Dieu et mon droit
Dieu et mon droit (француски за „Бог и моето право“) е традиционално гесло на англиските, и подоцна, на британските монарси од неговото прифаќање од страна на кралот Хенри V (1413–1422). (Освен ова, на еден кралски грб може да стои и лично гесло на монархот, како на пример SEMPER EADEM (од лат. „Секогаш ист“) на Елизабета I , и Џејмс I често ја истакувал фразата BEATI PACIFICI (од лат. „Благословени да се миротворците“)).
Геслото во Британија е на француски јазик, а се преведува на англиски како God and my right. (Во полна верзија, геслото на англиски гласело God and my right shall me defend.[1] Ова првобитно се пишувало како Dieut et mon droict на тогашниот француски, но подоцна отпаднале буквите t и c во согласност со промените во францускиот правопис.
Фактот што англискиот двор има гесло на француски јазик не треба да се смета за необичен, земајќи предвид дека англискиот релативно скоро го заменил францускиот како јазик на англискиот кралски двор и владеачката класа. На кралскиот грб се јавува и старофранцуското гесло на Редот на подвеската, напишано на слика на подвеска и гласи: Honi soit qui mal y pense, („Срам да му е на тој што го смета за зол“).
Фразата Dieu et mon droit наводно за првпат била употребена во 1198 како лозинка на кралот Ричард I во Битката кај Жизор, кога тој ја поразил војската на францускиот крал Филип II. Со ова Ричард се изјаснил дека својата кралска власт не ѝ ја должи на ниедна сила освен на Бога и неговата наследност, и како таков не ѝ е потчинет на ниедна земна сила или на друг крал. Ова е во согласност со доктрината на божјето право на кралевите.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Ich dien — геслото на Принцот од Велс
- Список на државни гесла
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Четвртиот дел од правните институти на Англија: За јурисдикцијата на судовите, од Едвард Коук посет. 31 јули 2008 г (англиски)
- Dieu et mon droit. MSN encarta. посет. 16 декември 2007 г
- Dieu et mon droit. Merriam-Webster OnLine. посет. 16 декември 2007 г
- What is the origin of the mottoes 'Dieu et mon droit' and 'Honi soit qui mal y pense'?. britain usa FAQ. посет. 16 декември 2007 г
„Dieu et mon droit“ на Ризницата ? |