Прејди на содржината

Alma mater

Од Википедија — слободната енциклопедија
Alma Mater, амблем на Кембричкиот универзитет.

Alma mater — израз од латинско потекло, кој може да се преведе како „мајка хранителка“ или „згрижувачка мајка“, понекогаш се користи за да се однесува на факултетот или универзитетот каде што студирало некое лице.[1][2][3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Поимот се користел во древен Рим за да ја означи божицата мајка. Во средниот век, изразот го користеле и христијаните за да ја назначат Дева Марија, мајката на Исус од Назарет. На пример, химната Alma Redemptoris Mater значи Света Богородица на Искупителот. „Alma Mater Studiorum“ е пред сè мотото на Болоњскиот универзитет. Употребата на овој израз потоа постепено се проширил и на другите европски универзитети. Alma mater е, исто така, папски була прогласена од папата Климент V на 4 април 1310 година како дел од судењето на Редот на темпларите.

Модерна епоха

[уреди | уреди извор]

Во модерните времиња, овој израз се користи, на пример, од Рабле, за да го означи универзитетот на кој студирало едно лице. Поимот главно се користи во светот на високото образование. Така, во Латинска Америка, поимот главно се користи за означување на универзитетот на кој студирало некое лице. Во земјите од англиското говорно подрачје се користи и за колеџ или средно училиште. Поимот исто така се однесува на incipit на химната на едно училиште и најчесто на универзитет во истите овие земји од англиското говорно подрачје. Во Соединетите Американски Држави, повеќето стари универзитети како оние на Ivy League имаат своја Alma Mater, поим кој во овој случај ја означува целата химна на еден универзитет, а не само неговите први зборови како во општа смисла на поимот.

  1. "alma", Oxford Dictionaries. Retrieved October 11, 2018.
  2. „Definition of 'Alma mater'. Merriam-Webster. Посетено на 3 April 2022.
  3. Ayto, John (2005). Word Origins (2nd. изд.). London: A&C Black. ISBN 9781408101605. Посетено на 18 May 2015.