Am-ѕвезда
Am-ѕвезда или металнолиниска ѕвезда — вид на хемиски необична ѕвезда од типот A чиј спектар има силни и често променливи впивни линии на метали како цинк, стронциум, циркониум и бариум, а сиромашен е со други како калциум и скандиум. Според првичната дефиниција, Am-ѕвезда е класа каде ѕвездата покажува „површински недостаток на Ca (и/или Sc) и/или изобилство на Fe-групата и потешки елементи“.[1]
Поради необичната релативна застапеност, спектралниот тип зададен според калциумските K-линии е систематски претходен на оној определен според други метални линии. Спектралниот тип одреден чисто од водородните линии типично е среден. Ова води до доделување на два или три спектрални типа. На пример, Сириус има спектрален тип kA0hA0VmA1, што укажува дека е A0 кога се гледа по K-линијата, A0V од водородната линија и A1 по линиите на тешките метали.[2] Постојат и други формати; на пр. A0mA1Va за Сириус.[3][4]
Хемиските неправилности се должат на некои елементи кои впиваат повеќе светлина што се истиснува кон површината, а други тонат под сила на гравитацијата. Овој ефект е на сила само ако ѕвездата има мала вртежна брзина.[5] Ѕвездите од типот A обично се вртат брзо. Највеќето Am-ѕвезди се дел од двоен систем каде вртењето на ѕвездите е забавено од плимно кочење.[5]
Најпозната ѕвезда со метални линии е Сириус (α Големо Куче). На следнава табела се претставени други такви ѕвезди, по надолен редослед на привидната величина.
Список
[уреди | уреди извор]Име[6] | Бајерова или др. ознака | Прив. велич.[6] |
---|---|---|
Сириус A | α Големо Куче A | -1,47 |
Кастор Ba | α Близнаци Ba | 2,96 |
α Летечка Риба | 4,00 | |
Акубенс A[7] | α Рак A | 4,26 |
Курхах[8] | ξ Кефеј | 4,29 |
θ1 Јужен Крст | 4,30 | |
π Девица[9] | 4,64 | |
μ Кочијаш | 4,88 | |
2 Голема Мечка | 5,46 | |
τ3 Жерав | 5,72 | |
WW Кочијаш[10] | 5,82 | |
IK Пегаз | 6,08 |
δ Делфин и ρ Крма
[уреди | уреди извор]Мал број на Am-ѕвезди покажуваат необично доцни спектрални типови и особено силни сјајносни ефекти. Иако Am-ѕвездите начелно имаат абнормални сјајностни ефекти, ѕвездите како ρ Крма се сметаат за поразвиени и посјајни од највеќето Am-ѕвезди, и сместена е над главната низа. Am-ѕвездите и променливите од типот на δ Штит се наоѓаат на исто место на ХР-дијаграмот, но ретко е една ѕвезда истовремено да биде Am-ѕведа и променлива од типот на δ Штит. Два примера се ρ Крма и δ Делфин.[2]
Неколку автори споменуваат класа наречена ѕвезди од типот на δ Делфин, Am-ѕвезди но со релативно мала разлика меѓу калциумот и другите метални линии. Споредени се и со ѕвездите од типот на δ Штит. Подоцнежните истражувања покажале дека групата е донекаде нееднородна, можеби коинцидентна, и препорачуваат замена на класата δ Делфин во полза на поуточнета класа на ѕвезди од типот на ρ Крма со релативно голема сјајност и доцни спектрални типови.[2][11] Меѓутоа, сè уште понекогаш доаѓа до забуни, на пример кога сите ѕвезди од типот на ρ Крма се сметаат за променливи од типот на δ Штит.[12]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Conti, Peter S (1970). „The Metallic-Line Stars“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 82 (488): 781. Bibcode:1970PASP...82..781C. doi:10.1086/128965.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Gray, R. O; Garrison, R. F (1989). „The early F-type stars - Refined classification, confrontation with Stromgren photometry, and the effects of rotation“. Astrophysical Journal Supplement Series. 69: 301. Bibcode:1989ApJS...69..301G. doi:10.1086/191315.
- ↑ Conti, P. S; Barker, P. K (1973). „Are all metallic-line stars binaries? Observations of three stars in Coma“. Astrophysical Journal. 186: 185. Bibcode:1973ApJ...186..185C. doi:10.1086/152487.
- ↑ Skiff, B. A (2014). „VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Spectral Classifications (Skiff, 2009-2016)“. VizieR On-line Data Catalog: B/Mk. Originally Published in: Lowell Observatory (October 2014). 1. Bibcode:2014yCat....1.2023S.
- ↑ 5,0 5,1 Am star Архивирано на 4 август 2017., The Internet Encyclopedia of Science, David Darling. посет. 14 август 2008 г.
- ↑ 6,0 6,1 Names and apparent visual magnitudes taken from SIMBAD, unless otherwise noted.
- ↑ Acubens, Stars, Jim Kaler. посет. 14 август 2008 г.
- ↑ Kurhah, Stars, Jim Kaler. посет. 14 август 2008 г.
- ↑ Paunzen, E.; и др. (февруари 2013), „A photometric study of chemically peculiar stars with the STEREO satellites - II. Non-magnetic chemically peculiar stars“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 429 (1): 119–125, arXiv:1211.1535, Bibcode:2013MNRAS.429..119P, doi:10.1093/mnras/sts318, S2CID 119231581.
- ↑ WW Кочијаш е двојна ѕвезда каде двете составници се Am-ѕвезди.
- ↑ Neiner, C; Wade, G. A; Sikora, J (2017). „Discovery of a magnetic field in the δ Scuti F2m star ρ Pup“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society: Letters. 468 (1): L46–L49. arXiv:1702.01621. Bibcode:2017MNRAS.468L..46N. doi:10.1093/mnrasl/slx023. S2CID 119201285.
- ↑ Kochukhov, O. (март 2009). „Asteroseismology of chemically peculiar stars“. Communications in Asteroseismology. 159: 61–70. arXiv:0812.0374. Bibcode:2009CoAst.159...61K. doi:10.1553/cia159s61. S2CID 18174900.
|