 | 2 | 8 | ||||||||||||||||
Тенис | ● | ● | ● | ● | ● | ● | 1 | 2 | 2 | 5 | |||||||||||
Триатлон | 2 | 1 | 3 | ||||||||||||||||||
Фудбал | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | 1 | 1 | 2 | |||||||
Хокеј на трева | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | ● | 1 | 1 | 2 | ||||||
Џудо | 2 | 2 | 2 | 2 | 2 | 2 | 2 | 1 | 15 | ||||||||||||
Вкупен број натпревари | 13 | 13 | 19 | 11 | 18 | 16 | 25 | 29 | 20 | 18 | 15 | 21 | 25 | 34 | 39 | 13 | 329 | ||||
Збирен број натпревари | 13 | 26 | 45 | 56 | 74 | 90 | 115 | 144 | 164 | 182 | 197 | 218 | 243 | 277 | 316 | 329 | |||||
јули/август 2024 | |||||||||||||||||||||
24 сре. |
25 чет. |
26 пет. |
27 саб. |
28 нед. |
29 пон. |
30 вто. |
31 сре. |
1 чет. |
2 пет. |
3 саб. |
4 нед. |
5 пон. |
6 вто. |
7 сре. |
8 чет. |
9 пет. |
10 саб. |
11 нед. |
Вкупно натпревари | ||
јули | август |
Краток преглед
[уреди | уреди извор]- Францускиот пливач Леон Маршан освоил четири златни и еден бронзен медал, со што бил најуспешен натпреварувач на игрите. Тој победил во трките на 200 м и 400 м мешано, како и во трките на 200 м делфин и на 200 м градно, а бил дел и од штафетата на Франција на 4 х 100 м мешано којашто го освоила третото место. Во женска конкуренција, американската пливачка Тори Хаски освоила три златни и два сребрени медали, со што била најуспешна натпреварувачка на игрите. Таа победила во трката на 100 м делфин, а била дел и од победничката женска и мешана штафета на САД на 4 х 100 м мешано. Сребрени медали освоила на 100 м слободен стил и во штафетата 4 х 100 м слободен стил. Сепак, натпреварувач со најмногу медали во пливање и воопшто на игрите била кинеската пливачка Џанг Јуфеи којашто освоила еден сребрен и пет бронзени медали.[41]
- Канадската пливачка Самер Мекинтош освоила три поединечни златни медали во трките на 200 м мешано, 400 м мешано и 200 м делфин, како и еден сребрен медал во трката на 400 м слободен стил.[42][43][44][45]
- Американката Кејти Ледецки победила во трката на 800 м слободен стил и со тоа станала првата пливачка којашто освоила златен медал во ист натпревар на четири различни олимписки игри, како и втор натпреварувач со таков успех во обете конкуренции по Мајкл Фелпс којшто на четири олимписки игри победил во трката на 200 м мешано.[46]
- Австралиската пливачка Кајли Меккион ги одбранила златните медали во трките на 100 м и 200 м грбно коишто го освоила на игрите во Токио, со што станала првата пливачка со такво остварување во грбниот стил.[47] Швеѓанката Сара Шестрем на своите петти олимписки игри освоила два златни медали во трките на 50 м и 100 м слободен стил.[48]
- Американската гимнастичарка Симон Бајлс освоила три златни и еден сребрен медал. Бајлс победила во екипниот повеќебој како дел од екипата на САД, во поединечниот повеќебој и на прескок, а на партер завршила на второто место.[49] Во машка конкуренција, Јапонецот Шиносуке Ока освоил три златни и еден бронзен медал, поведувајќи во екипниот повеќебој, во поединечниот повеќебој и на вратило, додека на третото место завршил на разбој.[50] Забележителен успех постигнал и филипинскиот гимнастичар Карлос Јуло со два златни медали на прескок и на партер, што било повеќе од вкупниот број на златни медали коишто Филипините ги освоиле на Олимписките игри дотогаш.[51]
- Натпреварите во атлетика биле одбележани со три светски рекорди. Американската мешана на штафета на 4 х 400 м поставила светски рекорд уште во полуфиналната трка,[52] но на крајот го освоила сребрениот медал откако загубила во завршниот спринт во финалето од штафетата на Холандија.[53] Шведскиот натпреварувач во скок со стап Арманд Дуплантис го подобрил сопствениот светски рекорд прескокнувајќи височина од 6,25 м.[54] Американската натпреварувачка на 400 м со пречки Сидни Меклафлин-Леврон финалната трка ја истрчала за 50,37 сек., со што за 0,28 сек. го подобрила сопствениот светски рекорд.[55]
- Кенијката Беатрис Чебет победила во трките на 5.000 м и 10.000 м откако во пократката трка успеала да ја совлада сонародничката Фаит Кипјегон којашто победила во трката на 1.500 м и исто така била во обид да освои два златни медали на игрите.[56][57]
- Холандската атлетичарка Сифан Хасан победила во маратонската трка откако претходно освоила бронза во трките на 5.000 м и 10.000 м. Со овој успех, таа станала првата атлетичарка којашто освоила златни медали на Олимписките игри во трките на 5.000 м, на 10.000 м и во маратон. Таа исто така станала прв натпреварувач во машка или женска конкуренција со освоени медали во овие трки по Емил Затопек во 1952 година.[58]
- Белгиската седмобојка Нафисату Тијам освоила злато на трети последователни олимписки игри и со тоа станала првата атлетичарка со три златни медали во седмобој.[59]
- Спринтерката Жилиен Алфред од Света Луција и трискокачката Теа Лафонд од Гранада на своите земји им ги донеле првите олимписки медали воопшто. Алфред победила во трката на 100 м и го освоила сребрениот медал во трката на 200 м,[60][61] додека Лафонд поставила нов личен рекорд во трискок за освојување на златниот медал.[62]
- Германката Изабел Верт го освоила осмиот златен медал на своите седми олимписки игри по победата во екипниот натпревар во дресура и со тоа станала првиот спортист со освоен златен медал на едни олимписки игри.[63]
- Кубанскиот борач Михаин Лопез го освоил златниот медал во грчко-римски стил до 130 кг и со тоа станал првиот спортист којшто освоил пет златни медали во ист поединечен натпревар на Олимписките игри.[64]
- Во велосипедизам, белгискиот тркач Ремко Евенепул победил во хронометарската и друмската трка, со што станал првиот велосипедист кому тоа му пошло од рака на едни олимписки игри.[65] Натпреварите во велодромски велосипедизам поминале во знакот на Холанѓанецот Хари Лаврејсен којшто победил во спринт и кеирин, а освоил и уште еден златен медал во екипниот спринт.[66]
- Натпреварите во кајак и кану на диви води во женска конкуренција завршиле со доминација на сестрите Џесика и Ноеми Фокс од Австралија. Имено, Џесика освоила два златни медали во побединечните трки во кајак и во кану, а Ноеми победила во кајак-крос.[67]
- Боксерските натпревари биле одбележани со контроверзија во врска со полот на алжирската боксерка Имане Хелиф. Во вториот натпреварувачки круг, Хелиф ја победила италјанската боксерка Анџела Карини за само 46 секунди откако Италијанката се откажала по два силни удари. Како последица на тоа, Хелиф била мета на критики, а во прашање бил доведен и нејзиниот пол.[68] На прес-конференција одржана на 3 август 2024 година, претседателот на МОК Томас Бах ја одбранил Алжирката и истакнал дека е родена жена, отфрлајќи го говорот на омраза кон неа.[69] На крајот, Хелиф го освоела златниот медал во категоријата велтер до 66 кг.[70]
- Францускиот џудист Теди Ринер го освоил третиот златен олимписки медал во категоријата над 100 кг и со тоа станал вториот џудист по Тадахиро Номура со три поединечни златни медали во џудо на олимписките игри.[71]
- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освоил златниот медал поединечно во машка конкуренција и на своите петти олимписки игри станал петтиот тенисер којшто успеал да освои „златен грен слем“ по Штефи Граф, Андре Агаси, Серена Вилијамс и Рафаел Надал.[72]
- Во бадминтон, данскиот натпреварувач Виктор Акселсен ја одбранил титулата поединечно во машка конкуренција освоена на игрите во Токио и со тоа станал втор натпреварувач во овој спорт по Лин Дан којшто постигнал ваков успех, како и прв натпреварувач надвор од Азија којшто освоил два златни олимписки медали.[73][74]
- Турскиот стрелач Јусуф Дикеч, којшто заедно со сонародничката Шевал Ијалда Тархан го освоил сребрениот медал во мешаниот екипен натпревар на 10 м со воздушен пиштол,[75] стекнал слава поради неговиот безгрижен пристап. За разлика од мноштвото стрелачи коишто носат големи ушни штитници, визири и високотехнолошки стрелачки очила, Дикеч бил облечен во дрес којшто наликувал на обична маица со куси ракави, носел обични очила и едвај забележителни слушалки, а пукал со една рака држејќи ја другата рака в џеб.[76][77][78] Тој бил пофален на друштвените мрежи за неговата аура и харизма,[79] а бил спореден и со Џејмс Бонд и Хитмен.[80][81] Неговиот став станал предмет на бројни семрежни мемови, а бил имитиран од други спортисти на игрите како на пример Арманд Дуплантис и Роже Стона.[82]
Освојувачи на медали
[уреди | уреди извор]* земја домаќин (Франција)
Место | НОК | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | САД (USA) | 40 | 44 | 42 | 126 |
2 | Кина (CHN) | 40 | 27 | 24 | 91 |
3 | Јапонија (JPN) | 20 | 12 | 13 | 45 |
4 | Австралија (AUS) | 18 | 19 | 16 | 53 |
5 | Франција (FRA)* | 16 | 26 | 22 | 64 |
6 | Холандија (NED) | 15 | 7 | 12 | 34 |
7 | Велика Британија (GBR) | 14 | 22 | 29 | 65 |
8 | Јужна Кореја (KOR) | 13 | 9 | 10 | 32 |
9 | Италија (ITA) | 12 | 13 | 15 | 40 |
10 | Германија (GER) | 12 | 13 | 8 | 33 |
11–91 | Останати земји | 129 | 138 | 194 | 461 |
Вкупно | 329 | 330 | 385 | 1044 |
Маркетинг
[уреди | уреди извор]Лого
[уреди | уреди извор]Логото за Летните олимписки и параолимписки игри 2024 било претставено во Гран Рекс на 21 октомври 2019 година. Тој е инспириран од уметничкиот стил ар деко[83][84] и ја прикажува Маријана — национално олицетворение на Франција — со пламен обликуван од нејзината коса во негативниот простор. Логото исто така потсеќа на златен медал. Тони Естанге објаснил дека логото ја симболизира „моќта и магијата на игрите“, а игрите се „за луѓе“. Употребата на женска фигура исто така служи за почит кон Летни олимписки игри 1900 во Париз на коишто за првпат на жените им било дозволено да учествуваат.[85] Логото било дизајнирано од францускиот дизајнер Силван Бојер[86] заедно со француските дизајнерски агенции Ројалтис и Екобрендинг.[87][88][86]
Логото за игрите се сметало за најголемото ново лого објавено во 2019 година.[89][90] Резултатите од анкета спроведена на Опинион Веј покажале дека на 83% од Французите им се допаѓало логото. Рејтинзите на одобрување биле високи, така што 82% од испитаниците се изјасниле дека логото било естетски привлечно, а 78% смтеале дека бил креативен.[91] Потсмев за логото имало на друштвените мрежи, каде што некој корисник коментирал дека логото „повеќе одговара за страница за романтично поврзување или за фризерски салон“.[85]
За прв пат, Летните параолимписки игри 2024 го делат истото лого со соодветните олимписки игри, што е одраз на заеднички „стремеж“ на двата настана.[92]
Маскоти
[уреди | уреди извор]На 14 ноември 2022 година, Фригијките биле претставени како маскоти на Летните олимписки и параолимписки игри 2024. Тие се двојка на човеколики фригиски капи — историски француски симбол на слободата.[93][94] Маријана обично е прикажана како носи фригиска капа, што е случај и на сликата од Ежен Делакроа „Слободата го води народот“.[95][96] Двете маскоти го делат геслото „Осамени сме побрзи, но заедно одиме подалеку“.[97]
Промотивен материјал
[уреди | уреди извор]Во април 2024 година, официјалната било соопштено дека во јуни ќе биде пуштена во употреба официјалната олимписка видео-игра на уреди коишто користат Андроид, iOS и Виндоуз[98][99]
Постери
[уреди | уреди извор]Олимпискиот постер за овие игри бил откриен на 4 март 2024 година. Тој бил дизајниран од Уго Гатони и има дизајн којшто наликува на диптих, така што едната половина ги претставува олимписките игри, а другата половина ги претставува параолимписките игри. За прв пат, олимпискиот и параолимпискиот постер биле дизајнирани заедно затоа што секој од нив може да опстои независно како половина или да биде искомбиниран заедно во еден постер. За постерите да бидат завршени биле потребни 2.000 ласа во период од шест месеци.[100][101]
Права на пренос
[уреди | уреди извор]Во Франција, домашните права за Летните олимписки игри 2024 биле во сопственост на Ворнер Брос Дискавери преку Евроспорт со дозволена слободна покриеност од страна на францискиот јавен сервис Франс Телевизион.[102] Платформата за пренос Макс била пуштена во употреба во Франција пред почетокот на игрите, на 11 јуни 2024 година, и ги пренесувала игрите без дополнителни трошоци за претплатниците.[103][104][105] Мрежите на Ворнер Брос Дискавери пренесувале од Хотел Рафаел со посебни студија за нивните британски, француски, полски и нордиски канали.[106]
Грижи и контроверзии
[уреди | уреди извор]Главните спорни работи во врска со Летните олимписки игри 2024 се однесуваат на еколошки и безбедносни грижи,[107][108] човекови права,[109] тероризам,[110] и контроверзии поврзани со допуштањето Израел да учествува во време на Израелско-палестинската војна,[111][112] како и допуштањето руски и белоруски спортисти да настапат како неутрални спортистки за време на руската инвазија на Украина.[113][114]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Butler, Nick (7 February 2018). „Paris 2024 to start week earlier than planned after IOC approve date change“. Inside the Games. Архивирано од изворникот 9 ноември 2020. Посетено на 7 февруари 2018.
- ↑ „When do the Summer Olympics start? What you need to know ahead of Paris 2024“. ABC News AU (англиски). 2024-07-21. Архивирано од изворникот 21 јули 2024. Посетено на 23 јули 2024.
- ↑ „Paris 2024: How is France preparing for the Olympics and Paralympics?“. BBC News (англиски). 22 јули 2024. Архивирано од изворникот 22 јули 2024. Посетено на 23 јули 2024.
- ↑ Keicha, Meshack (19 декември 2020). „Kenya To Send Break Dancers To Paris For 2024 Olympic Games“. Boxscore (англиски). Архивирано од изворникот на 1 април 2023. Посетено на 31 март 2023.
- ↑ Dunbarap, Graham (10 март 2021). „Thomas Bach re-elected as IOC president until 2025“. Associated Press (англиски). Архивирано од изворникот 29 јули 2022. Посетено на 29 јули 2022.
- ↑ „France makes multibillion-euro gamble on Olympic gold“. Inside the Games. 1 јули 2024. Архивирано од изворникот 1 јули 2024.
- ↑ Nussbaum, Ania (26 јули 2022). „Macron's $8.5 Billion Olympics Is Already Facing Soaring Costs“. Bloomberg (англиски). Архивирано од изворникот 26 јули 2022. Посетено на 19 јули 2023.
- ↑ „Games Funding – Paris 2024“. Paris 2024. 17 април 2024. Архивирано од изворникот 17 април 2024.
- ↑ International Olympic Committee (16 септември 2015). "Five world-class cities in strong competition for Olympic Games 2024 – IOC to contribute USD 1.7 billion to the local organising committee". Соопштение за печат.
- ↑ „Rome 2024 Olympic bid collapses in acrimony“. BBC News. 21 септември 2016. Архивирано од изворникот 21 September 2016.
- ↑ „2024 Olympics: Budapest to drop bid to host Games“. BBC Sport. 22 февруари 2017. Архивирано од изворникот 23 February 2017.
- ↑ Mather, Victor (22 февруари 2017). „Budapest Withdraws Bid to Host 2024 Summer Olympics“. The New York Times. Архивирано од изворникот 26 јули 2017. Посетено на 23 февруари 2017.
- ↑ Wharton, David (22 февруари 2017). „Budapest to withdraw bid for 2024 Olympics, leaving L.A. and Paris as only contenders“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
- ↑ „Meeting of the IOC Executive Board in Lausanne – Information for the media“. Olympic.org. 19 мај 2017. Архивирано од изворникот 22 јуни 2017.
- ↑ 15,0 15,1 Butler, Nick (9 јуни 2017). „IOC Executive Board approve joint awarding plans for 2024 and 2028 Olympics“. Inside the Games. Архивирано од изворникот 1 август 2017. Посетено на 16 January 2023.
- ↑ Livingstone, Robert (12 јули 2017). „Bach Says Paris and LA Mayors Are 'Optimistic' About Agreement After Initial Discussions“. gamesbids.com. Архивирано од изворникот 1 август 2017. Посетено на 16 јануари 2023.
- ↑ „Los Angeles Declares Candidature for Olympic Games 2028– IOC to Contribute USD 1.8Billion to the Local Organising Committee“. IOC. 31 јули 2017. Архивирано од изворникот 1 август 2017. Посетено на 1 август 2017.
- ↑ Wharton, David (31 јули 2017). „Details emerge in deal to bring 2028 Summer Olympics to Los Angeles“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот 22 септември 2017. Посетено на 31 јули 2017.
- ↑ „Paris set to host 2024 Olympics, Los Angeles to be awarded 2028 Games by IOC“. ABC News. 31 јули 2017. Архивирано од изворникот 15 август 2022. Посетено на 1 август 2017.
- ↑ „IOC Session in Lima opened with energetic ceremony“. IOC. 13 септември 2017. Архивирано од изворникот 13 May 2021. Посетено на 23 мај 2024.
- ↑ „IOC makes historic decision by simultaneously awarding Olympic Games 2024 to Paris and 2028 to Los Angeles“. 13 септември 2017. Архивирано од изворникот 12 мај 2021. Посетено на 23 мај 2024.
- ↑ „No Changes in Core Olympic Sports for Paris 2024“. Around the Rings. 15 септември 2017. Архивирано од изворникот на 19 април 2021. Посетено на 16 јануари 2023.
- ↑ 23,0 23,1 „Olympic Games: Breakdancing takes step closer to Paris 2024 inclusion“. BBC Sport. 25 јуни 2019. Архивирано од изворникот 22 април 2022. Посетено на 26 јуни 2019.
- ↑ Diamond, James (19 јули 2018). „Two phase selection process confirmed for new Paris 2024 sports but esports will not be considered“. Inside the Games. Архивирано од изворникот 13 април 2022. Посетено на 19 July 2018.
- ↑ 25,0 25,1 „Gender equality and youth at the heart of the Paris 2024 Olympic Sports program“. International Olympic Committee. 7 декември 2020. Архивирано од изворникот 12 мај 2021. Посетено на 17 април 2023.
- ↑ „Official Programme of the Olympic Games Paris 2024 (English Version)“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 23 мај 2024. Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ Berkeley, Geoff (21 February 2023). „USA Boxing accuses IBA of trying to "sabotage" Olympic qualifiers“. Inside the Games. Архивирано од изворникот 3 јуни 2023. Посетено на 19 февруари 2024.
- ↑ „Paris Olympic bid committee is open to esports on 2024 Olympic program“. ESPN. Associated Press. 8 August 2017. Архивирано од изворникот 24 ноември 2017. Посетено на 9 август 2017.
- ↑ Morris, Chris (9 August 2017). „Video Games May Be a Part of the 2024 Olympics“. Fortune (англиски). Архивирано од изворникот 12 април 2022. Посетено на 16 јануари 2023.
- ↑ 30,0 30,1 Diamond, James (19 јули 2018). „Two phase selection process confirmed for new Paris 2024 sports but esports will not be considered“. Inside the Games. Архивирано од изворникот 13 април 2022. Посетено на 19 јули 2018.
- ↑ „Olympic Games: Paris organisers propose breaking to IOC as a new sport for 2024“. BBC Sport. 21 February 2019. Архивирано од изворникот 22 февруари 2022. Посетено на 24 февруари 2019.
- ↑ „Strict eligibility conditions in place as IOC EB approves Individual Neutral Athletes (AINs) for the Olympic Games Paris 2024“. Olympics.com. 8 December 2023. Архивирано од изворникот 8 декември 2023. Посетено на 1 јануари 2024.
- ↑ „La commission exécutive du CIO admet les athlètes individuels neutres aux Jeux Olympiques de Paris 2024 et impose des conditions d'admission strictes“. Olympics.com (француски). 8 декември 2023. Архивирано од изворникот 18 декември 2023. Посетено на 1 јануари 2024.
- ↑ „Statement on solidarity with Ukraine, sanctions against Russia and Belarus, and the status of athletes from these countries“. Olympics.com. 25 јануари 2023. Архивирано од изворникот 10 март 2023. Посетено на 1 јануари 2024.
- ↑ „Sports bodies urge IOC to allow Russians as neutrals for 2024 Olympics“. insidethegames.biz. 6 декември 2023. Архивирано од изворникот 7 декември 2023. Посетено на 2 април 2024.
- ↑ „Russia still banned, but "things change", says Sebastian Coe“. insidethegames.biz. 20 декември 2023. Архивирано од изворникот 25 декември 2023. Посетено на 2 April 2024.
- ↑ „Russian, Belarusian athletes will not take part in Paris Olympics opening ceremony“. France 24. 19 март 2024. Архивирано од изворникот 19 март 2024. Посетено на 19 март 2024.
- ↑ „Paris 2024 Olympics: Russia & Belarus athletes will not be part of opening ceremony“. BBC Sport (англиски). 19 март 2024. Архивирано од изворникот 19 март 2024. Посетено на 19 март 2024.
- ↑ Daffunchio Picazo, Raúl (5 март 2024). „Paris 2024: Flag, anthem and rules for Individual Neutral Athletes approved“. Inside the Games. Архивирано од изворникот 19 март 2024. Посетено на 20 март 2024.
- ↑ „OLYMPIC SCHEDULE“. Архивирано од изворникот 12 март 2024. Посетено на 12 март 2024.
- ↑ „Medallists – Paris 2024 Bronze, Silver & Gold Medal Winners“. International Olympic Committee. Архивирано од изворникот 8 август 2024. Посетено на 8 август 2024.
- ↑ Newberry, Paul (29 јули 2024). „Canada's Summer McIntosh wins gold medal in women's 400m individual medley“. CBC Sports. Посетено на 29 јули 2024.
- ↑ Newberry, Paul (1 август 2024). „Canada's Summer McIntosh wins women's 200m butterfly title for 2nd gold, 3rd medal in Paris“. CBC Sports. Посетено на 1 август 2024.
- ↑ „Canadian hat trick: McIntosh wins women's 200m IM final, capturing record 3rd gold medal of Olympics“. The Canadian Press. 3 август 2024. Посетено на 13 август 2024.
- ↑ Smirnova, Lena (29 јули 2024). „Swimming at Paris 2024: Ariarne Titmus wins 'race of the century' in 400m freestyle gold, defeats former world record holders“. International Olympic Committee. Посетено на 29 јули 2024.
- ↑ „Katie Ledecky swims into history with gold medal in 800 freestyle at Paris Olympics“. CBS News. 3 август 2024. Посетено на 3 август 2024.
- ↑ Pender, Kieran (2 август 2024). „Kaylee McKeown makes history on golden night for Australia at Paris Olympics“. The Guardian. Посетено на 14 август 2024.
- ↑ Wade, Stephen (4 август 2024). „Sarah Sjöström sprints to second gold medal in Paris Olympics with dominant win in 50-freestyle“. ABC News. Посетено на 14 август 2024.
- ↑ Liddy, Kaetlyn (5 август 2024). „Simone Biles didn't finish with gold, but the Paris Games still belonged to her“. NBC News. Посетено на 14 август 2024.
- ↑ Carroll, Rory (5 август 2024). „Shinnosuke Oka hangs on to win horizontal bar gold at Paris Games“. Reuters. Посетено на 14 август 2024.
- ↑ „Double Gold! Carlos Yulo is Olympic vault champion“. ABS-CBN News. 4 август 2024. Посетено на 4 август 2024.
- ↑ Tennery, Amy (2 август 2024). „Athletics-US power to 4x400m mixed relay world record“. Reuters.
- ↑ Charles, Michael (3 август 2024). „Paris 2024 athletics: Netherlands captures gold medal in mixed 4 x 400m relay with late push“. International Olympic Committee.
- ↑ Liew, Jonathan (5 август 2024). „Duplantis achieves new heights after pole vault world record adds to gold“. The Guardian. ISSN 0261-3077. Посетено на 6 август 2024.
- ↑ „McLaughlin-Levrone wins hurdles gold in world record“. BBC Sport. Посетено на 9 август 2024.
- ↑ de Villiers, Ockert (5 август 2024). „Paris 2024 Athletics: Kenya's Beatrice Chebet Wins Maiden Women's 5,000m Title“. International Olympic Committee.
- ↑ McAlister, Sean (9 август 2024). „Paris 2024 athletics: All results, as Beatrice Chebet secures distance double with gold in the women's 10,000m“. International Olympic Committee.
- ↑ Carayol, Tumaini (11 August 2024). „Sifan Hassan caps remarkable Olympics with women's marathon gold by 3 sec“. theGuardian.com (англиски). Посетено на 12 август 2024.
- ↑ de Villiers, Ockert (9 август 2024). „Paris 2024 athletics: All results, as Nafissatou Thiam wins historic third Olympic heptathlon gold“. International Olympic Committee.
- ↑ „Alfred storms to Olympic 100m gold in Paris“. BBC Sport. Посетено на 3 август 2024.
- ↑ „Olympics official results“. Посетено на 7 август 2024.
- ↑ „LaFond wins triple jump gold to bring Dominica first ever Olympic medal“. Reuters. Посетено на 4 август 2024.
- ↑ „Germany's Isabell Werth becomes first Olympian to win medals at 7 Olympic Games“. ANOC. 3 август 2024.
- ↑ „Cuba's Mijaín López wins fifth gold, record in individual event“. ESPN. Посетено на 7 август 2024.
- ↑ Whittle, Jeremy (3 август 2024). „Remco Evenepoel beats late puncture to take historic Olympic road race gold“. The Guardian. Посетено на 4 August 2024.
- ↑ Charles, Michael (3 август 2024). „Paris 2024 athletics: Netherlands captures gold medal in mixed 4 x 400m relay with late push“. International Olympic Committee. Посетено на 14 август 2024.
- ↑ „Australia's Noemie Fox joins sister as gold medallist, wins 1st women's kayak cross Olympic title“. CBC. 5 август 2024. Посетено на 14 август 2024.
- ↑ Sharf, Zack (1 август 2024). „J.K. Rowling, Elon Musk Criticize Olympics After Algeria's Imane Khelif Wins Women's Boxing Match Amid Gender Controversy: 'A Misogynist Sporting Establishment'“. Variety. Архивирано од изворникот 1 август 2024. Посетено на 2 август 2024.
- ↑ Jacoby, Sarah (2 август 2024). „What happened with Imane Khelif? Olympic boxer's win sparks gender eligibility controversy“. Today. Архивирано од изворникот 3 август 2024. Посетено на 3 август 2024.
- ↑ Beacham, Greg (9 август 2024). „Boxer Imane Khelif wins gold to cap an Olympics marked by scrutiny over her sex“. AP News. Архивирано од изворникот 9 август 2024. Посетено на 9 август 2024.
- ↑ „Judo-Peerless Riner secures his legacy in Paris“. 4 август 2024.
- ↑ Allenby, Charlie (4 август 2024). „Novak Djokovic ends wait for historic Olympic gold with victory in Paris 2024 classic over Carlos Alcaraz“. Eurosport. Посетено на 14 август 2024.
- ↑ „Tokyo 2020 Olympic Results“. IOC. 2 August 2021. Посетено на 5 August 2024.
- ↑ „Paris 2024 Olympic Results“. IOC. 5 August 2024. Посетено на 5 August 2024.
- ↑ „Paris Olimpiyat Oyunları'nda Yusuf Dikeç ve Şevval İlayda Tarhan ikilisinden gümüş madalya!“. Fanatik (турски). 30 јули 2024. Архивирано од изворникот 30 јули 2024. Посетено на 31 јули 2024.
- ↑ Rachel Treisman (1 August 2024). „A conspicuously dressed-down shooter won Olympic silver. Then he went viral“. NPR. Архивирано од изворникот 1 август 2024. Посетено на 4 август 2024.
- ↑ Morik, Ryan (31 јули 2024). „Turkish Olympic pistol shooter goes viral after nonchalant composure leads to silver medal: 'Insane aura'“. Fox News (англиски). Архивирано од изворникот 1 август 2024. Посетено на 1 август 2024.
- ↑ Tuysuz, Amy Woodyatt, Patrick Sung, Gul (1 август 2024). „Turkey's understated Olympic shooter Yusuf Dikeç bags silver medal and goes viral for 'insane aura'“. CNN (англиски). Архивирано од изворникот 4 август 2024. Посетено на 4 август 2024.
- ↑ „Is Olympic fame Yusuf Dikec really that cool in real life? His colleague shares the truth“. The Economic Times. 2024-08-04. ISSN 0013-0389. Архивирано од изворникот 4 август 2024. Посетено на 4 август 2024.
- ↑ „'A bit famous now': Cool, casual Olympic shooters unfazed by internet storm“. Al Jazeera (англиски). Архивирано од изворникот 4 август 2024. Посетено на 4 август 2024.
- ↑ „Viral Turkish shooter reacts to his 'hitman' memes at Paris Olympics: 'Looked calm, but…'“. www.hindustantimes.com. 4 август 2024. Архивирано од изворникот 4 август 2024. Посетено на 9 август 2024.
- ↑ Ben Church (9 август 2024). „Turkey's viral Olympian Yusuf Dikeç inspires new celebration with nonchalant stance“. CNN. Посетено на 11 август 2024.
- ↑ Williams, Eliza (4 December 2019). „Trends of 2019: Branding“. Creative Review (англиски). Архивирано од изворникот 23 октомври 2020. Посетено на 7 декември 2020.
- ↑ Wharton, David (24 октомври 2019). „Is it an Olympic logo? Or a coquettish scamp?“. Los Angeles Times (англиски). Архивирано од изворникот 18 февруари 2023. Посетено на 25 октомври 2019.
- ↑ 85,0 85,1 „Olympic flame or dating ad? Paris 2024 logo divides opinion“. BBC News (англиски). 22 октоври 2019. Архивирано од изворникот 14 мај 2023. Посетено на 25 октомври 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 86,0 86,1 „Trends of 2019: Branding and logos“. Creative Review. 3 декември 2019. Архивирано од изворникот 23 октомври 2020. Посетено на 7 декември 2020.
- ↑ „How Paris 2024 unveiled its new logo?“. en24.news. 21 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 22 октомври 2019. Посетено на 22 октомври 2019.
- ↑ Lepeltier, Nicolas (21 октомври 2019). „Paris 2024: le logo des Jeux Olympique's dévoilé“ [Paris 2024: Olympic Games logo unveiled]. Le Monde.fr (француски). Архивирано од изворникот 18 февруари 2023. Посетено на 22 октомври 2019.
- ↑ „Trends of 2019: Branding and logos“. Creative Review (англиски). 3 декември 2019. Архивирано од изворникот 23 октомври 2020. Посетено на 7 декември 2020.
- ↑ Wong, Henry (6 декември 2019). „The 10 biggest rebrands and logo designs of 2019“. Design Week (англиски). Архивирано од изворникот 18 февруари 2023. Посетено на 7 декември 2020.
- ↑ „83% of French People Approve of New Paris 2024 Games Emblem“. Paris 2024 (англиски). 24 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 19 септември 2020. Посетено на 19 август 2021.
- ↑ Rowbottom, Mike (21 октомври 2019). „Paris 2024 unveil new shared Olympic and Paralympic Games emblem“. Inside the Games. Архивирано од изворникот 22 октомври 2019. Посетено на 22 октомври 2019.
- ↑ „Avec ses produits dérivés, Paris 2024 veut faire sauter la banque“ [With its derivatives, Paris 2024 wants to break the bank]. francsjeux.com (француски). 29 октомври 2021. Архивирано од изворникот 25 септември 2023. Посетено на 19 февруари 2024.
- ↑ „Paris 2024 – The Mascots“. Paris 2024 (англиски). Архивирано од изворникот 28 јули 2023. Посетено на 28 јули 2023.
- ↑ „Phrygian cap symbolising French republic chosen as 2024 Paris Olympics mascot“. France 24 (англиски). 14 ноември 2022. Архивирано од изворникот 9 февруари 2023. Посетено на 28 јули 2023.
- ↑ Rowbottom, Mike (14 ноември 2022). „Paris 2024 mascots revealed as Phrygian caps – cute ideals of liberty to power a sporting revolution“. Inside the Games. Архивирано од изворникот 14 ноември 2022. Посетено на 14 ноември 2022.
- ↑ Belam, Martin (14 ноември 2022). „Meet the Phryges: Paris 2024 Olympic and Paralympic mascots unveiled“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Архивирано од изворникот 25 ноември 2022. Посетено на 28 јули 2023.
- ↑ ‘Olympics™ Go! Paris 2024’ new official videogame for Olympic Games Paris 2024 to launch in June. Animoca Brands. 16 април 2024.
- ↑ Feel Like an Athlete with These Oplympic (Video) Games. The New York Times. 24 јули 2024.
- ↑ „Paris 2024 Iconic Posters“. Paris 2024 (англиски). Архивирано од изворникот 6 March 2024. Посетено на 6 март 2024.
- ↑ Muñana, Gustavo (5 март 2024). „'Surrealist' diptych poster for Paris 2024 Olympics“. Inside the Games. Архивирано од изворникот 5 март 2024. Посетено на 7 март 2024.
- ↑ Keslassy, Elsa (23 April 2019). „France Televisions to Sub-License Olympic Games for Beijing 2022 and Paris 2024 From Discovery“. Variety. Архивирано од изворникот 9 октомври 2021. Посетено на 23 април 2019.
- ↑ „Max to be distributed by Canal and Prime Video in France; new launches announced“. Broadband TV News (англиски). 7 мај 2024. Архивирано од изворникот 8 мај 2024. Посетено на 7 мај 2024.
- ↑ „Max goes live in France, Poland, Netherlands and Belgium“. Broadband TV News (англиски). 11 јуни 2024. Архивирано од изворникот 11 јуни 2024. Посетено на 12 јуни 2024.
- ↑ Goldbart, Max; Merican, Sara (7 мај 2024). „WBD Unveils Canal+, Amazon Deals For Max In France & Spain Along With Launch Date; Fremantle UK Finance Hire; Hong Kong Avant Garde Festival – Global Briefs“. Deadline (англиски). Архивирано од изворникот 7 мај 2024. Посетено на 8 мај 2024.
- ↑ McLean, Heather McLean. „100 days to go: Warner Bros. Discovery unveils Paris 2024 studio and glimpse of production plans“. SVG Europe (англиски). Архивирано од изворникот 19 април 2024. Посетено на 19 мај 2024.
- ↑ Oller, Alex (22 June 2024). „Outlook on Games' opening ceremony in Seine remains murky“. Inside the Games. Архивирано од изворникот 22 јуни 2024. Посетено на 22 јуни 2024.
- ↑ Muñana, Gustavo (4 февруари 2024). „Fewer fans allowed at Paris opening ceremony“. Inside the Games. Архивирано од изворникот 6 февруари 2024. Посетено на 19 февруари 2024.
- ↑ „Activists criticize attempts to turn French capital into 'postcard Paris' at expense of people“. CBC. 23 јуни 2024. Архивирано од изворникот 23 јуни 2024. Посетено на 23 јуни 2024.
- ↑ „Islamist terrorism is 'main concern' for upcoming Olympics, says Paris police chief“. The Times of Israel. 21 јуни 2024. Архивирано од изворникот на 21 јуни 2024.
- ↑ „'Double standards, selective morality': Olympics under scrutiny for conflicting stance on Russia, Israel“. Anadolu Agency. 27 мај 2024. Архивирано од изворникот 27 мај 2024. Посетено на 28 мај 2024.
- ↑ „Palestinian Olympic chief wants Israel Olympic ban“. Deutsche Welle. 24 јуни 2024. Архивирано од изворникот 24 јуни 2024. Посетено на 28 јуни 2024.
- ↑ Pathak, Manasi (1 March 2022). „IOC recommends banning Russian, Belarusian athletes from international events“. Reuters (англиски). Архивирано од изворникот 4 февруари 2023. Посетено на 9 февруари 2023.
- ↑ „Paris mayor wants Russian athletes banned from Olympics“. Reuters (англиски). 13 март 2024. Архивирано од изворникот 27 март 2024. Посетено на 28 март 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Летни олимписки игри 2024“ на Ризницата ? |
|