Прејди на содржината

Grand Theft Auto III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Grand Theft Auto III

Изработувач(и) DMA Design (сега Rockstar North) (PlayStation 2, Microsoft Windows)
Rockstar Vienna (Xbox)
Издавач(и) Rockstar Games[1][2][3]
Серијал Grand Theft Auto
Погон RenderWare
Последна верзија 1.1
Подлоги PlayStation 2, Microsoft Windows, Xbox
Датум на издавање
Жанр(ови) Акција
Режим(и) Самостоен
Медиум ЦД, ДВД, симнување
Побарувања Microsoft Windows[4]
Начин на
контролирање
PS2 и Xbox: Гејмпад
Windows: Тастатура, глувче, гејмпад (како можност)

Grand Theft Auto III, скратено GTA IIIнелинеарна акциско-авантуристичка видеоигра од 2001 година изработена од DMA Design (сега Rockstar North), издадена од Rockstar Games. Ова е првата -игра од серијалот Grand Theft Auto (GTA), третата за конзоли и петтата воопшто. Издадена е во октомври 2001 за PlayStation 2, мај 2002 за Windows и ноември 2003 за Xbox. На 4 јануари 2008 година е направена достапна за преземање со Steam.[5] Нејзин претходник е Grand Theft Auto 2, а по неа доаѓа Grand Theft Auto: Vice City.

GTA III се одвива во современ Либерти Сити, измислена метропола по ликот на Њујорк. Играта се врти околу неименуван криминалец, најчесто познат како Клод, кој бил предаден од неговата девојка во ограбување на банка, кој треба да се искачи високо на криминалната скала пред да се соочи со неа. GTA III се состои од елементи од игри со возење и пукачи од трето лице.

Концептот и стилот на играње, заедно со првиот погон од серијалот, ја направија играта многу популарна и признаена, станувајќи најпродавана игра за 2001 година[6] и се смета за една од најважните видеоигри заради нејзиното влијание.[7] Успехот на GTA III многу значеше за понатамошниот успех на серијалот. До 2008 се издадени 5 ретро-продолженија со настани што се одвиваат пред оние во GTA III. Насилството и сексуалноста во GTA III имаат насобрано многу контроверзии околу оваа игра.

  1. 1,0 1,1 „PlayStation 2 release dates“. GameSpot. Посетено на 2006-08-08.
  2. 2,0 2,1 „Windows release dates“. GameSpot. Посетено на 2006-08-08.
  3. 3,0 3,1 „Xbox release dates“. GameSpot. Посетено на 2006-08-08.
  4. „Windows port system requirements“. Take-Two Interactive. Архивирано од изворникот на 2006-08-18. Посетено на 29 август 2006.
  5. http://store.steampowered.com/news/1395/
  6. „NPD Press Release, 7 февруари 2002“. NPD Group. Архивирано од изворникот на 2012-06-25. Посетено на 2007-08-06.
  7. „Feature: The 52 Most Important Video Games of All Time (page 8 of 8)“. Архивирано од изворникот на 2008-08-08. Посетено на 2010-07-04.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: