1862 Аполон
Тридимензионален модел на 1862 Аполон | |||||||||||||||||
Откривање[1] | |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Откривач | К. Рајнмут | ||||||||||||||||
Откриено во | Хајделбершка опсерваторија. | ||||||||||||||||
Откриено | 24 април 1932 | ||||||||||||||||
Ознаки | |||||||||||||||||
Наречена по | Аполон (Грчка митологија) | ||||||||||||||||
1932 HA | |||||||||||||||||
БЗТ · ПОТ Венеропресекувач Марсопресекувач Аполонски астероиди | |||||||||||||||||
Орбитални особености[1] | |||||||||||||||||
Епоха 29 декември 2009 (ЈД 2455194.5) | |||||||||||||||||
Параметар на неодреденост 0 | |||||||||||||||||
Лак на набљудување | 85.32 години (31162 денови) | ||||||||||||||||
Афел | 2.2935 AЕ | ||||||||||||||||
Перихел | 0.64699 АЕ | ||||||||||||||||
1.4702 АЕ | |||||||||||||||||
Занесеност | 0.55994 | ||||||||||||||||
1.78 година (651.15 ден) | |||||||||||||||||
144.22° | |||||||||||||||||
0° 33м 10.332с / ден | |||||||||||||||||
Наклон | 6.3530° | ||||||||||||||||
35.739° | |||||||||||||||||
285.85° | |||||||||||||||||
Земјино НРОП | 0.0257026 АЕ | ||||||||||||||||
Јупитерово НРОП | 3.06837 АЕ | ||||||||||||||||
Јупитеров Тисеранов параметар | 4.415 | ||||||||||||||||
Физички особености | |||||||||||||||||
Димензии | 1,5 км[2] | ||||||||||||||||
Среден полупречник | 0.75 км | ||||||||||||||||
3.065 h (0.1277 d) | |||||||||||||||||
0.25[1][2] | |||||||||||||||||
| |||||||||||||||||
Q (Толенов, SMASS индекс на боја:B–V = 0.819 индекс на боја U–B = 0.481 | |||||||||||||||||
16.25[1] | |||||||||||||||||
1862 Аполон е каменест астероид, со пречник од околу 1,5 километар, класифициран како близуземско тело (БЗТ). Бил откриен од германскиот астроном Карл Рајнмут во опсерваторијата Хајделберг на 24 април 1932 година, но го изгубиле и не бил пронајден до 1973 година.
Тој е истоимен и прв признат член на Аполонските астероиди, подгрупа на БЗТ кои се земјопресекувачи, односно ја преминуваат Земјината орбита кога се гледаат нормално со еклиптичката рамнина (преминувањето орбита е поопшт термин од фактичкото пресекување). Исто така, бидејќи орбитата на Аполон е многу ексцентрична, таа ги преминува орбитите на Венера и Марс и затоа се нарекува и венеропресекувач и марсопресекувач.
Иако Аполон бил прв откриен Аполонски астероид, неговиот официјален IAU-број (1862) е поголем од бројот на некои други аполонски астероиди, како на пример 1566 Икар, поради фактот што бил изгубен астероид повеќе од 40 години, а другите тела во меѓувреме биле нумерирани. Анализата на неговата ротација понудила опсервациски доказ за ЈОРП ефектот.[4]
Името го добил по грчкиот бог Аполон. Тој е бог на Сонцето, дете на Зевс и Лето, по што се именувани малите планети 5731 Зевс и 68 Лето.[5]
Сателит
[уреди | уреди извор]На 4 ноември 2005 година, било објавено дека со радарските набљудувања од опсерваторијата Аресибо во Порторико (вршени во периодот меѓу 29 октомври – 2 ноември 2005 година) била откриена астероидна месечина, или сателит на Аполон. Објавено било во Расписката на Меѓународниот астрономски сојуз (IAUC) 8627.[6] Сателитот има пречник од само 80 метри и кружи околу Аполон на растојание од само 3 километри.[7] Од површината на Аполон, S/2005 (1862) 1 би имал аголен пречник од околу 2,0835 степени. Calculated from the formula = (206265) d / D arcseconds. (see Angular diameter)</ref>
Потенцијално опасно тело
[уреди | уреди извор]1862 Аполон е потенцијално опасен астероид бидејќи неговото минимално растојание на пресекот на орбитата (MOID) е под 0,05 AЕ а неговиот пречник е поголем од 150 метри. Аполоновото минимално растојание на пресекот на орбитата со Земјата е 0,0257 АЕ (3.840.000 км). Неговата орбита е добро одредена за следните неколку стотици години. На 17 мај 2075 година ќе помине на 0,0083 АЕ (1.240.000 км) од Венера.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „JPL Small-Body Database Browser: 1862 Apollo (1932 HA)“ (2015-03-16 last obs.). Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 20 April 2016.
- ↑ 2,0 2,1 Gehrels, Tom (1994). Hazards Due to Comets and Asteroids. Tucson: University of Arizona Press. стр. 540–543. ISBN 978-0816515059.
- ↑ „Planetary Habitability Calculators“. Planetary Habitability Laboratory. University of Puerto Rico at Arecibo. Архивирано од изворникот на 2017-08-24. Посетено на 7 December 2015.
- ↑ Durech, J.; Vokrouhlický, D.; Kaasalainen, M.; Weissman, P.; Lowry, S. C.; Beshore, E.; Higgins, D.; Krugly, Y. N.; и др. (September 2008). „New photometric observations of asteroids (1862) Apollo and (25143) Itokawa – an analysis of YORP effect“ (PDF). Astronomy and Astrophysics. 488 (1): 345–350. Bibcode:2008A&A...488..345D. doi:10.1051/0004-6361:200809663. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2021-12-05.
- ↑ Schmadel, Lutz D. (2003). „(1862) Apollo“. Dictionary of Minor Planet Names – (1862) Apollo. Springer Berlin Heidelberg. стр. 149. doi:10.1007/978-3-540-29925-7_1863. ISBN 978-3-540-29925-7.
- ↑ „IAU Circular No. 8627“. International Astronomical Union. Central Bureau for Astronomical Telegrams. Посетено на 8 December 2015.
- ↑ Johnston, Wm. Robert (November 16, 2014). „(1862) Apollo“. Johnston's Archive. Посетено на 8 December 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Заплет на светлинска крива на 1862 Аполон, опсерваторија Палмер Дивид, БД Ворнер (2005)
- Астероиди со сателити, Роберт Џонстон, johnstonsarchive.net
- База на податоци за кривина на астероиди (LCDB), формулар за барање ( информации Архивирано на 16 декември 2017 г.* Речник на имиња на мали планети, Гугл Букс
- Вртежни криви на астероиди и комети, CdR - Женевска опсерваторија, Раул Беренд