- Taheri S, Lin L, Austin D, Young T & Mignot E. Short sleep duration is associated with reduced Leptin, elevated ghrelin, and increased body mass index. Plos Med 2004; 1(3):62.
- Spaeth AM & Dinges DF. Sleep and Obesity. In: Thomas A Wadden & George A Bray (eds.). Handbook of Obesity Treatment. New York: Guilford Press 2018; 123-136.
- Youngstedt SD et al. Objective measures of sleep quality have not declined over the last 50 years. Sleep Medicine Reviews 2016; 28:69-85.
- Ong J, Chirinos D & Yap B. Relationship Between Sleep Health and Your Weight: https://www.obesityaction.org/community/article-library/the-relationship-between-sleep-health-and-your-weight/ [Accessed May 2019].
- St-Onge MP et al. Short sleep duration increases energy intakes but does not change energy expenditure in normal-weight individuals. Am J Clin Nutr 2011; 94:410–416.
- Harvard T.H. Chan School of Public Health. The Nutrition Source: https://www.hsph.harvard.edu/nutritionsource/what-should-you-eat/fats-and-cholesterol/types-of-fat/#ref12 , [Accessed June 2019].
- Markwald RR et al. Proc Natl Acad Sci USA 2013; 110:5695–700.
Добриот сон ви помага да јадете здраво
Сонот има големо влијание врз нашето здравје и квалитетот на животот. Потребни ни се меѓу седум и девет часа добар сон секоја вечер за нашето тело и мозокот да се одморат и закрепнат. Помалку сон од тоа може негативно да влијае на нашата способност за концентрација, нашиот имунолошки систем може да ослаби и на крајот сепак да јадеме повеќе отколку што ни треба, а често тоа е нездрава храна.
Една научна студија покажа дека луѓето што спијат кратко, односно помалку од седум часа на ден, имаат тенденција дневно да внесат 300 калории повеќе од луѓето што спијат доволно. Ова се должи на тоа што ги привлекува храна со повисоко ниво на заситени масти, како што се брзата храна, сирењето и процесираното месо. Во тек на подолг временски период ова дневно зголемување на калорискиот внес е доволно да го зголеми ризикот од дебелина.
Како влијае недостигот на сон на апетитот
Некои од разликите меѓу луѓето кои се добро одморени и луѓето со недостиг на сон може да се забележат во нивото на хормоните во телото. Хормоните се однесуваат како гласници и ја помагаат регулацијата на многу телесни функции, вклучувајќи го и апетитот. Научниците откриле дека луѓето што спијат помалку од пет часа покажуваат зголемено ниво на хормонот грелин и намалено ниво на хормонот лептин.
Грелин е познат како „хормон на глад“ и го зголемува апетитот со тоа што му кажува на нашиот мозок дека е време за јадење. Од друга страна, лептинот прави да престанеме да јадеме со тоа што му кажува на нашиот мозок дека сме сити. Поради промената на нивото на овие два хормона, ние чувствуваме зголемен глад и апетит. Ова може да доведе до зголемување на телесната тежина.
Истата хормонална промена може да настане ако ни е нарушен телесниот часовник. Ова може да се случи ако немате редовен распоред на спиење, ако работите ноќни смени или ако сте изложени на светлина во текот на ноќта. Истражувањата покажаа дека овие фактори може да го зголемат ризикот од развој на дебелина кај луѓето.
Едноставни чекори за подобар сон
Добрите навики за спиење може да ни помогнат да направиме здрави избори и да ја подобриме нашата способност да ѝ одолееме на примамливата храна. Некои едноставни чекори се да имате точно време на заспивање и на будење и да спиете најмалку 7 часа секоја вечер. За да дознаете повеќе, погледнете ја целосната листа на совети во делот Поддршка и алатки.