Боболка
Изглед
Боболка | |
---|---|
Morus nigra | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Нерангирано: | Angiosperms |
Нерангирано: | Eudicots |
Нерангирано: | Rosids |
Ред: | Rosales |
Семејство: | Moraceae |
Племе: | Moreae[1] |
Род: | Morus L. |
Боболка[2][3], боболкница[4][5], црница[6][7], муренка[8][9] или дудинка[10][11] — род на цветни растенија, кој содржи 10-16 различни видови.
Боболките достигнуваат 10–15 m височина. Плодовите можат да имаат различна боја од бела до црвена, во зависност од видот. Плодот се користи за добивање на џем, како и ракија.
Име
[уреди | уреди извор]Во Македонија, растенијата од родот Morus, се среќаваат под различни имиња во различни региони:
- боболка во централно-јужниот регион на Македонија: боболкница (Прилеп), боболка (Прилеп, Мариово), бопка (Фурка, Дојранско), бобонка (Велес, Велешко)
- црница
- муренка: муренка (Струшко, Охридско), муринка (Љубаништа-Охридско, Дебарско, Ехлоец, Попоец-Кичевско), мурвина (Модрич-Дебарско), мурвинка (Гари-Дебарско), мурвенка (’Ржаново-Дебарско), мурвинка (Жировница-Дебарско) и надвор од овој регион морејка (Двориште-Беровско)
- дудинка - претставува турцизам. Застапен е како дутка (Гостиварско), дудинка (Маврово, Младо Нагоричане-Кумановско, Скопско) и карадутка (Смилево)
Црницата како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Црницата се јавува како тема во делата од ументоста и популарната култура, како:
- „Под муренката“ (Под дудом) - песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.[12]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Morus L.“. Germplasm Resources Information Network. United States Department of Agriculture. 2009-01-16. Архивирано од изворникот на 2013-05-10. Посетено на 2009-03-11.
- ↑ „боболка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „боболка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „боболкница“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „боболкница“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „црница“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „црница“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „муренка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „муренка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „дудинка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „дудинка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 77-78.