Go to the page content

Тежината на современиот свет: Како влијае нашата средина на нашето здравје

Светот во којшто живееме и храната што ја јадеме драстично се промениле со текот на времето. Но нашата биологија во голема мера останала иста. Тоа може да нè наведе да мислиме дека сме под ризик од гладување и да нè натера да посегнеме по високоенергетска храна, сол, масна храна и шеќер. 

Размислете за секојдневниот живот: повеќето од нас патуваат до работните места со автомобил или со јавен превоз. Користиме лифтови и ескалатори таму каде што ни треба, без да вложиме посебен напор. Канцелариската работа и животот во градовите често значи дека мора да седиме подолгo време. Опкружени сме со многу вкусна храна и пијалаци до кои имаме лесен пристап. Дополнително имаме многу работи за кои треба да се грижиме и да ги постигнеме, без разлика дали се однесуваат на работата, приватниот живот или социјалните мрежи. Поради тоа помалку спиеме и сме под поголем стрес.

Но многумина од нас не се свесни како се поврзани сите овие работи со дебелината. За да разбереме, треба да се навратиме во минатото.

Нашата животна средина пред 50 000 години

„Јади или ќе бидеш изеден!“ - Замислете дека живеете пред 50 000 години во каменото време. Единствената грижа на нашите предци била да дојдат до калории преку лов, собирање храна и риболов. Но и да избегнат да станат оброк на големите предатори.

Имало недостиг од храна, па затоа морале добро да јадат за да можат да преживеат и да имаат поголеми изгледи за репродукција (размножување). Клучот до успехот бил да се дојде до храна богата со масти, шеќер и сол. Поради тоа нашето тело научило да бара и да ѝ дава предност на високоенергетската храна за да ги преживее периодите на глад.

„Глобалниот пораст на дебелината не е резултат на ненадејното губење на волјата. Наместо тоа, покачувањето на телесната тежина се сфаќа како природна реакција на животот во средина којашто се променила побрзо отколку што нашиот вид е способен да се приспособи.“

-Morris R. Stranger in a strange land: an optimal-environments account of evolutionary mismatch.

Животот е променет – нашата биологија не е

Сега можеби сметате дека мора да сме наполно различни од нашите предци. Но системите што им помагале да преживеат се сè уште активни во нашето тело и често дејствуваат надвор од нашата свесност.

Blurry vision of the street full of food trucks.

Производителите на храна, супермаркетите, рестораните и синџирите за достава на храна препознаа каква храна избираме да јадеме. Сега тие нудат многу разновидна и евтина, вкусна и високоенергетска храна која содржи комбинација од сол, шеќер и масти. Ова е моќна комбинација за нашите сетила, многу помоќна од онаа за која нашиот мозок еволуирал да се справи. Затоа е тешко да му одолееме на примамливиот мирис на храната која нè опкружува. 

Не треба да нè изненадува кога ќе претераме со нарачката на храната за достава или кога ќе ја наполниме количката кога пазариме иако не сме гладни. Нашата способност да им одолееме на овие намерно примамливи намирници ја одредуваат голем број фактори, вклучувајќи ја и генетиката, и варира од човек до човек.

Според тоа, глобалниот пораст на дебелината не е резултат на ненадејното губење на волјата. Наместо тоа, покачувањето на телесната тежина се сфаќа како природна реакција на животот во средина којашто се променила побрзо отколку што нашиот вид е способен да се приспособи.

650 милиони

возрасни луѓе живеаат со дебелина, заедно со 120 милиони деца и адолесценти.

-World Health Organization Global Estimates, 2016

Променете ја вашата средина за да ги поддржите вашите цели во справувањето со телесната тежина

Во современата средина во којашто живееме постојат многу фактори кои не изложуваат на ризик од дебелина. Многу од овие фактори се надвор од нашата контрола, но за среќа има уште многу други работи што може да ги направиме, а една од нив е реструктурирање на средината во којашто живееме.

За водич за реструктурирање на средината во којашто живееме, прочитајте го текстот Совладајте го гладот: Како да планирате, подготвувате и јадете здрава храна.

 

bowl with apples, bananas, grapes and oranges on table
Референци
  • Appelhans BM. Neurobehavioral Inhibition of Reward-driven Feeding: Implications for Dieting and Obesity. Obesity 2009; 17:640–647.
  • Morris R. Stranger in a strange land: an optimal-environments account of evolutionary mismatch. Synthese 2018; 1-26.
  • Sumithran P & Proietto J. The defence of body weight: a physiological basis for weight regain after weight loss. Clinical Science 2013; 124:231-241.
  • Guyenet S. The hungry brain. Outsmarting the instincts that make us overeat. New York: Flatiron 2017.
  • Bray M et al. NIH Working Group Report—Using Genomic Information to Guide Weight Management: From Universal to Precision Treatment. Obesity 2016; 24:14–22.
  • Münzberg H, Qualls-Creekmore E, Yu S, Morrison CD & Berthoud HR. Hedonics Act in Unison with the Homeostatic System to Unconsciously Control Body Weight. Front. Nutr. 2016; 3:6:1-5.
  • Berthoud, HR. Interactions between the “cognitive” and “metabolic” brain in the control of food intake. Physiology & Behavior 2007; 91:486-498.
  • World Health Organization. Obesity and Overweight Factsheet no. 311. Available at: http://www.who.int/mediacentre/factsheets/fs311/en/ [Accessed June 2019].

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Совладајте го гладот: Како да планирате, подготвувате и јадете здрава храна
СОВЕТИ   СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   НАЧИН НА ЖИВОТ | 6 min. read

Совладајте го гладот: Како да планирате, подготвувате и јадете здрава храна

Ние немаме целосна контрола врз телесната тежина. Но малите промени во начинот на кој се однесуваме кон нашата непосредна околина сепак може да имаат влијание. Составивме листа која опфаќа совети од планирање здрави оброци до одржување на физичката активност, која може да ви биде од помош.

Стресот и дебелината: Зошто посегнуваме по вкусна храна
ХОРМОНИ   ПСИХОЛОГИЈА   СТРЕС | 3 min. read

Стресот и дебелината: Зошто посегнуваме по вкусна храна

Ако сте под стрес подолг временски период, тоа може да ви го смени апетитот,и да го зголеми ризикот да се здебелите. Треба да научиме како да се справуваме со стресот, и тоа е една од стратегиите која може да ни помогне како полесно да се справиме со дебелината.

Величината на вашите фармерки? Таа се крие во вашите гени
ГЕНЕТИКА   СРЕДИНА   ДЕБЕЛИНА | 5 min. read

Величината на вашите фармерки? Таа се крие во вашите гени

Исто како што се раѓаме со одредена боја на очите, може да се родиме со склоност кон дебелеење. И исто како што никого не го обвинуваме поради бојата на очите, не треба да ги обвинуваме и луѓето кои имаат генетска предиспозиција да се здебелат.