Говорништво
Говорништво или ораторство — говорење пред група луѓе на подреден, умислен начин кој има за цел да ги информира, влијае врз, или да ги забавува слушателите. Како и кај било кој начин на општење, говорништвото се состои од пет најважни елементи „кој кажува што, кому со помош на кој медиум и со која цел“?
Целта на говорништвото може да биде од едноставен пренос на информации, мотивирање на луѓето да дејствуваат на извесен начин, па до едноставно раскажување на некоја приказна. Добриот говорник треба да може и да ги менува чувствата на своите слушатели, а не само да ги информира. Во античка книжевност покрај оние родови што се составуваат во стих се појавиле и се развиле и прозни книжевни родови. Покрај филозофската книжевност и историографијата, меѓу овие спаѓа и говорништвото
Историја
[уреди | уреди извор]Говорењето во јавност е речиси старо колку и самиот говор . Првите учебници на оваа тема се напишани пред поеќе од 2400 години, а принципите елаборирани во нив биле производ на практики и искуства на говорниците во Стара Грција. Овие основни принципи имаат претрпено промени како што се менувале самите општества и култури, но сепак тие останале изненадувачки униформни.
Вежбање
[уреди | уреди извор]Доброто говорништво може квалитетно да се извежба со зачленување во некое говорничко друштво. Членовите учат со гледање и слушање, како и со лични вежби на кои другите членови даваат конструктивни примедби. Тие одредби се:
- Ораторство
- Употреба на гестикулации
- Контрола врз гласот
- Избор на речник
- Прибелешки
- Употреба на хумор
- Развивање на однос со слушателите
Водство
[уреди | уреди извор]Успешното водство секогаш зависи од квалитетот на говорништвото на тоа лице, и истото често може да го надомести недостатокот на други способности. Целите за кои оваа вештина се употребува можат да бидат најразнообразни - Адолф Хитлер и Мартин Лутер Кинг двајцата употребувале говорништво со цел да извршат силно влијание врз оппштеството - но во прилично различни насоки.
Општо
[уреди | уреди извор]Стравот од јавното говорење се нарекува глософобија (или неформално „трема“). Се смета дека ова е најчестата фобија во светот — дури почеста и од фобијата од смрт — таа е присутна кај 75% од сите луѓе на светот.
Говорништвото како мотив во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Мојот роднина Дикран, говорник“ — расказ на американскиот писател Вилијам Саројан.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Вилијам Саројан, Се викам Арам. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 67-75.