Споделувај фотографии, видеа, гласовни белешки и текстови со другите со помош на опцијата за статус на WhatsApp. Додај им налепници, GIF и друго за да ги персонализираш. Ќе исчезнат за 24 часа.
Од налепници, аватари, GIF, па до текст над сликите, на располагање ти стојат сите креативни опции со кои можеш да се изразиш, да ја изразиш твојата креативност и да ја споделиш твојата вистинска страна.
Остани во контакт со саканите и спомни ги во твојот статус секогаш кога сакаш нешто да видат. Тие пак, може да стават „ми се допаѓа“ или да одговорат за да започнете разговор.
Статусот е твој и само ти можеш да го споделиш. Кога објавуваш нешто, ти можеш да одлучиш кој може да го види, па затоа сето она што е дел од твојата приватност може да го објавиш без никаква грижа.