Прејди на содржината

1 век п.н.е.

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
< 2 век п.н.е. 1 век п.н.е. 1 век >
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 100
Светот во првиот век п.н.е.
Источната полутопка во 100-тата година п.н.е.

1 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 100 г. п.н.е. и завршил на 31 декември 1 г. п.н.е.

Означувањето на пред новата ера/новата ера не користи нулта година; сепак, астрономското нумерирање на годините користи нулта година, како и знакот минус, така што „втора година п.н.е.“ (2 п.н.е.) е еднакво на „-1 година“. Ова е стотиот век во Холоценскиот календар, а ги опфаќа годините 9,901-10,000. По овој век следи првиот век од новата ера (н.е.).

Во тек на овој век сите преостанати независни земји околу Средоземното Море биле постепено ставени под римска контрола, управувани директно со гувернери или со кралски марионети назначени од Рим. Самата римска држава била втурната во неколку граѓански војни, што конечно резултирало со завршување на 500-годишната република и создавање на империја со поминување на целокупната власт во рацете на еден човек – царот.

Внатрешните превирање кои се случувале во Рим во тоа време значеле смрт за Римската република и овозможиле издигнување на моќни историски личности со автократски амбиции, како што се: Сула, Јулиј Цезар, Марко Антониј и Октавијан Август.[1] Прогласувањето на Октавијан во император Август, како единствен властодржец во Римското Царство, претставувало историски пресврт кој го означил крајот на Римската република и почетокот на Римското Царство.[1] Некои историчари овој настан го нарекуваат Римска револуција. Се смета дека раѓањето на Исус, централната фигура во христијанството, се случило на крајот од овој век. На азискиот континент, во втората половина на првиот век п.н.е., дошло до постепено пропаѓање на династијата Хан, а кралскиот двор во Кина бил во хаос. Истовремено затекнати од тешката ситуација граничните номадски племиња Хунну морале или да мигрираат на запад или да се присоединат на династијата Хан.[2]

Настани

Луциј Корнелиј Сула, римски генерал и државник
Митридат VI
Ху Гуанг
Тигран Велики
  • 69 п.н.е.: Луциј Лукул Помладиот ја нападнал Ерменија (Битката кај Тиграноцерта) и повторно ги донел на власт Селевкидите во Сирија.
  • 68 п.н.е.: Помпеј го заменил Лукул како водач на римската војска во Третата Митридатска војна.
  • 68 п.н.е.: Ху Гуанг починал, а царот царот Ксуан од династијата Хан презел целосна власт. Во следните две години кланот на Ху бил елиминиран.
  • 67 п.н.е.: Помпеј добил тригодишен Lex Gabinia за борба против пиратите во Средоземјето, а ги победил за 40 дена.
  • 66 п.н.е.: Помпеј го истерал Мидридат VI од Мала Азија (Битката на Лику).
  • 66 п.н.е.: Аристобул II ја презел власта од Хиркан II во Јудеја.
  • 63 п.н.е.: Мидридат VI извршил самоубиство, со што завршила Третата Митридатска војна.
  • 63 п.н.е.: Цицерон го обелоденил Каталинскиот заговор.
  • 63 п.н.е.: Помпеј го зазел Ерусалим и ја анектирал Јудеја и ја укинал Селевкидската династија во Сирија. Аристобул II бил симнат од власт, а бил поставен Хиркан II како римски вазал.
  • 62 п.н.е.: Набатејското кралство станало римски вазал.
  • 61 п.н.е.: Оргеторикс и Хелветите се обиделе во мигрираат во југозападна Франција, што било причина Јулиј Цезар да ги започне Галските војни.
  • 60 п.н.е.: Јулиј Цезар, Помпеј Велики и Марко Лициниј Крас го создале Првиот триумвират.
  • 60 п.н.е.: Сака го покорува градот Матура во Утар-Прадеш.
Клеопатра со нејзиниот син Птоломеј XV Цезарион, прикажани во храмот Дендера.
Гај Јулиј Цезар
Гај Јулиј Цезар Август
Ливија Друсила
  • 9 п.н.е.: Панонија била припоена на Римското Царство од идниот император Тибериј.
  • 8 п.н.е.: Ванг Манг станал водач на кинеската војска и администрација.
  • 7 п.н.е.: Починал царот Ченг од династијата Хан и го наследил неговиот внук Аи.
  • 6-4 п.н.е.: Роден е Исус од Назарет.
  • 4 п.н.е.: Јудејското кралство било анектирано во рамките на римската провинција Сирија по смртта на кралот Херод.
  • 2 п.н.е.: Царот Аи од династијата Хан го назначил Донг Ксијан за водач на кинеската армија и администрација.
  • 1 п.н.е.: Починал царот Аи од династијата Хан, а бил наследен од неговиот 8-годишен роднина Пинг. Ванг Манг бил назначен за регент и започнал големи реформи.

Личности

Помпеј Велики
Цицерон

Литература

Вергилиј, римски поет

Наука и филозофија

Страбон, старогрчки географ, филозоф и историчар

Откритија

Наводи

  1. 1,0 1,1 Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 180–202.
  2. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 308–315.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 3,17 3,18 3,19 „Roman Timeline of the 1st Century BC | UNRV.com“. www.unrv.com. Посетено на 2018-09-04.