Растенија
Растенија, билки Plantae Период: Камбриум до денес | |
---|---|
Научна класификација | |
Домен: | Eukaryota |
Нерангирано: | Archaeplastida |
Царство: | Plantae Хекел, 1866 |
Оддели | |
Embryophyta (копнени растенија)
|
Растенијата или билки се многуклеточни автотрофи (многу мал број се хетеротрофи, како на пример некои паразитски растенија) што обично живеат прикрепени на почвата. Тие сочинуваат посебно царство - Plantae (порано познато и како Vegetabilia). Најраните фосили од растенија се од почвени, т.е. васкуларни растенија. Фосилните и биохемиските истражувања укажуваат на тоа дека растенијата еволуирале од многуклеточни зелени алги. Генерално, растенијата се делат на неваскуларни (оние кај кои ситестите клетки не содржат лигнин и кај кои отсуствува спроводен систем - ксилем и флоем) и васкуларни (оние кај кои ситестите клетки содржат лигнин и имаат ксилем и флоем). Науката што ги проучува растенијата се нарекува ботаника (или, многу поретко, фитологија).
Од еколошки поглед, растенијата се примарни произведувачи на органска материја (по пат на фотосинтеза) во сите копнени и помал дел од водните екосистеми, со што претставуваат основна храна за сите останати живи организми во дадениот екосистем. Тие го започнуваат движењето на енергијата во екосистемот преку метаболитичките процеси на организмите, со што ја намалуваат ентропијата.
Растителни клетки, ткива, органи и органски системи
[уреди | уреди извор]- Раститителните клетки, за разлика од животинските, покрај универзалните органели содржат и клеточен ѕид, кој го содржи јаглехидратот целулоза и често имаат пластиди во нивната цитоплазма. Кај растенијата не се забележани центриоли (кои се присутни во животинската клетка).
- Растителните ткива можат да бидат творни (меристемски) или трајни (диференцирани).
- Растителните органи се групирани во две групи - генеративни и вегетативни.
- Органски системи, растенијата ги имаат два - стеблолисен и коренов.
Еволуција на растенијата
[уреди | уреди извор]Се мисли дека растенијата еволуирале од веќе спомнатите зелени алги, меѓутоа не се знае точно кои. Така, различни групи на зелени алги се спомнуваат дека се предок на растенијата, но, најчесто се спомнуваат харофитите. Кладистичките студии го поддржуваат вклучувањето на харофитите (па и колеохеталите) како сестрински таксон на васкуларните растенија. Тие тоа го појаснуваат со тоа што пред околу 500 и 400 милиони години некои алги (кои живееле во океаните) транзитирале на копното, станувајќи растенија со развивање на серија од адаптации кои им помагале да преживеат надвор од водата. Стеблените, т.е. васкуларни (воздушни) растенија се појавиле пред околу 350 милиони години,со што по неколку години (пред 300 милиони години) се појавуваат и првите шуми.
Една од можните филогенетски шеми (филогенетско дрво) на растенијата е онаа дадена од Кенрик и Крејн во 1997 година.[1] Prasinophyceae може да е парафилетска основна група на сите зелени растенија.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Животен циклус на растенијата
[уреди | уреди извор]Во својот животен циклус, растенијата имаат т.н. смена на генерациите: диплоидно,споропродуцирачко растение (спорофит), кое е алтернативно со хаплоидното гаметопродуцирачко растение (гаметофит). Кај растенијата митозата се случува во спорите, кои се производ од мејозата, а стануваат плодни во гаметофитната генерација (фаза). Големината на гаметофитот достигнува од три клетки (во поленот) до неколку милиони (кај нижите растенија, како мововите). Смената на генерациите се случува кај растенијата каде по спорофитот следи гаметофитот. Спорофитната фаза произведува спори со мејоза во спорангиум. Гаметофитната фаза произведува гамети со митоза во антеридиум и/или архегониум. Во царството на растенијата, доминантноста на фазите варира. Кај неваскуларните растенија и мововите, доминантен е гаметофитот. Васкуларните растенија покажуваат прогресија на зголемена доминантност на спорофитот, и тоа од папратите и нивните сродници, па сè до скриеносемените растенија.
Хомоспорија и хетероспорија
[уреди | уреди извор]Постојат некои разлики во животните циклуси на растенијата. Така, има растенија кои продуцираат бисексуален гаметофит. Тој потекнува од т.н. изоспори (грчки:iso-исто) што се со иста големина. Оваа појава се нарекува изоспорија или хомоспорија (грчки:homo-исто). Кај растенијата, пак, кои произведуваат одделни (хетеросексуални) машки и женски гаметофити, тие им потекнуваат од спори со различни големини (хетероспори, од грчки:hetero-различно). Машкиот гаметофит продуцира сперма, која е асоцирана со микроспори. Женскиот гаметофит е асоциран со мегаспори. Оваа појава, хетероспорија, ботаничарите ја сметаат за значаен чекор кон развитокот на семето.
Еколошки поделби
[уреди | уреди извор]Освен автотрофни, мал број на растителни видови се хетеротрофни организми. Такви се на пример паразитските растенија (на пример, Cuscuta) кои се зависни за храна од други (домаќински) живи организми (најчесто зелени растенија). Освен паразитите, хетеротрофни се и сапрофитските растенија кои се исхрануваат со мртва органска материја.
Во зависност од животната средина, растенијата може да бидат водни (акватични), копнени (терестрични) и епифити (со своите корења се прикачени за други растенија, а не на почва). Според побарувачката за вода, растенијата се делат на ксерофити (живеат на суви места), мезофити (имаат средна потреба за вода) и хидрофити (живеат во воденикави или влажни места, имаат голема потреба за вода).
Животниот век кај растенијата е различен. Така, имаме:
- едногодишни растенија: го завршуваат својот животен циклус за време од една растечка (вегетативна) сезона;
- двегодишни растенија: најчесто тревести, имаат потреба од две вегетативни сезони. Образуваат цветови и семе во втората сезона;
- повеќегодишни растенија: растат многу години, најчесто се дрвенести или зелјести.
Растителниот хабитус може да биде:
- дрво: со единечно задрвенето стебло;
- грмушка: со дрвенесто релативно кратко стебло кое дава многу разграноци;
- зелјесто растение: со меко кратко стебло кое е краткорочно;
- ползач: ползи по почвата или по други предмети (тие растенија кои ползат по дрвјата се наречени лијани).
Растенијата како мотив во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Растенијата како мотив во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Јавор цутит, јавор капит“ - македонска народна песна.[2]
- „Во царството на растенијата“ — краток расказ на македонскиот писател Андреј Ал-Асади.[3]
- „Дрво“ — песна на норвешкиот поет Беристерне Бернсон.[4]
- „Бамбус на неверството“ — расказ на македонската писателка Виолета Бојковска од 2019 година.
.[5]
- „Лисја трева“ (англиски: Leaves of Grass) — поетска збирка на американскиот поет Волт Витман.[6][7]
- „Дрвото на јаничарите“ - роман на писателот Џејсон Гудвин.[8]
- „Ливада со трева“ (англиски: An Acre of Grass) — песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[9]
- „Исекоа три дрва“ (шпански: Cortaron tres arboles) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[10]
- „Дрвце дрвце“ (шпански: Arbolé arboleé) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[11]
- „Уште расте тревата“ — драма на американскиот писател Артур Милер.[12]
- „Булки без саксија“ — расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.[13]
- „Трева и камење“ — песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1956 година.[14]
- „Појадок на трева“ (српски: Doručak na travi) — песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[15]
- „Зимски дрвја“ (англиски: Winter Trees) - поетска збирка на американската писателка Силвија Плат од 1971 година.[16]
- „Принцезата бреза — песна на македонскиот поет Видое Подгорец.[17]
- „Дрво што крвави“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[18]
- „Две стебла благуни“ - песна на Анте Поповски.[19]
- „Сама бука“ - поема на Анте Поповски.[20]
- „Антијар“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин од 1828 година.[21]
- „Високи дрвја“ - песна на полскиот поет Леополд Стаф.[22]
- „Дрво“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[23]
- „Бреза и јавор“ — песна на Стојан Тарапуза.[24]
- „Борови“ — песна на Стојан Тарапуза.[25]
- „Непознато дрво“ - песна на полскиот поет Јулијан Тувим.[26]
- „Дрво“ - краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[27]
- „Молчењето на билките“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[28]
- „Кромид“ — песна на Вислава Шимборска.[29]
- „Дрво на ридот“ - песна од истоимената книга на македонскиот поет Ацо Шопов од 1980 година.[30][31]
Растенијата како мотив во популарната музика
[уреди | уреди извор]- „Стаклен кромид“ (англиски: Glass Onion) — песна на британската рок-група Битлси од 1968 година.[32]
- „Еден ден во животот на дрвото“ (англиски: Day in the life of a tree) — песна на американската рок-група Бич бојс (Beach Boys) од 1971 година.[33]
- „Млад кромид“ (англиски: Green Onions) — песна на американската група Booker T. & The M.G.'s од 1962 година.[34]
- „Уште кромид“ (англиски: Mo' Onions) — песна на Booker T. & The M.G.'s од 1962 година.[34]
- „Сенки и високи дрва“ (англиски: Shadows And Tall Trees) — песна на ирската рок-група У2 (U2) од 1981 година.[35]
- „Дрвото Џошуа“ (англиски: The Joshua Tree) — музички албум на У2 од 1987 година.[36]
- „Имав сон за исушено дрво“ (англиски: I had a dream of a dead tree) — песна на македонската рок-група Mooger Fooger.[37]
- „Трева“ (англиски: Grass) — песна на англиската рок-група XTC од 1986 година.[38]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Плодови од палма палмира
-
Ризом од куркума
-
Сладок компир или батат
-
Ipomoea batatas
-
Црвоточно растение
-
Тревесто растение: Жолта перуника
-
Pandanus amaryllifolius
-
Калифорниска папаја
-
Carica papaya, сорта „Залез“
-
Лимонова трева (Cymbopogon citratus)
-
Pachyrhizus erosus bulb-root. Situgede, Bogor, West Java, Indonesia.
-
Fuji (apple)
-
Sprouting shoots of Sauropus androgynus
-
Cocos nucifera
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Kenrick, Paul & Peter R. Crane. 1997. The Origin and Early Diversification of Land Plants: A Cladistic Study. (Washington, D.C.: Smithsonian Institution Press). ISBN 1-56098-730-8.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 33.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 350.
- ↑ Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 85-86.
- ↑ Виолета Бојковска, Барем наутро. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 56-59.
- ↑ Volt Vitmen, Vlati trave, Beograd: Rad, 1969.
- ↑ Volt Vitman, Izabrana poezija, Beograd: Plato books, 2008.
- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 18.
- ↑ Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 165.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 66.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 73-74.
- ↑ Нада Момировска, „Поговор“, во: Артур Милер, Сите мои синови. Скопје: Наша книга, 1983, стр. 85.
- ↑ Очудувања #1 #2 (кратки раскази). Скопје: Бегемот, 2018, стр. 70-72.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 263-265.
- ↑ Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 35.
- ↑ Vladislava Gordić Petković, „Opasno leto 1953: lekcije o suicidu“ во: Silvija Plat, Stakleno zvono. Beograd: Laguna, 2017, стр. 16.
- ↑ Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 9-10.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 8.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 67.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 171-172.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 173-174.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 19.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 26.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 71.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 27.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 35-36.
- ↑ Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 241.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 306-307.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 201-202.
- ↑ Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 156.
- ↑ „Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 160.
- ↑ DISCOGS, The Beatles – The Beatles (пристапено на 27.6.2019)
- ↑ YouTube, Beach Boys - A Day In The Life Of A Tree (пристапено на 10.5.2017)
- ↑ 34,0 34,1 YouTube, Booker T. & The M.G.'s - Green Onions (пристапено на 30.8.2017)
- ↑ Discogs, U2 – Boy (пристапено на 26.5.2021)
- ↑ U2, The Joshua Tree, Cai 9218, Jugoton.
- ↑ Mooger Fooger, 4th of July, Corpus Delicti Records, CD 001.
- ↑ YouTube, XTC - Grass (Music Video) (HQ Audio) (пристапено на 23.9.2017)
|