Прејди на содржината

ISO 3166-1 алфа-2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кодови на земјите во Европа според ISO 3166-1 алфа-2

ISO 3166-1 алфа-2 — збир двебуквени државни кодови утврдени со ISO 3166-1 (дел од стандардот ISO 3166) на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Наменети се за претставување на земји, зависни територии и посебни подрачја од географски интерес. Претставуваат најзастапените кодови на ISO (другите се алфа-3 и бројчените) и најчесто се среќаваат како највисоки државни домени на семрежјето (со мали исклучоци).[1] Воведени се во 1974 г., во првото издание на стандардот ISO 3166.

Кодовите на ISO 3166-1 алфа-2 се користат по различни пригоди или како дел од други стандарди. Во некои случаи овие кодови не се применуваат во целост.

Целосна примена

[уреди | уреди извор]

Кодовите на ISO 3166-1 алфа-2 целосно се применуваат во следниве стандарди:

Назнака Назив на стандардот Забелешка
ISO 3166-2 код на административна единица[2]
ISO 3901 меѓународен стандарден записен код (ISRC)[3]
ISO 4217 валутен код[4]
ISO 6166 меѓународен идентификатор на хартии од вредност (ISIN)[5]
ISO 9362 идентификатор на банка (BIC) наречени и SWIFT-кодови[6]
ISO 13616 меѓународен број на банкарска сметка (IBAN)[7]
ISO 15511 меѓународен стандарден идентификатор за библиотеки и сродни организации (ISIL)
UN/LOCODE код на ООН за места во трговијата и превозот ги користи Економската комисија за Европа на ООН[8]

Нецелосна примена

[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од 1985 г. ISO 3166-1 алфа-2 се применува во доменскиот именски систем (DNS) како највисоки државни домени (ccTLD). Речиси сите кодови доделени од IANA го следат овој стандард, но постојат неколку исклучоци.[9] На пример, Обединетото Кралство, чиј алфа-2 код гласи GB, користи .uk наместо .gb, бидејќи UK посебна резервација по барање на Обединетото Кралство. Вакви исклучоци прават и други меѓународни организации како Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), Европската комисија, па дури и самата ООН во случаи како меѓународните автоознаки.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „ISO 3166 – FAQs – General questions“. International Organization for Standardization (ISO). Архивирано од изворникот 2012-06-04. Посетено на 2014-12-08.
  2. „ISO 3166-2“. ISO. Архивирано од изворникот на 2011-06-06. Посетено на 2015-05-25.
  3. „The International Standard Recording Code“. International Federation of the Phonographic Industry. Архивирано од изворникот на 2014-02-12. Посетено на 2015-05-25.
  4. „ISO 4217 currency names and code elements“. ISO. Архивирано од изворникот на 2012-05-24. Посетено на 2015-05-25.
  5. „ISO6166 - an outline of the standard“. Association of National Numbering Agencies. Архивирано од изворникот на 2009-07-27. Посетено на 2015-05-25.
  6. „About BIC“. Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunication. Архивирано од изворникот на 2009-03-01. Посетено на 2015-05-25.
  7. „IBAN Registry“ (PDF). Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunication. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-01-02. Посетено на 2015-05-25.
  8. „UN/LOCODE Manual“ (PDF). United Nations Economic Commission for Europe.
  9. „IANA – Root Zone Database“. Internet Assigned Numbers Authority.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]