Програмски план за 2013
Википедија е успешна Интернет приказна: основана во 2001 година од страна на Џими Велс, денес има над 23 милиони статии на над 280 јазици. Постојат околу 15 милиони мултимедијални податотеки достапни и слободни за употреба за кого било, сместени на слободната мултимедијална архива Wikimedia Commons.
Основата на овој успех е континуираната работа на илјадници доброволци што секојдневно пишуваат нови статии, ја ажурираат содржината на постоечките, додаваат фотографии и илустрации, ги поправаат синтаксните и граматичките грешки и работат многу други неопходни работи.
Википедија на македонски јазик, има над 65.000 статии, преку 35.000 регистрирани корисници.
Википедија е извор на знаење, во просек месечно имаме околу 4 милиони посети на Википедија на македонски јазик. Се поголем е бројот на корисници на Википедија. Секој час се прегледуваат над 5.000 различни статии на Википедија.
Она што е постигнато досега е несомнено многу, но далеку од тоа дека Викимедија проектите се завршени.
Како и минатата така и оваа година би сакале да ги вклучиме нашите членови и јавноста во процедурата на усвојување на нашиот програмски и финансиски план, со јавно изложување на работната верзија на овие планови неколку месеци пред нашето годишно собрание, кое ќе се одржи во втората половина на месец декември 2012 година. Сите заинтересирани имаат шанса да дебатираат за нашите предлози. Уште повеќе членовите на Викимедија Македонија и нашите партнерски организации ќе имаат можност за директно влијание во насочувањето на фокусот на нашите активности следната година со поднесување на соодветни коментари и забелешки на овде изнесените планови.
Предложените цели се амбициозни и одредниците за успех се поставени на високо ниво, но ако се има предвид енормното значење на слободното знаење за нашата општествена заедница, тие се соодветни и неопходни. Тие одредници можат да бидат постигнати само ако членовите, заинтересираната јавност и било кој кој се чуствува поврзан со слободното знаење, се согласат да ги постигнат и се потрудат да ги остварат во текот на 2013 година.
- Димче Грозданоски,
- Претседател на Викимедија Македонија
Стратешки цели
[уреди]цел | целна група | активност | индикатор за успех |
---|---|---|---|
Промоција на доброволци |
|
|
|
Медиуми и политика |
|
| |
Развој на организацијата |
|
||
Зголемување на бројот на уредувачи на македонската Википедија. | |||
Зголемување на квалитетот на содржините на Википедија. | |||
Вклучување на различни социјални групи во уредувањето и користењето на содржините. | |||
Отворени податоци, Отворено владино партнерство. | |||
Википедија на вашиот факултет |
|
|
|
Википедија во вашето училиште. |
|
|
|
WLM. | |||
GLAM. | |||
Соработка со останатите земји каде што има формирано локални ограноци. |
| ||
Wikimedia Chapter Association |
|
||
Учество на меѓународни и домашни конференции. |
|
|
|
Организација и помагање во организацијата на други конференции. |
Оперативен план
[уреди]Промоција на доброволци со создавање на соодветни организациски капацитети
За да се осигура иднината на проектите на Викимедија, промоцијата на веќе активните уредувачи е исто толку важна колку и регрутирањето на нови уредувачи. Нашите заложби за промоција мора да овозможат трансфер на знаењето низ целата заедница и меѓусебното вмрежување на доброволците. Доброволците треба да бидат во позиција да го користат ефикасно своето време работејќи на проектите. Помошта воглавно ќе обезбедува практични вештини и прилагодувања на потребите на доброволците.
Организацијата на настани / средби на кои доброволците ќе разменуваат искуства меѓу себе и заеднички ќе работат (Вики конвенции, Wiki Loves Monuments, Средби на уредувачи, Вики средби,...) ќе бидат финансиски и логистички подржани, вклучително и обезбедување на литература, електронски бази на податоци и опрема за работа на статиите или организирање на натпревари за промоција на идеи за нови проекти на Википедија.
Во 2012 година далеку сме од остварување на предвидените активности: најверојатно нема да има Вики конвенција, пропуштена е шансата да се учествува на настани од типот на Wiki Loves Monuments, не е одржана ниту една Средба на уредувачи, до сега успеавме да одржиме само десетина вики средби што е половина од планираното. За 2013 година треба повнимателно да се планираат овие настани и плановите поангажирано да се извршуваат.
- Цели
- Промоција на доброволна работа
- Целни групи
- Активни википедијанци и подржувачи на вики движењето
- Индикатори за успех
Медиуми и политика
Слично како и минатите години активно ќе соработуваме со медиумите и преку соопштенија ќе ја информираме јавноста за нашите активности, ќе се вклучиме во разгледувањето на законската регулатива која има допирна точка со споделувањето на знаење како што се законите кои ги регулираат авторските права и слободата на говор, заштита на личните податоци, закон за здруженија и фондации, закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер и сл.
За да ги изразиме нашите интереси и позиции, ќе проследуваме соопштенија и изјави со цел да ја зајакнеме нашата положба во однос на останатите чинители на јавниот и политичкиот живот во државата. Ќе оствариме регуларни консултативни средби со парламентарци, политички аналитичари и други тинк-тенк центри.
Сакаме да го зголемиме нашето учество во јавни дебати и уште повеќе некои од нив да иницираме. На овој начин ќе отвориме простор и ќе создадеме можности да станеме референтна точка за Википедијанците и оние делови од нашето општество кои имаат интерес за креирање на Интернет политиките. На овој начин би иницирале измени и адаптација на македонските закони согласно барањата и стандардите на современите вмрежени информатички општества.
Сите овие активности треба да помогнат во создавањето, дисеминацијата и користењето на слободните содржини. Ова е предизвик кој е можен само доколку се имплементира во соработка со други важни чинители во нашето општество.
- Цели
- Поголема застапеност во медиумите
- Целни групи
- Класични печатени изданија, електронски медиуми, интернет
- Индикатори за успех
Развој на организацијата
Со цел здружението да биде успешно на долг временски рок, Викимедија Македонија своите активности треба да ги прошири и надвор од Скопје, и треба да има свои регионални одбори во внатрешноста на Македонија. На тој начин идејата за споделување на слободното знаење полесно ќе се распространи низ Македонија. Со зголемување на бројот на членови во Викимедија Македонија, здружението ќе има потенцијал за започнување и водење на проекти од поширок спектрум.
Треба да се оствари дијалог со веќе постоечките членови на Викимедија и членови на вики заедницата на Википедија на македонски јазик за нивниот интерес и гледиште за формирање на регионални и стручни одбори.
Друг начин на зајакнување на организацијата е преку формирање и подршка на други групи од интерес кои се заинтересирани за ширење на идејата за споделување на слободното знаење, пред се по средните и основните училишта, како и на универзитетите.
За оваа цел членовите на Викимедија ќе ги информираат заинтересираните за можностите за формирање на локални и регионални одбори, за можностите на споделување на слободни знаења, размена на идеи, како и одржување на предавања, трибини или прикажување на филмови.
На секоја заинтересирана група ќе се додели контакт лице од Викимедија Македонија и ќе биде разговарано за формализирање на соработката и нејзино признавање како регионален или стручен одбор, во зависност од случајот. Секоја група ќе добие подршка во поглед на нејзина презентација во медиумите и организирање на настани и активности поврзани со работата на нејзините членови.
На крајот од годината здружението треба да биде организација која ќе има најмалку три регионални и три стручни одбори со цел промоција на идејата за споделување на слободното знаење на локално ниво. Секој одбор да има по најмалку три члена.
- Цели
- Формирање на регионални и стручни одбори
- Целни групи
- Активни википедијанци и подржувачи на вики движењето
- Индикатори за успех
Зголемување на бројот на уредувачи, вклучување на различни социјални групи и зголемување на квалитетот на содржините
Со цел зголемување на бројот на уредувачи, потребно е да се намалат техничките и социјалните бариери. Поголем диверзитет на уредувачите на Википедија резултира со повисок квалитет на статиите. Кога различни групи на уредувачи работат заедно на содржината создаваат квалитетни статии со што се подига општото ниво на квалитет на Википедија. Со цел да се постигне значителен напредок потребно е да се преземат мерки за привлекување на помалку застапените групи на уредувачи: женска популација, постарите лица, припадници на заедниците.
- Цели
- Организирање на обуки и предавање за популаризација на Википедија.
- Целни групи
- факултети, средни училишта, здруженија на граѓани и други неформални групи
- Индикатори за успех
Отворени податоци, Отворено владино партнерство
Ослободување на содржините е една од нашите цели. Сакаме да создадеме атмосфера која е пријателски настроена кон слободни информации, што бара промена во размислувањето и акција во јавноста и кај културните медијатори. Ширењето на менталитетот на ослободување/отклучување на податоците и содржините (за нас слободни содржини) води кон култура на споделување, и зајакнување на етичките норми на демократска јавност.
Владините тела, културни институции и други медиа организации се преферирани цели за нашата акција за ослободување на содржините. Владините тела (министерства, агенции, институти, заводи, ...) се посебно атрактивни бидејќи нивните структурирани податоци, фотографии и текстуални документи веќе се финансирани од даночните обврзници.
Културните институции, во контекст на Викимедија познати под акронимот GLAM (галерии, библиотеки, архиви и музеи) се исто така цел бидејќи тие содржат богати колекции на добро обработени материјали. Тоа значи на релативно лесен начин може да се создадат цели категории на статии на Википедија. Уште повеќе со оглед на големата посетеност на Википедија, тоа може да биде од голема корист и за самите културни институции при нивната промоција во јавноста.
Издавачките (медиа) организации пак се атрактивни поради нивните богати збирки со документи и содржини со известувања од настани, кои тие ги произведуваат и публикуваат. Многу од овие материјали лежат во фиоките на нивните архиви и библиотеки. Доколку сакаме да развиеме модерна општествена заедница базирана на знаење, ваквиот пристап во основа е неприфатлив.
За да ја постигнеме оваа цел, ќе направиме список на најзначајните државни институции (согласно нивниот буџет), ќе направиме преглед на ситуацијата со лиценцирањето на материјалите кои ги поседуваат и ќе побараме од нив и од јавноста таа ситуација да се промени во смисла на ослободување на содржините.
Ќе се фокусираме на воспоставување на програмата “Wikipedian in Residence”, преку која искусни википедијанци ќе работат извесно време во владини тела, библиотеки или компании каде ќе ја пропагираат идејата за слободно знаење. Искуствата од дргите земји покажуваат дека ваквиот начин на соработка може да ја зголеми довербата во вики заедницата. Во тесна соработка со секоја институција, ќе бидат развиени проекти за дигитализација, OCR, одржување на бази на податоци, реставрација, конверзија на телевизиски материјал и сл.
Како индикатор за успех ќе ни биде склучувањето на договори во текот годината со институции од следниве три сектори: влада, културни институции, издавачки куќи со намера да ги стимулираме другите институции во овие сектори да го следат тој пат.
Количината на овие содржини не е наша цел. Од суштинско значење за нас е содржината да биде во формат со висок квалитет (т.е. компатибилна со модерната технологија). Во смисла на ослободување на содржините, ослободувањето на историски материјали и материјали од сегашноста се со подеднакво значење.
За да се демонстрира одржливоста на оваа мерка, во текот на година барем една институција треба да направи ослободување на содржините без директно инволвирање на Викимедија Македонија како партнер.
- Цели
- Целни групи
- Влада, Министерства, Агенции, Јавни претпријатија, ...
- Индикатори за успех
Понатамошен развој на проектот „Википедија на вашиот факултет“
- Цели
- Целни групи
- Универзитети, факултети, академии
- Индикатори за успех
Започнување со проектот „Википедија во вашето училиште“ во средните училишта
- Цели
- Целни групи
- Средни и основни училишта
- Индикатори за успех
Соработка со останатите земји каде што има формирано локални ограноци
- Цели
- Меѓународна афирмација
- Целни групи
- Локални ограноци на Викимедија во другите држави
- Индикатори за успех
- Заеднички реализирани проекти
Вклучување во работата на Wikimedia Chapter Association
- Цели
- Активно учество во WCA
- Индикатори за успех
Учество на меѓународни и домашни конференции
- Цели
- Целни групи
- Индикатори за успех
Организација и помагање во организацијата на други конференции
- Цели
- Целни групи
- Индикатори за успех
- Транспарентно книговодство, деловодно и финасиско работење
- Цели
- Имплементација на користење на е-даноци согласно со Закон за даночна постапка „Службен весник на РМ“, бр.84/12.
- Објавување на сите документи, деперсонализирани, во скенирана форма на веб страната на организацијата.
- Целни групи
Внатрешни ресурси на организацијата, надворешен сметководител.
- Индикатори за успех
- Успешно поднесена даночна пријава за 2012 година. https://etax-fl.ujp.gov.mk
- Јавно објавена деловодна книга, види Деловодна книга/2011