Прејди на содржината

Валета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 05:39, 26 јануари 2013; направена од KamikazeBot (разговор | придонеси) (r2.7.3) (Робот: Ја менувам tl:Valletta во tl:La Valeta)
Валет
град и општина
Грб на Валет
Локација во Малта
Локација во Малта
Координати: 35°53′52″N 14°30′45″E / 35.89778° СГШ; 14.51250° ИГД / 35.89778; 14.51250
Управа
 • градоначалникАлексеј Дингли
Површина
 • Вкупна0,8 км2 (3 ми2)
Надм. вис.&1000000000000005600000056 м
Население (март 2011)
 • Вкупно6.966
Повик. бр.356
Мреж. местоМатична страница
Големите ѕидини околу градот и морето
Улица Република, главна пешачка зона во Валет
Податотека:Vallletta Waterfront.jpg
"Ушминкане" старите куќи на градскиот кеј

Валета (малт. Valletta) е главниот град на Малта, кој се наоѓа во најголемиот остров на истоимената држава.

Населението на Валета е околу 6315, според пописот од 2005 година. Градот е вклучен во 1980 година под УНЕСКО.

Етимологија

Официјалното име кое е дадено на градот било Humillima Civitas Valletta, т.е. град посветен на пониженоста, меѓутоа, поради своите бистиони и тврдини, заедно со убавината на барокните згради долж тесните улици, Валет станал познат и како Superbissima - „Величенствен“ помеѓу владејачките куќи на Европа. На малтешки јазик тој обичаено се нарекува Il-Belt, што едноставно значи „град“.

Историја

Подрачјето на Валет било населено уште во времето на праисторијата и било активно во стариот и среден век, но немало поголемо значење се до 16 век.

Камен-темелникот на градот Валет го поставил поранешниот Голем мајстор Ред Свети Јован, Жан де ла Валет 28 март 1566 година. Ред (кој долго управивал со градот и островот) одличил да оснива нов град на полуостровот Шеберас веднаш по завршување на големата опсада на Малта. Дадениот полусторв бил средиште на динственото природно пристаниште на осрвотот, па ова бил клучен потег за зацврстување на положбата на островот.

Географија

Релјеф: Валет е сместен на северната страна на островот Малта. Градот е стратегиски поставен во една поголемо природно пристаниште на островот Малта, кој има тешко пристапни брегови. Самиот град е во ѕидини на малиот полуостров Шеберас, кои го опкружуваат две природни пристаништа. Тлото на кое е изграден е прилично покретно, но и покрај тоа тука е ортогонална улична мрежа.

Клима: Валет, како и цела Малта, има средоземна клима со многу топли и суви лета и благи и дождливи зими. Средната годишна температура е 21°С.

Води: Валет и изразито приморски град, на полуостров со три страни опкружен со вода, кој го опкружуваат две природни пристаништа, Марсамшет и Големото пристаниште. Градот е најголемо пристаниште на Малта.

Архитектура

Целиот Валет е сочуван во старите ѕидини и има во потполост сочуван дух од минатите времиња. Поради сето тоа градот е ставен на списокот на светска заштита на УНЕСКО.

Градот има неколку згради со извонредна историска важност, денес се на листата на УНЕСКО на светска градина. Најзначајни згради се:

Демографија

Населението на Валет според проценките од 2008 година било некаде преку 6.000 жители. Тоа е во постојано опаѓање во текот на последните неколку децении, и денес е само третина од некогашниот број. Овој процес посебно се забрзал по Втората светска војна кога младото население често се преселувало од пренатрпаниот град во околина на предградието, а самиот град останал седиште на трговските и управните дејности. Затоа градот и покрај својата величина и маленкост во однос на некои предградија денес е средиште на животот на оваа мала држава.

Култура

Празниот Свети Павле од Терс се прославува во Валет на 10 фебруари, додека се рпазници на Свети Доминик, Свети Августин и Нашиот Госпе од Кармел, кои се прославуваат во текот на цела година.

Транспорт

Јавниот сообраќај во Малта, кој користи автобуси, се одвива на линијата кон и од Валет, преку терминалот кој се наоѓа веднаш до велозт на градот. Сообраќајот во самиот град е ограничен, а некои од главните улици се потполно претворени во пешачки зони.

Спорт

Валет е познат и по својот фудбалски клуб „ФК Валет“, еден од најдобрите клубови на островот.

Галерија

Надворешни врски