Ние немаме целосна контрола врз телесната тежина. Но малите промени
во начинот на кој се однесуваме кон нашата непосредна околина сепак
може да имаат влијание. Составивме листа која опфаќа совети од
планирање здрави оброци до одржување на физичката активност, која може
да ви биде од помош.
Храната е насекаде околу нас. Вниманието ни го привлекуваат вкусни
задоволства од излозите на продавниците. На билбордите се рекламираат
безалкохолни газирани пијалаци, а од кујните на локалните ресторани се
шири мирис кој нè потсетува на задоволство.
Се обидуваме да јадеме здраво
и умерено. Но овие дразби од нашето опкружување ни ја поттикнуваат
желбата да јадеме високоенергетска храна. Па така, иако не сме гладни,
по навика земаме дополнителна чаша сок или некое печиво.
Не можеме секогаш да ги избегнеме овие дразби од нашето пошироко
опкружување. Наместо тоа, треба да обрнете внимание на она што
непосредно ве опкружува, домот или канцеларијата. Истражувањата
покажале дека дури и малите промени можат да направат голема разлика и
да ви помогнат во справувањето
со телесната тежина.
Во продолжение, составивме листа со неколку одлични совети: